9311 Мицеларна вода, 200 мл

СОСТАВ:

Лимес мицералната вода СО МАСЛО ОД ПАМУК И НЕВЕН, нежно ја чисти кожата на лицето, лесно ја отстранува шминката, вишокот на себум, и ја хидрира кожата на лицето, без да ја иритира. Единствена формула која содржи масло од памук богато со витамин Е, кое го успорува процесот на стареење на кожата и создавањето на брчки, со што е одлично за нега на зрела кожа.

Маслото добиено со пресување на семките на растението од памук, е со многу лесна текстура со што е одличен производ за нега на кожата. Се употребува за нега на рапава, дехидрирана и сува кожа. На нашето лице му обезбедува мазност, степен на тоничност, висок степен на хранливост.

Екстрактот на НЕВЕН има смирувачко дејство и ја поддржува регенерацијата на кожата. Невенот важи за многу благопријатна и лековита билка за кожата. Се користи за различни кожни промени како акни, екцеми, псоријаза, исип и сл, а воедно омекнува, тонизира, ја хидрира кожата.

Citrofruit water – Органски воден екстракт на овошје. Во него се сочувани сите олиго – минерали и витамини од тоа овошје.

ДЕЈСТВО:

Нечистотијата и шминката брзо се отстрануваат, бидејки мицелите делуваат како магнет за нечистотија.

Истовремено, мицеларната вода ја освежува кожата и ја прави мека.

1. Нежно ги отстранува нечистотиите

2. Ја отстранува шминката

3. Ја смирува кожата

4. Хидрира

5. Го регулира себумот

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Чистење на лицето и отстранување на шминката со мицеларната вода е многу едноставно, без многу триење. Потребно е течноста да се нанесе на парче вата и лесно да се помине по лицето.

По чистењето не е потребно миење на лицето, и не ја воспалува кожата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.