9205 Беби крема, 55 мл

СОСТАВ:

Идеална комбинација на екстракт од камилица (Chamomilla matricaria) и внимателно одбрани природни масни материи и активни компоненти. Кремата има антибактериски својства.

ДЕЈСТВО:

Кожата многу често директно е изложена на штетното влијание на надворешната средина, ветер и студ во зимските месеци и сонце во летните месеци. Исто така со често миење, ја губи еластичноста и отпорноста.

Детската кожа е многу потенка во однос на кожата на возрасните, па со самото тоа е почувствителна и наклонета кон воспалување и дехидратација. Доколку не се заштити со соодветни средства, може да дојде до настанување на црвенило и лупење, кои предизвикуваат чешање, што може да предизвика сериозни проблеми кај бебињата заради чешањето кое е тешко да се контролира. Како последица на чешањето, на чувствителната детска кожа се создаваат егземи и рани. Заради тоа многу важно е редовно да се негува бебешката кожа со благи средства кои спречуваат сушење и ја чуваат кожата од штетни надворешни влијанија.

Екстрактот на камилица на кожата и дава влажност, ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта. Помага кај акни, алергии, измрзнатини, инфекции на рани, изгоретини и пликови. Кремата има антибактериски својства.

  • На кожата и дава влажност
  • Ја негува и штити од воспаленија
  • Ја зголемува отпорноста
  • Има заштитен UV фактор од сонце
  • Ја прави кожата мека и мазна

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневна нега на чувствителната бебешка кожа. По миење или капење со нежни движења се нанесува кремата на лицето и телото на Вашето бебе. Лесно се втрива и брзо се апсорбира.

Кремата може да се употребува и повеќе пати во текот на денот, а посебно кога бебето се изложува на сонце, ветер или студ. Посебно се препорачува на бебиња со сува и оштетена кожа која е наклонета на егземи и алергии.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.