СОСТАВ:
Содржи силиконско масло, витамински компоненти, екстракт на невен и глицерин. На состојбата на рацете посебно внимание треба да се обрне во текот на зимата. Временските услови може да доведат кожата на рацете да стане сува и чувствителна. Освен промената на кожата, се влошува и состојбата на ноктите, стануваат крути и лесно се кршат, што значи дека црвеното светло е вклучено и дека е крајно време да се започне со употреба на некоја блага крема за заштита на кожата.
ДЕЈСТВО:
Кремата за раце е ефикасна хидратантна крема за беспрекорна заштита на рацете, погодна за секојдневна употреба и за сите типови на кожа. Формулацијата на кремата е скоро немасна, при употреба лесно се впива во кожата при што доаѓа до нејзина хидратација, со истовремено создавање на тенок филм на кожата кој спречува губење на влагата. Благодарение на присутните витамини кремата многу брзо на воспалената, испукана и сува кожа и ја враќа свежината, мекоста и еластичноста. Со редовна употреба кожата на Вашите раце секогаш ќе биде свиленкасто нежна и заштитена од неповолните влијанија на водата, агресивните средства и временските услови. Црвените и испукани раце повторно стануваат нежни и меки. Има благ и пријатен мирис, ја омекнува и ја храни Вашата кожа.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Рацете се мачкаат со тенок слој повеќе пати во текот на денот. Кремата лесно се впива и долготрајно ја негува и ја штити кожата на Вашите раце.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата