- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:15/07/2019
- Post Category:Жени / Колекција РОСА / Мелеми / Тело
- Post Comments:0 Comments
СОСТАВ:
Ефикасноста на производот се добива со синергетско дејство на природниот екстракт од див костен, екстракт на босилек, а сето тоа поврзано со природно масло од неизбежната билка мента пиперита. Сите компоненти се вградени во лесна хидрофилна подлога од која активните принципи полесно се апсорбираат, а ресорпцијата и продирањето во најдлабоките слоеви овозможена е со природата на самите активни компоненти.
Мелемот е формулиран на база на природни состојки. Активните состојки се од сосема еколошко потекло, богати со голема содржина на флавоноиди, олигоминерали (јод, калиум, калциум, магнезиум), аминокиселини, протеини, полифеноли, витамини Е, Ц и голем број на витамини од групата на Б.
Производот во својот состав има доста полисахариди кои претставуваат градивни елементи на секоја ќелија, со тоа воедно се постигнува регенерација на изумрените ќелии кои се последица на лошата циркулација на периферните крвни садови.
ДЕЈСТВО:
Помага кај: болки, напнатост во нозете, отоци, ја подобрува циркулацијата, постепено ги отстранува проширените капилари, ги намалува вените, на кожата на нозете им ја враќа природната боја, ги зајакнува крвните садови во нозете, го олеснува отежнатото одење, ја намалува зголемената топлина во нозете заради напнатоста на крвните садови, дава ефект на ладење.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Мелемот се нанесува на нозете со нежни движења без притосок, се размачкува по целата површина и тоа одејќи од петите кон горните делови на нозете. Кога ќе се впие и ќе се исуши, нозете треба да се намачкаат со СПА крема со краставица, екстракт на невен и масло од јојоба. Постапката на размачкување е иста како и при нанесување на мелемот.
Да се чува на суво, темно и ладно место, надвор од досег на деца.
НАПОМЕНА:
Со синергетско делување на мелемот и хранливата крема за регенерација се постигнуваат врвни резултати при тераписката постапка. Кожата е хидрирана, негувана и еластична.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата