9211 Млеко за тело со алое, 200мл - 974 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на Алое и невен, витамини А и Е. Млекото ја храни кожата, моментално ја хидрира и и ги дава потребните витамини, минерали, амино киселини, ензими, сапонини, стероли, незаситени есенцијални масни киселини.. Млекото не само што ја негува кожата туку има и лековито дејство, бидејќи активните супстанции кои ги содржи Алоето, спречуваат инфекции и овозможуваат побрзо зараснување на рани, настанати од изгоретини, сончање, смрзнување.

АЛОЕ ВЕРА ја врзува водата внатре во ќелиите каде што создава гел и со самото тоа доаѓа до регенерација на кожата, се подобрува еластичноста на кожата. Екстрактот на ова билка се добива од листовите, додека гелот се цеди од самото стебло и тие воедно се најлековити. Активните принципи на Алоето содржат моно и полисахариди, амино сахариди, аминокиселини, стероли. Од витамините најзастапени се : А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12, минерали: калиум, натриум, железо, калциум, фосфор, бакар, селен.

Невенот ја подобрува циркулацијата на кожата, делува против воспалително, го спречува воспалението на кожата и го намалува постоечкото.

Витаминот А ги обновува оштетените и создава нови здрави ќелии, со што кожата е подмладена и добива убав изглед. Штити од сонце.

Витаминот Е ја хидрира кожата и обезбедува дополнителна еластичност и свиленкаст изглед. Спречува воспаление и ја поттикнува циркулацијата.

Витамините А и Е ја прават кожата помлада и поздрава, и го зголемуваат имунитетот. Антиоксиданси се.

ДЕЈСТВО:

  • ја храни, ја негува и ја подмладува кожата
  • ја поттикнува работата на ќелиите
  • го зголемува дотокот на кислород во кожата и го зајакнува нејзиното ткиво
  • спречува изумирање на ткивото и го поттикнува создавањето на ново
  • ја затегнува кожата и ја подобрува циркулацијата
  • ја хидрира кожата и одржува рамнотежа на влажноста
  • ја прави кожата мека, мазна и еластична
  • одлично средство после долготрајна изложеност на сонце, при изгореница

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Одговара на сува и оштетена кожа. При секое туширање се отстранува заштитниот слој на кожата, кој не штити од габички, бактерии и други штетни влијанија. Многу е важно на кожата да и се  надополнува заштитниот слој кој при тоа го губи. Млекото може да се употребува и за нега на лице.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.