limesmkbibi ekoloski proizvodi za kosa

РОСА колекција за нега, хигиена и обликување на коса

Лимес ви нуди производи на база на билки кои со својата моќност влијаат на здравјето на косата и нејзиниот изглед. Вашата коса го заслужува најдоброто.

9210 Пакување за коса 250мл

Производ наменет за нега на косата, со билни екстракти на бреза и камилица, со природен мед и активни компоненти кои многу поволно влијаат на коренот на косата и заштита на влакното, давајќи и природен, лелеав и здрав изглед. Во комбинација со шампонот против првут, го запира опаѓањето на косата и го подобрува нејзиниот раст. Одличен за расчешлување на виткана коса дури и кај мали дечиња. Прочитај повеќе…

9400 Косалим 150мл 

Содржи екстракти на: цвет од невен, камилица, дрво ариш, зелен чај, плод на чичак (магарешки трн), лист од коприва; Д – пантенол, Алантоин, Хијалуронска киселина, Глицин, Цинк. Косалим е комбинација на природни екстракти на лековити билки, кои имаат широк спектар на дејство на раст и зачувување на здрава, сјајна и цврста коса, и биоактивна супстванција која е клинички испитана во Швајцарија. Испитувањата и анализата на добиените резултати покажале дека доаѓа до зголемување на густината на косата, се поттикнува растење на косата, до 10.000 нови влакна и поттикнува обновување на кожата на главата. Прочитај повеќе…

9109 Шампон против првут 250мл

Содржи октопирокс, екстракт на невен и кантарион, глицерин. Во комбинација со екстракти на лековити билки и активните компоненти, интензивно се отстранува првутот. pH е неутрален. Се користи за секојдневно миење на косата и заштита од првут. Прочитај повеќе…

Шампон за секој ден (9105) 500мл, (9106) 250мл

Содржи екстракт на коприва, липа и глицерин. Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање. Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа. Прочитај повеќе…

Шампон за сува коса (9101) 500мл, (9102) 250мл

Шампонот содржи екстракт на кантарион, невен и глицерин. Се употребува за миење на косата и за туширање. Заради тоа што содржи екстракт на кантарион се препорачува на лица со оштетена и фарбана коса. Шампонот на база на екстракт на невен и кантарион ја регенерира сувата коса и и дава нормален изглед. Прочитај повеќе…

Шампон за масна коса (9103) 500мл, (9104) 250мл

Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва. Се употребува за миење на косата и за туширање. Ја намалува маснотијата. Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост, станува мека и мазна. Се намалува бројот на миења. Прочитај повеќе…

9110 Интензивен балзам плус 250мл  (Кондиционер со протеин)

Балзамот покрај протеини содржи Д-пантенол кој е провитамин Б5. На косата и дава еластичност и ја чува од  сушење. Д- пантенолот ја регенерира косата која е во фаза на „цветање“, ја подобрува состојбата на оштетената коса. Го олеснува чешлањето, ја поттикнува регенерацијата на кожата на главата, и дава еластичност и мекост. Прочитај повеќе…

9209 Силико серум капки 30мл

Содржат специјална формула за заштита на фарбана коса , збогатени со витамин Е и средство за регенерација на оштетените краеви на косата. Еколошко средство, ја храни, обновува и го зголемува сјајот на косата. Специјална формула на комбинација на силикон за нега и заштита на оштетени ,,расцветани“  краеви  и сува коса. Прочитај повеќе…

9216 Гел за коса 250мл

Содржи коприва, алкохол, глицерин, д-пантенол, карбомер, поливинил пиролидон. Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура. Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед. Прочитај повеќе…

9630 Органски шампон Санус 200мл

Содржи екстракт на невен, коприва и масло од пченични никулци. БЕЗ СУЛФАТИ, СИЛИКОНИ И ПАРАБЕНИ. Се употребува за миење на косата, и дава сјај, ја негува и хидрира. Одличен е за регенерација на сува и оштетена коса. Го зајакнува коренот на влакното и ја негува чувствителната кожа на главата. Има благ кондиционирачки ефект. Прочитај повеќе…

9214 Лак за коса 225мл

Нова формула на еко лак за коса со билни екстракти на бреза и коприва. Лакот не содржи туткал. Успешно ја формира косата во саканите облици. Ја негува косата давајќи и природен сјај и здрав изглед. Активните компоненти поволно влијаат на коренот на косата. Прочитај повеќе…