Камилица (Matricaria Chamomilla)

Матрицариа потекнува од латинскиот збор матер – мајка што значи дека се употребува кај болести на жените. Камилицата е едногодишно растение со висина од 20-50цм. Лековит дел на камилицата се цветот и листот. Есенцијата се добива од цветот. Главна состојка е етеричното масло, па со самото тоа и лековитоста потекнува од него, но и од смолата, горчливите материи, танинот. Претставува едно од најдобрите, нештетни и неотровни средства против воспаленија на кожата и слузницата.

Состав: 80% естер, сесквитерпен, азулен, артемол, бисаболол, смола, фитостерол, фарнезол, цинеол, сулфур, калциум, изобутил, изоамил, ангелат.

Камазулем е супстанција која на етеричното масло му дава карактеристична боја и големо антифламаторно дејство и способност за брзо зараснување на рани.

Екстрактот на камилица во својот состав содржи флавоноиди, кумарин и слуз кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и знаците на фотооштетување на кожата, ја подобруваат текстурата и еластичноста на кожата. Екстрактот на камилица ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Навлажнувајќи ја кожата помага во зачувување на нормална и здрава функција. Има и антиоксидативно влијание, па е корисен и во превенција од стареење на кожата. Го намалува црвенилото предизвикано од УВ зраците. Дејството на екстрактот е смирувачко, освежувачко, тонизирачко, ја поттикнува гранулацијата и епителизацијата на ткивата, го намалува чешањето. Своето смирувачко и антимикробно својство во најголема мера го должи на бисаболол, хамазулен и флавоноидите.

Покажува: аналгетско, антианемично, антиспазматично, диуретско, антидепресивно, бактерицидно, тонично и антифлогистичко дејство (лечи воспалителни процеси).

Камилицата има повеќекратна употреба:

  • Ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта.
  • Се употребува за лечење на разни изгоретини, чиреви, пликови, но и измрзнатини и инфицирани рани.
  • За плакнење на очи, уши, нос и уста за гаргара и воопшто за сите чувствителни органи.
  • Помага кај проблеми со акни, алергии и разни оштетувања на кожата.
  • Се употребува за плакнење на усната шуплина при забоболка.
  • Камилицата може да ублажи нервна напнатост, анксиозност, стрес и депресија.
  • Добро делува и против астма и кај воспаленија на синусите.

Природен аналгетик е, а нејзиното противалергиско делување може да се употреби со вдишување на нејзината пареа. Етеричните масла на камилицата се употребуваат кај конјуктивитис и за масажа пред се за сува и испукана црвена кожа.

Камилицата е лек за се, посебно кога станува збор за децата.

Купките на база на камилица делуваат смирувачки и имаат извонредно влијание на целиот нервен систем.

Кремите на база на камилица на кожата и даваат сјај и здрав изглед, а шампоните со екстракт на камилица се одлични пред се за лица со светла коса, косата добива убав мирис и сјај.

За лечење на разни оштетувања на кожата, акни и алергии, најдобри се кремите на база на камилица, а при тоа се отстрануваат и бактериите и габичките кои се предизвикувачи на болести.