Nokna krema protiv brcki Limes Mk Bibi
9206 Ноќна крема против брчки со колаген и хијалуронска киселина, 50 мл

За нега на кожата на лицето, вратот и деколтето.

Најголем процент на регенерација на кожата се случува во текот на ноќта. Како што кожата старее, регенерацијата се забавува.

СОСТАВ:

Хармоничен состав базиран на природни суровини со козметички квалитет, витамин Е, масло од јојоба, колаген и хијалуронска киселина е идеален за нега и регенерација на кожата во текот на ноќта.

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) е погодно за сите типови кожа. Го регулира создавањето на себум, ја храни и враќа рамнотежата на мешаната кожа, ја регенерира и ја враќа еластичноста. Ја навлажнува и омекнува кожата со создавање на немасен липиден слој кој го спречува губењето на вода, а потоа го омекнува горниот слој на ткивото на кожата.

Хијалуронската киселина е хидрофилна супстанца која има способност да се врзува за себе дури и во подлабоките слоеви, ги задржува молекулите на водата  – 1 грам е способен да врзе дури 6 литри вода. Освен што ја хидрира кожата, ги обновува колагенските врски и го спречува нивното распаѓање, ги храни клетките, учествува во нивниот раста и ги исполнува меѓуклеточните простори, што на ткивото на кожата му дава волумен, цврстина и мазност.

Колагенот е протеин кој природно се наоѓа во поткожното ткиво. И дава еластичност и цврстина на кожата. Со стареење се јавува негов недостаток и збрчкување на кожата, па многу е важно да се надомести во форма на креми.

ДЕЈСТВО:

Кремaтa е богатa со есенцијални масни состојки, неопходни за создавање на нови клетки. Го забрзува клеточниот метаболизам, одржува киселинско-базна рамнотежа и го намалува негативното дејство на слободните радикали.

  • Длабински ја храни и ја зајакнува структурата на кожата со зголемување на нивото на влажност
  • Спречува предвремено стареење на кожата, им дава енергија на клетките
  • Го враќа тонусот и еластичноста на кожата и ја прави посјајна
  • Ситните брчки исчезнуваат
  • По четири недели брчките се видно намалени и до 50%

Усовршениот комплекс од биолошки активни состојки има за цел да ги спречи и ублажи последиците од предвременото стареење и да ги зајакне одбранбените способности на кожата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Нанесете ја кремата навечер пред спиење на чиста и сува кожа на лицето, вратот и деколтето.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.