9302 Концентрирана паста за заби Беладент, 100гр - 471 денар

СОСТАВ:

Квалитетна паста со антибактериски систем. Содржи екстракти на лековити билки:  камилица, босилек, кантарион и жалфија.

Камилица (Chamomilla Matricaria) делува противвоспалително и антибактериски.

Босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и спречува развој на микроорганизми.

Кантарион (Hupericium Perforatum) одличен е за кожата и слузокожата, има аналгетско, бактерицидно  и антивирусно дејство.

Жалфија (Salviae Folium) се употребува како лек против воспаление на грлото и за лечење на дишните патишта. Делува смирувачки на воспаленијата на усната шуплина. Има антисептичко, бактерицидно, антифлогистичко, тонично дејство, освежува, смирува, ја јакне слузокожата. Добра е за плакнење на грлото и устата. Поради антисептичкото дејство жалфијата ја намалува можноста за појава на болести на непцата.

ДЕЈСТВО:

Со својата содржина и екстракти на лековити и мирисни билки камилица, босилек, кантарион и жалфија, од падините на Стара планина, на природен начин ги штити Вашите заби и непца. Го освежува здивот, има пријатен вкус и антибактериско дејство. Дава блескава белина на Вашите заби.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на забите. Со оглед на тоа дека е концентрирана, потребна е помала количина од пастата за едно миење од стандардните пасти за заби.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Концентрирана паста за заби Беладент
9301 Концентрирана паста за заби Росадент, 100гр - 471 денар

СОСТАВ:

Квалитетна паста со билни екстракти на кантарион, босилек, нане и жалфија, мирисни и лековити билки од подножјето на Стара планина. Содржи специјални полнила LP со заоблени честици кои даваат ефект на ,,меко“ чистење, без оштетување на површината на забите и во исто време делува како полирачко средство.

Кантарион (Hupericium Perforatum)  одличен е за кожата и слузокожата, има анелгетско, бактерицидно  и антивирусно дејство.

Нане (Menthae piperitae folium) е една од најпознатите лековити билки која од многу одамна се употребува во медицината.. Делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), анелгетски, антиспазматично, антибактериски, смурувачки, антивирусно и ефикасно лечи бројни тешкотии и инфекции. Помага при болести на непцата и здивот од устата.

Жалфија (Salviae Folium) е многу ароматична и има специфичен мирис. Има антидепресивно, антисептичко, антиспазматично, бактерицидно, седативно, тонично дејство, освежува, смирува, помага при затегање на ткивото.   Добра е за плакнење на грлото и устата. Поради своето антисептичко дејство жалфијата ја намалува можноста за појава на болести на непцата.

Босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и антисептички (спречува развој на микроорганизми).

ДЕЈСТВО:

  • го освежува здивот
  • ги чисти и полира забите
  • ги уништува бактериите кои се собираат во устата
  • ја ублажува парадентозата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на забите. Со оглед на тоа дека е концентрирана, потребна е помала количина од пастата за едно миење од стандардните пасти за заби.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Концентрирана паста за заби Росадент
9001 Паста за домаќинство, 550гр - 227 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и глицерин при што многу делотворно делува на кожата. Ефикасно средство за чистење на многу извалкани и замастени површини од сите типови на нечистотии, кое истовремено дезинфицира и дезодорира.

ДЕЈСТВО:

Се употребува во домаќинството за чистење на елементите во кујната, тави, модерни садови, санитарии, пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети (бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава блескава белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува третираната површина. Оваа паста е исклучително штедливо средство, како финансиски така и еколошки. Навлегува низ наталожената нечистотија и чисти, а при тоа не остава траги и гребнатинки.

Паста за домаќинство - LimesMk #Биби

МАГИЧНА #Мултинаменска, природна, #концентрирана, економична, #антиалергиска паста со која се чисти без ракавици.💰🎁ЗА САМО 177 денари, добивате 500г концентрат на босилек и останати билки кои ќе ви помогнат да бидете највредната домаќинка. 😍🌿🤗☘ Нарачки на тел. 071 289 007 или во порака ☺💞 Светнете ги садовите🍀, рерната🍀, златото🍀, среброто🍀, пластика🍀, дрво🍀, метални предмети🍀, санитарии🍀, но направете и пилинг на лицето🍀 и телото🍀 со истата магична паста со која може да си ги исполирате и забите🍀, но и да го отстраните бигорот🍀 од машините за перење, за садови🍀, електрични бокали🍀, гезвиња🍀, да ги прихраните цвеќињата🍀 и слично. Една и единствена, уникатна #паста за домаќинство на #Лимес.#LimesMk #domakinski #ekoloski #еколошки #majki #ЛимесМкБиби #bosilek #zenski #женски #univerzalen #koncentrat #Limes #здравје #pasta #ЛимесМк #цвеќе #хигиена, #дезинфекција #LimesMkBibi

Posted by Limes МК - Еколошки производи #Биби on Wednesday, June 20, 2018

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На влажна површина се нанесува тенок слој од пастата, се остава да делува неколку минути, а потоа се плакни или се пребришува со влажна крпа. Важно е пакувањето на пастата секогаш да биде суво и да не влезе вода. Активната материја да се зема со суви раце затоа што во допир со вода се активира.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Лажица паста растворена во вода може да се употребува за вриење на бела облека.
  • За чистење на рерна треба да се вклучи на 50 степени, површината која се чисти да се навлажни и да се нанасе паста. Се чека да делува 1 час и потоа површината треба да се пребрише.
  • Изгоретини од врело масло, пегла или врела вода најпрво да се изладат под млаз ладна вода и потоа да се намачка со паста. Се остава да отстои 30 минути. Искуството кажува дека пликови нема да има.
  • Може да се употребува за пилинг на лакти, колена и петици бидејќи содржи козметички топчиња.
  • Ги омекнува тврдите нокти.
  • Многу брзо суши плускавци.
  • Може малку да се нанесе преку пастата за заби и со тоа да се исполираат забите. Ова се препорачува да се прави 2-3 пати во месецот.
  • Се употребува за чистење на греачите кај машините за перење облека. Кога се перат бели алишта во прашокот за перење се става една кафена лажица од пастата и каменецот од греачите се исфрла во текот на перењето.
  • Доколку на кожата постојат некои оштетувања (рани, исекотини или гребнатинки), екстрактот на невен ја штити кожата на рацете од негативни влијанија и помага при заздравување.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Паста за домаќинство