
РОСА колекција мелеми
Лековитите билки се користат векови наназад за третирање многу здравтсвени проблеми. Луѓето правеле секакви народни мелеми за лечење на одредена болест. Во Лимес има неколку типа мелеми наменети за неколку различни здравствени проблеми. Ниту еден мелем на Лимес не е лек, но може да помогне во третирање одредени проблеми. Технолозите на Лимес внимателно ги дозираат екстрактите од лековити билки во конечниот производ, така што простор за сомневање нема. Уште еднаш да потенцираме дека нашите производи не се лекови, но многу ни го олеснуваат животот.
Ефикасноста на производот се добива со синергетско дејство на природниот екстракт од див костен, додаток на екстракт на босилек, а сето тоа поврзано со природно масло од неибежната билка мента пиперита. Помага кај: болки, напнатост во нозете, отоци, ја подобрува циркулацијата, постепено ги отстранува проширените капилари, дава ефект на ладење. Прочитај повеќе…
Содржи ментол, арника, камфор, етерично масло од чајевац, екстракт на лута пиперка, етерично масло на каранфилче. Со локална употреба ги намалува последиците од повреди (спортски, ревматски и болки во зглобовите, ја олеснува главоболката и проблемите со синусите, ги намалува симптомите на настинка и грип. Прочитај повеќе…
9401 Мелем против потење на нозе 150мл
Содржи екстракт на босилек и витамини. На многу ефикасен начин се спречува размножување на бактерии и габички на површината на кожата на нозете. На тој начин не доаѓа до разложување на потта што директно го елиминира непријатниот мирис на нозете. Мелемот не ја пореметува природната секреција на нозете туку го неутрализира непријатниот мирис, што и дава свежина на кожата. Прочитај повеќе…
Петалим кремата се базира на природно масло од цветови на невен и глицерин. Наменета е за лечење и нега на испукана кожа на петици, стапала, лакти.. На кожата и ја враќа мекоста и еластичноста, и ја прави мазна само за неколку дена нанесување на кремата. Конципирана е така што кремата делува на задебелениот дел на кожата, ја омекнува и овозможува полесно отстранување на задебелените ќелии. Прочитај повеќе…
Безбојна крема, содржи ланолин, парафин, вазелин, мирис на јасмин, ги негува и ги штити сите предмети од природна и вештачка кожа. На кожата и дава исклучителен сјај и ја омекнува. Со кремата повремено може да се намачкаат петиците, лактите и на тој начин се спречува создавање на задебелувања, постоечките се отстрануваат, а петиците и лактите стануваат меки и еластични. Прочитај повеќе…
Гел против хемороиди содржи екстракт на див костен, екстракт на храстова кора и други природни компоненти вградени во форма на гел од кој сите активни материи лесно се ресорбираат и прават релативно брз ефект на делување. Помага на лица кои имаат проблеми со проширени вени во дебелото црево (хемороиди). Прочитај повеќе…

Содржи екстракт од кантарион и невен, ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на екстракт од кантарион и невен и внимателно одбрани природни состојки, мелемски и козметички делува на кожата. Не се отстранува во целост во допир со вода. Прочитај повеќе…
АКНЕЛИМ гел (Pelle pulita gel) за совршен тен, хидратација, кожа без акни, мека и мазна АКНЕЛИМ гелот помага во отстранување на постоечките и спречува појава на нови акни. Ефикасна формула, збогатена со природни екстракти: кора на приморски бор, семе на билка тамаринда, кора на даб, активен комплекс на Бета Глукан, деривати на витамин Б5, алантоин, диглицерин. Има антиоксидативни својства, ја зголемува отпорноста на клетките на кожата при дејството на надворешните фактори, има природен хијалурон кој ја смирува кожата и помага да остане хидрирана и еластична, го елиминира вишокот на себум, го стимулира имуниот систем на кожата, ја регенерира кожата, делува антивоспалително, хидрира, го ублажува чешањето и црвенилото на кожата, ја обновува оштетената кожа, и помага на кожата да ја задржи влажноста, ја прави кожата помека и помазна. Прочитај повеќе…