- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:16/07/2019
- Post Category:Жени / Козметика / Колекција РОСА / Коса / Мажи
- Post Comments:0 Comments
СОСТАВ:
Содржи екстракт на невен, коприва и масло од пченични никулци. БЕЗ СУЛФАТИ, СИЛИКОНИ И ПАРАБЕНИ. Потполно природен шампон кој ви овозможува правилно да ја негувате косата и да го вратите изгубениот сјаји виталност. Содржи благи површински активни материи кои не се агресивни за кожата на главата, не ја сушат косата и не ја отстрануваат фарбата.
Невен – благодарение на антибактериското и антивоспалително дејство, маслото на невен го забрзува зараснувањето и обновувањето на кожата. Ја зајакнува косата и го поттикнува нејзиното растење.
Коприва – многу ја употребуваат и за нега на сува кожа и коса. Богата е со витамини (Б -комплекс, Е, Ц и Д), антиоксиданси, минерали (цинк, железо, магнезиум, селен), нутритиенти. Најпознатата употреба и е за подобрување на проблемите со опаѓање на косата, зајакнување на косата, првут, чешање. Силициумот и железото од листот на копривата исто така ја спречуваат појавата на бели влакна и го подобруваат растењето на косата.
Масло од пченични никулци – изобилува со разни минерали и витамини. Маслото од пченични ркулци содржи големи количини на витамин А, Б комплекс витамини, витамин Д, витамин Е дури 7 пати повеќе од другите масла и многу реткиот витамин К. Поради богатиот витамински состав, спречува кршење и сушење на косата со што овозможува здрав изглед, сјај и мазност. Маслото од пченични никулци ја регулира природната ПХ вредност на косата, при тоа штитејќи го влакното од габични и бактериски инфекции. Освен тоа, маслото од пченични никулци ги хидратизира испуканите врвови на косата кои се чест проблем кај жените.
ДЕЈСТВО:
Се употребува за миење на косата, и дава сјај, ја негува и хидрира. Одличен е за регенерација на сува и оштетена коса. Го зајакнува коренот на влакното и ја негува чувствителната кожа на главата. Има благ кондиционирачки ефект.
- Ја зајакнува и обновува косата
- Спречува пукање на влакното
- Ефикасно го негува коренот, целото влакно и врвовите
Посебно се препорачува на лица кои имаат слабо влакно, коса која долго време е третирана со фарба, оштетена, или на оние кои се склони кон алергиски реакции.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Добро навлажнете ја косата. На тој начин природниот шампон подобро ќе се распореди по косата и ќе ја одработи својата работа. Исплакнете ја косата темелно. Ве советуваме шампонот без сулфати да го употребувате најмалку 4 недели. Дури потоа може да го видите волшепството на природниот шампон за коса.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата