9112 Крема за после сончање – Лимес Сан, 200мл - 1078 денари

ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА – ТАА Е ПРОЗОРЕЦ НИЗ КОЈ НАШИОТ ОРГАНИЗАМ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ

СОСТАВ:

Кремата Лимес Сан содржи екстракт од невен и убави миризливи ноти на лето, екопроизвод кој е идеален за нега на деца  и возрасни, за секој ден после изложеност на сонце. Освен невен содржи и D-Panthenyltriacetat , диглицерин, Bisabolol, кристали на ментол.

ДЕЈСТВО:

Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност.
Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни заштитни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречува развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.

D-Panthenyltriacetat ги поврзува со кожата витаминот B 5 и коензимот А. Го подобрува капацитетот на задржување на влагата, и дава еластичност на кожата, го зајакнува сврзното ткиво, го активира обновувањето на кожата, спречува надразнување и воспаление, го забрзува зараснувањето на раните. Поради смирувачките својства кои ги поседува во козметиката најмногу се употребува за нега на бебиња и за заштита после сончање.

Диглицерин – поднесува многу високи температури во однос на глицеринот , дури и до 100 степени, продира подлабоко во кожата и овозможува долготрајно задржување на влагата.

Bisabolol – производ на дестилација на јужноамериканското дрво (Vanillosmopsis Erythropapa) е природен антибактериал и антимикотик ја штити кожата од габички, ги отстранува истите и го отстранува непријатниот мирис.

Големиот процент на невен (Calendula Officinalis) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифламаторно (ја ублажува болката, ја намалува зголемената температура), ја поттикнува епителизацијата на кожата.

Ја смирува чувствителната и надразнета кожа. Го забрзува процесот на заздравување и ја смирува кожата од изгорениците настанати при сончање, го смирува воспалението, ги ублажува лузните и отоците при каснување од инсекти.

Кристалите на ментол освежуваат и разладуваат и на тој начин ги ублажуваат отоците, болката и прегревањето на воспалените места. Ментолот има анестетичко дејство.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на чиста и сува кожа, по изложеност на сонце. Може да се нанесува неколку пати на ден, зависно од потребата. Ја лади и смирува иритираната, зацрвенета, изгорена кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.