9205 Беби крема, 55мл - 236 денари

СОСТАВ:

Идеална комбинација на екстракт од камилица (Chamomilla matricaria) и внимателно одбрани природни масни материи и активни компоненти. Кремата има антибактериски својства.

ДЕЈСТВО:

Кожата многу често директно е изложена на штетното влијание на надворешната средина, ветер и студ во зимските месеци и сонце во летните месеци. Исто така со често миење, ја губи еластичноста и отпорноста.

Детската кожа е многу потенка во однос на кожата на возрасните, па со самото тоа е почувствителна и наклонета кон воспалување и дехидратација. Доколку не се заштити со соодветни средства, може да дојде до настанување на црвенило и лупење, кои предизвикуваат чешање, што може да предизвика сериозни проблеми кај бебињата заради чешањето кое е тешко да се контролира. Како последица на чешањето, на чувствителната детска кожа се создаваат егземи и рани. Заради тоа многу важно е редовно да се негува бебешката кожа со благи средства кои спречуваат сушење и ја чуваат кожата од штетни надворешни влијанија.

Екстрактот на камилица на кожата и дава влажност, ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта. Помага кај акни, алергии, измрзнатини, инфекции на рани, изгоретини и пликови. Кремата има антибактериски својства.

  • На кожата и дава влажност
  • Ја негува и штити од воспаленија
  • Ја зголемува отпорноста
  • Има заштитен UV фактор од сонце
  • Ја прави кожата мека и мазна

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневна нега на чувствителната бебешка кожа. По миење или капење со нежни движења се нанесува кремата на лицето и телото на Вашето бебе. Лесно се втрива и брзо се апсорбира.

Кремата може да се употребува и повеќе пати во текот на денот, а посебно кога бебето се изложува на сонце, ветер или студ. Посебно се препорачува на бебиња со сува и оштетена кожа која е наклонета на егземи и алергии.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Беби крема
9302 Концентрирана паста за заби Беладент, 100гр - 471 денар

СОСТАВ:

Квалитетна паста со антибактериски систем. Содржи екстракти на лековити билки:  камилица, босилек, кантарион и жалфија.

Камилица (Chamomilla Matricaria) делува противвоспалително и антибактериски.

Босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и спречува развој на микроорганизми.

Кантарион (Hupericium Perforatum) одличен е за кожата и слузокожата, има аналгетско, бактерицидно  и антивирусно дејство.

Жалфија (Salviae Folium) се употребува како лек против воспаление на грлото и за лечење на дишните патишта. Делува смирувачки на воспаленијата на усната шуплина. Има антисептичко, бактерицидно, антифлогистичко, тонично дејство, освежува, смирува, ја јакне слузокожата. Добра е за плакнење на грлото и устата. Поради антисептичкото дејство жалфијата ја намалува можноста за појава на болести на непцата.

ДЕЈСТВО:

Со својата содржина и екстракти на лековити и мирисни билки камилица, босилек, кантарион и жалфија, од падините на Стара планина, на природен начин ги штити Вашите заби и непца. Го освежува здивот, има пријатен вкус и антибактериско дејство. Дава блескава белина на Вашите заби.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на забите. Со оглед на тоа дека е концентрирана, потребна е помала количина од пастата за едно миење од стандардните пасти за заби.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Концентрирана паста за заби Беладент