Шампон за секој ден (9105) 500 мл, (9106) 250 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на коприва, липа и глицерин.

Липата ја смирува и омекнува кожата и косата, богата е со етерични масла, а копривата го зајакнува коренот на косата и спречува нејзино опаѓање.

Копривата (urtica dioica) е одлична против опаѓање на косата. Исклучително здрава билка богата со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, а содржи и витамини Ц, А, Б2,К, и каротин, магнезиум, манган, натриум, калиум, калциум, фосфор. Копривата има моќ да продира низ целата кожа, го регулира себумот. Делува антисептички. т. e спречува развој на микроорганизми. Ја подобрува циркулацијата и го одржува влакното здраво. Поради своите витамински вредности копривата се смета за изклучително здрав, полезен и пристaпен лек.

Липа (tilia cordata) лековит дел на билката е цветот со прицветните листови. Содржи железо, калциум, соли на манган, етерично масло, флавоноиди, сапонини, гликозид, танин, полисахарид, витамин Ц. Ја опушта и смирува кожата и влакното.

ДЕЈСТВО:

  • Го јакне коренот на косата
  • Ја омекнува кожата на главата и косата
  • Спречува опаѓање на косата
  • Дава волумен, сјај и лелеавост на косата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање. Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.