9110 Интензивен балзам плус, 250мл (Кондиционер со протеин) - 271 денари

СОСТАВ:

Балзамот покрај протеини содржи Д-пантенол кој е провитамин Б5. На косата и дава еластичност и ја чува од сушење. Д- пантенолот ја регенерира косата која е во фаза на „цветање“, ја подобрува состојбата на оштетената коса. Го олеснува чешлањето, ја поттикнува регенерацијата на кожата на главата, и дава еластичност и мекост.

ДЕЈСТВО:

Балзамот има тројно дејство за регенерација на косата: има моментално дејство на кондиционирање на косата и ја одржува нејзината природна влажност.  Со употреба на балзамот косата станува лелеава, сјајна, мека и лесно се обликува. Ја регулира pH вредноста. Благодарение на присуството на протеините ја регенерира и зајакнува структурата на здравата и оштетената коса.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува по секое миење на косата, белење, трајна ондулација и бојадисување. По миење на косата се нанесува балзам, се расчешлува косата и се остава да делува 1 минута. Потоа косата се плакне со млака вода и фризурата се обликува на вообичаен начин.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.