Лето, сонце, плажа. Зборови кои измамуваат насмевка кај сите, а најмногу кај децата. Тие се најрадосни покрај морето, со мама и тато, во песокта, со играчките. Тоа е можеби единствениот период во годината кога се сите заедно цели 10 дена.

Но сонцето колку е убаво толку е и штетно денес. Затоа родители, треба да знаете некои основни работи кога одите на одмор. Обавезно носете крема со висок заштитен фактор, по можност СПФ 50 и тоа водоотпорна. Децата обично не сакаат да се мачкаат со кремите, но затоа играјте ја нивната игра и дозволете им нив да бидат Ваши родители и прво тие да Ве намачкаат Вас. Тоа ќе ги израдува, па покрај забавата ќе имате можност и Вие нив да ги намачкате.

Освен костими за капење за поголемите деца, немојте да заборавате на заштитни очила  за сонце со висока UV протекција. Денес има секакви забавни очила, примамливи за секое дете. Исто така децата треба обавезно да ја заштитат главата со прекрасни, декоративни, летни капчиња, сламени шеширчиња или украсни марами. Помалите дечиња немаат потреба од костими за капење, а оние најмалите, односно бебињата можат да носат специјални гаќички за капење.

Неопходно е секако и седење под сенка, под чадор или специјални детски гумени или платнени шаторчиња. Тие се најдобра заштита за помалите дечиња.  Во нив може да ги ставите сите потребни акцесоари за играње во песок и вода.

И за крај, ако и покрај целата заштита, сепак се случи Вашето дете да добие изгореници од сонце, најдобра нега е со некој препарат кој има разладувачки ефект, но секако и ефект на брза епитализација и регенерација на кожата. Одберете природни производи на база на билки, без хемија, за дополнителна нега на кожата. Во Лимес може да најдете неколку такви производи не само за децата, туку и за вас родителите:

Continue Reading Дали и како на сонце 😎👒👙

Среброто е благороден НЕТОКСИЧЕН метал познат повеке од 5000 години! 

СРЕБРЕНА ВОДА – најстар природен атибиотик. Колоидно сребро е течност добиена со електролиза на потполно чисто сребро (99,999%) и дестилирано деминерализирана вода, безбојна, потполно проѕирна, без мирис со слаб или никаков вкус. Се работи за јони и колоиди на сребро. Во милион честички вода има 5 честички сребрени јони. На јоните не делува гравитација, па тие не се таложат на дното. Колоидот е најдобар начин за употреба на среброто за потребите на нашиот организам и организмот на другите живи суштества затоа што келиите и телесните течности се во колоидна форма и нашиот организам полесно ги прифака. За разлика од класичните лекови кои се во форма на кристали па така нашиот организам треба прво да ги трансформира во колоиди-процес кој се одвива во органите за варење па така многу од таканаречените корисни бактерии се уништуваат од класичните антибиотици. Во растворот на сребрената вода не можат да опстанат повеќе од неколку минути ни најотпорните микроорганизми па затоа и НАСА го користи во своите космички летала.

Делува како катализатор-блокира одредени ензими кои бактериите, вирусите и габичките ги користат во својот метаболизам. Во контакт со среброто овие причинители на болести брзо остануваат без кислород и храна и се распаѓаат. Овој процес е толку брз и ефективен што ниеден микроорганизам не може да мутира и стекне резистентност на сребрените јони.

Во Германија во 19 век на штотуку родените бебиња им ставале сребрени капки за да се спречи појава на инфекција. Во црквите при обреди на причест се користи сребрено лажиче кое го користат стотина верници и никогаш не дошло до појава или ширење на зараза. 

Како минерал среброто треба да се внесе преку исхраната. Го има во морската крупна сол, како и во растенијата, меѓутоа поради испостеноста на почвата како и употребата на вештачките ѓубрива во растенијата недостасуваат битни метали и минерали како што се јодот, среброто, златото,цинкот, платината, индиумот, германиумот, бакарот и др. Затоа нашиот одбранбен систем е многу намален и резултира со енормно ширење на болести.

Сребрената вода било главно средство за лечење во официјалната медицина, меѓутоа со воведувањето на новите методи на Пастер, односно со појавата на пеницилинот, среброто е повлечено од употреба бидејќи не можело да се патентира и да стане екслузивна сопственост за само една компанија. Во 1983 Министерството на здравје на САД го призна како лек и дозволи да се продава без рецепти, со што се потврдува фактот дека не постои никаква штета од него. Денес се користи во специјални видови на завои кои спречуваат инфицирање на рана, во креми против опекотини.

Влијае на вируси, бактерии, гливици/габи и паразити и ги убива за само 6 минути! Докажано помага кај над 650 болести!

Се користи при:

  • инфекцијата на оштетените делови на кожата како што се опекотини, гребаници, рани, гнојно воспаление на површински делови на кожата, иритација на кожата по бричење, изгореници од сонце, хемороиди, чешање или егзем околу анус, кандида, импетиго, херпес, акни
  • питиријаза, црвенило на себороични делови на кожа, дерматитис, егзема, црвен ветер, пеленски осип,псоријаза, лишаи на телото
  • атлетско стопало, габична инфекција на нокти
  • ја омекнува тврдата кожа
  • перут, опаѓање на косата

Не смее да се користи во случај на алергија на сребро (иако таква до сега не е откриена). 

БЕЗ ОГЛЕД НА БЛАГОТВОРНОТО ДЕЈСТВО НА КОЛОИДНАТА СРЕБРЕНА ВОДА, НЕ СЕ ИСКЛУЧУВА СОВЕТУВАЊЕ СО ЛЕКАР.

Дневна крема со сребрена вода и невен од Лимес

Continue Reading Сребрена вода, колоидно сребро

9112 Крема за после сончање – Лимес Сан, 200 мл

ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА – ТАА Е ПРОЗОРЕЦ НИЗ КОЈ НАШИОТ ОРГАНИЗАМ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ

СОСТАВ:

Кремата Лимес Сан содржи екстракт од невен и убави миризливи ноти на лето, екопроизвод кој е идеален за нега на деца  и возрасни, за секој ден после изложеност на сонце. Освен невен содржи и D-Panthenyltriacetat , диглицерин, Bisabolol, кристали на ментол.

ДЕЈСТВО:

Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност.
Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни заштитни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречува развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.

D-Panthenyltriacetat ги поврзува со кожата витаминот B 5 и коензимот А. Го подобрува капацитетот на задржување на влагата, и дава еластичност на кожата, го зајакнува сврзното ткиво, го активира обновувањето на кожата, спречува надразнување и воспаление, го забрзува зараснувањето на раните. Поради смирувачките својства кои ги поседува во козметиката најмногу се употребува за нега на бебиња и за заштита после сончање.

Диглицерин – поднесува многу високи температури во однос на глицеринот , дури и до 100 степени, продира подлабоко во кожата и овозможува долготрајно задржување на влагата.

Bisabolol – производ на дестилација на јужноамериканското дрво (Vanillosmopsis Erythropapa) е природен антибактериал и антимикотик ја штити кожата од габички, ги отстранува истите и го отстранува непријатниот мирис.

Големиот процент на невен (Calendula Officinalis) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифламаторно (ја ублажува болката, ја намалува зголемената температура), ја поттикнува епителизацијата на кожата.

Ја смирува чувствителната и надразнета кожа. Го забрзува процесот на заздравување и ја смирува кожата од изгорениците настанати при сончање, го смирува воспалението, ги ублажува лузните и отоците при каснување од инсекти.

Кристалите на ментол освежуваат и разладуваат и на тој начин ги ублажуваат отоците, болката и прегревањето на воспалените места. Ментолот има анестетичко дејство.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на чиста и сува кожа, по изложеност на сонце. Може да се нанесува неколку пати на ден, зависно од потребата. Ја лади и смирува иритираната, зацрвенета, изгорена кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Крема за после сончање – Лимес Сан