9107 Течен сапун за лице и тело, 500мл - 363 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек, ајдучка трева, невен и глицерин.

Екстракт на босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и антисептички (спречува развој на микроорганизми).

Екстракт на Ајдучка трева (Achilea Millefolium) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифлогистички ( благотворно делува на воспалителните процеси на кожата), ја смирува кожата која е наклонета кон воспаленија, помага на епителизацијата.

Екстракт на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта.

Глицерин ја храни и хидрира кожата.

ДЕЈСТВО:

Ја негува кожата и ја дезинфицира

  • ја хидрира кожата
  • ја омекнува
  • поттикнува циркулација
  • помага на епителизација
  • одличен за сува и чувствителна кожа

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Во случај кога се работи со силни нечистотии, на суви раце да се втрие течен сапун, ќе се спречи нечистотијата да се вовлече во порите на кожата. Заменува 10 тврди сапуни.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Кај сите возрасти успешно делува на мозолчињата. Се употребува како паста за бричење, успешно отстранува шминка, а одличен е и за миење на коса.
  • Во комбинација со семејната крема, го чисти лицето, а кожата станува мазна, мека и еластична.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Течен сапун за лице и тело
9218 Тоник за чистење на лице 200мл - 498 денари
  • Ја отстранува прашината

  • Шминката

  • Вишокот на маснотии од порите

Што е тоник? Тоникот е лосион составен од воден раствор, хидросолубилно масло, навлажнувачко средство, антисептичко и картолитичко и мирисни материи. Самото име ,, Лотио ” значи чисти, што значи лосион за чистење на лице, служи за чистење и негување на кожата.

Зошто чистењето е неизоставен дел од негата? Атмосферското загадување, прашината, лачењето на маснотии и остатоци од шминка, доколку не се отстрануваат редовно, може да доведат до затворање на порите. На тој начин се создава бариера која мора да се отстрани за да може кожата непречено да диши а и да се овозможи дејството на кремата која се нанесува. Доколку кожата Ви е сува, груба и затегната, тоа значи дека на кожата постојат наслаги на суви мртви ќелии кои е потребно да се отстранат за кремите кои се нанесуваат на лицето, да делуваат на здрави ќелии.

Што добива кожата? По чистење со тоникот, кожата е потполно чиста, мека и свежа. 

СОСТАВ:

Тоникот содржи  екстракт од цвет на невен, камилица и Д-пантенол.

Невен (Calendula officinalis) Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки. Невенот ја чисти, ја стега, ја зголемува циркулацијата и поттикнува раст на ново ткиво, ги отстранува отровите, ја смирува кожата.

Камилицата (Matricaria chamomilla) лековити делови се цветот и листот. Помага во отстранување на неправилности на кожата на лицето. Опушта и дезинфицира. Покажува аналгетско, бактерицидно и антифлогистичко дејство (ги лечи воспалителните процеси). Камилицата благотворно делува кај проблеми со акни, алергии, рани кои се инфицирани, кај изгоретини и пликови.

Хидрогенизираното рицинусово масло ја подмачкува, ја чисти кожата, го доведува себумот во оптимални граници, што спречува нејзино сушење и лупење. 

Д-пантенолот  е добар навлажнувач. Во допир со кожата, создава провитамин Б-5, кој е неопходен за добра хидратација на кожата. Исклучително делува на воспалена кожа.

ДЕЈСТВО:

Кога кожата е чиста на неа делуваат активните принципи од екстрактите на невен и камилица, продираат подлабоко во нејзините слоеви, ја хранат и ја подготвуваат за брза апсорпција на био и хранливите материи од кремата која се нанесува. Кожата по употреба на овој тоник може да остане и без крема бидејќи е нахранета, негувана и чиста.

  • Длабински ја чисти, негува и храни кожата,
  • Има антисептичко и антифлогистичко дејство
  • Ги отстранува изумрените клетки на кожата
  • Ја негува третираната површина без иритација
  • Ја чува кожата од негативни надворешни влијанија
  • Хидратизира и освежува
  • Го подготвува лицето за нанесување на крема

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на лицето со памукче, два пати дневно, најдобро е навечер и наутро, за да  се отстранат нечистотиите. Наутро е важно да се отстранат штетните материи кои кожата ги излачува во текот на ноќта. Вечерното чистење е уште поважно затоа што кожата треба да се исчисти од трагите на шминка и сите нечистотии кои во текот на денот се наталожиле на лицето. Со масирање се втрива во кожата, започнувајќи од вратот, околу брадата, устата, носот, потоа нагоре кон образите и челото. Водата ја омекнува нечистотијата, салицилната киселина ги одвојува изумрените ќелии од површината на кожата и со лесни движења се отстранува заедно со нечистотијата од лицето. Најдобар ефект се постигнува доколку после добро исчистеното лице се нанесе природна крема со благо втривање што прави активните принципи од кремата веднаш да делуваат на кожата.

Одговара на сите типови на кожа, посебно на чувствителна, оштетена и сува кожа, бидејќи содржи екстракт на камилица.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Тоник за чистење на лице
9311 Мицеларна вода, 200мл - 508 денари

СОСТАВ:

Лимес мицералната вода СО МАСЛО ОД ПАМУК И НЕВЕН, нежно ја чисти кожата на лицето, лесно ја отстранува шминката, вишокот на себум, и ја хидрира кожата на лицето, без да ја иритира. Единствена формула која содржи масло од памук богато со витамин Е, кое го успорува процесот на стареење на кожата и создавањето на брчки, со што е одлично за нега на зрела кожа.

Маслото добиено со пресување на семките на растението од памук, е со многу лесна текстура со што е одличен производ за нега на кожата. Се употребува за нега на рапава, дехидрирана и сува кожа. На нашето лице му обезбедува мазност, степен на тоничност, висок степен на хранливост.

Екстрактот на НЕВЕН има смирувачко дејство и ја поддржува регенерацијата на кожата. Невенот важи за многу благопријатна и лековита билка за кожата. Се користи за различни кожни промени како акни, екцеми, псоријаза, исип и сл, а воедно омекнува, тонизира, ја хидрира кожата.

Citrofruit water – Органски воден екстракт на овошје. Во него се сочувани сите олиго – минерали и витамини од тоа овошје.

ДЕЈСТВО:

Нечистотијата и шминката брзо се отстрануваат, бидејки мицелите делуваат како магнет за нечистотија.

Истовремено, мицеларната вода ја освежува кожата и ја прави мека.

1. Нежно ги отстранува нечистотиите

2. Ја отстранува шминката

3. Ја смирува кожата

4. Хидрира

5. Го регулира себумот

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Чистење на лицето и отстранување на шминката со мицеларната вода е многу едноставно, без многу триење. Потребно е течноста да се нанесе на парче вата и лесно да се помине по лицето.

По чистењето не е потребно миење на лицето, и не ја воспалува кожата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Мицеларна вода
9117 Еколошка ракавица за отстранување на шминка, 453 денари

Еколошката ракавица за отстранување на шминка ја чисти кожата на лицето на едноставен, ефикасен и природен начин. Темелно и брзо ја отстранува шминката и нечистотиите од лицето, го масира лицето и ја подготвува кожата за понатамошен третман. Со употреба на еко ракавицата кожата е безбедна, здрава и се успорува процесот на стареење. Не иритира, па затоа таа е погодна и за чувствителна кожа.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Ракавицата се навлажнува со чиста топла вода и со благи, кружни движења се отстранува шминката и нечистотијата од лицето.

ОДРЖУВАЊЕ:

По употреба, ракавицата се пере со детергент во млака вода, се остава да се исуши и се враќа во кутијата. По ова ракавицата е подготвена за повторна употреба.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Еколошка ракавица за отстранување на шминка