9310 Флора крема, 225мл - 874 денари

СОСТАВ:

Флора е крема за нега, ревитализација, релаксација и масажа на телото која содржи комбинација на растителни масла: невен, бадем и маслинки, и витамински комплекс. Збогатена е со Shea Butter и етерично масло од портокал. Погодна е за сува и чувствителна кожа. Ги ублажува симптомите на егземи, псоријаза и лузни.

Маслиновото масло е нјаделотворно козметичко масло, препорачливо при третирање на псоријаза, дерматитис, егзема и сува кожа.

Невеновото масло е делотворно при изгореници, воспаленија на кожата, иритации.

Бадемовото масло е идеално за масажа, ја храни кожата, посебно е препорачливо за сува и оштетена кожа.

Shea butter е африканска билка која традиционално се користи за нега на бебешката кожа, таа има природен УВ филтер, ја штити кожата од сушење, пукање, помага при дерматитис, лузни, изгореници од сонце, спречува создавање на брчки и стареење на кожата.

Етерични масло од портокал, се цени поради неговото антивоспалително, антисептичко и антидепресивно дејство, спречува оштетување и стареење на кожата, одлично во борба со брчките и темните флеки, го стимулира производството на колаген.

ДЕЈСТВО:

Кремата за масажа Флора, има ароматераписко дејство, го ослободува телото од стрес и напнатост, релаксира и ја враќа енергијата. Активните компоненти и витамините ја регенерираат кожата, го ублажуваат црвенилото и перутањето на кожата, ја подобруваат циркулацијата и обновувањето на клетките. Кремата е одлична за спречување на целулитни наслаги. Телото се чувствува витално, релаксирано и полно со енергија.

 

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува во тенок слој, на целото тело, може и лицето, доволно е еднаш на ден, но по потреба може да се нанесе и неколку пати на ден.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.