9307 Антистатичко средство за стакло, 25 мл

СОСТАВ:

Еколошко биоразградиво средство кое содржи квалитетни површински активни компоненти како и екстракт на босилек кој е познат како дезинфекционо средство.

ДЕЈСТВО:

Се употребува за чистење на стаклени и сите останати површини кои бараат сјај и чистина. Се препорачува за чистење на очила, компјутери, мобилни телефони…

На површината која се чисти остава богат заштитен филм, кој има антистатичко дејство со што се намалува ефектот на валкање.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Површината која се чисти се прска неколку пати на растојание од околу 20 сантиметри, држејќи го шишето вертикално. Потоа се брише со сува крпа. Шишето со прскалката е многу практично бидејќи може да го носите постојано со Вас, а кога ќе се испразни може да го дополните со детергент за стакло.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Антистатичко средство за стакло

9003 Концентрат за стакло, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек кој има антибактериско својство и пријатен мирис.

ДЕЈСТВО:

Ефектите се повеќекратни: го чисти и дезинфицира стаклото, му дава висок сјај, на стаклото остава богат заштитен филм кој спречува задржување на капките од вода и го намалува ефектот на валкање. Стаклата не се замаглуваат и не замрзнуваат на температура до – 5 степени целзиусови. Успешно ги чисти фарбаните и лакираните површини. Заради големата концентрација на босилек може да се употребува и како средство против комарци. Го намалува присуството на грињи или потполно ги уништува. Ефикасно ги отстранува саѓите од мазут и маснотии.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

За чистење на стаклени површини се раствора во однос 1:1 до 1:3 во зависност од извалканоста, се прска и се брише со сува крпа. Се додека постои заштитен филм на стаклото, се чисти само со бришење со сува крпа, а кога филмот ќе исчезне, постапката се повторува со разблажен детергент. За ТВ екрани, авто стакла, огледала, очила најдобро е да се употребува неразблажен концентрат затоа што спречува замаглување и смрзнување на очилата.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • За заштита од комарци доволно е откриените делови од телото да се измачкаат со концентрат или да се напрскаат со раствор и на тој начин ќе избегнете каснување од комарци. Доколку навреме не сте се намачкале и дошло до каснување, местото намачкајте го со концентрат и сигурно нема да имате непријатно чешање и оток.
  • При чистење со детергентот се намалува можноста за собирање на прашина на мебелот и фарбаните површини.
  • За уништување на грињите доволно е со раствор од 1:1 да се попрскаат креветите, перниците, постелнината, теписите, завесите, полиците во ормарите и сите достапни места во куќата.
  • Попрскано цвеќе со раствор 1:5 не привлекува прашина и многу побрзо расте.
  • Со растворен детергент за стакло може да се попрска облеката при пеглање. Сувата облека се прска со раствор 1:3 и се пегла, флеки од растворот нема да останат на облеката.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Концентрат за стакло

9016 Сјај абразив, 600 гр

СОСТАВ:

Средството е антибактериско и не содржи алкалии и фосфати.

ДЕЈСТВО:

Чисти и негува со благо триење.

Без гребнатинки отстранува маснотии, каменец, рѓа, нечистотија од предмети и површини од нерѓосувачки челик, керамика и порцелан (плочки, WC школки, лавабоа, кади…), емајл. Ја отстранува мувлата од сите површини

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Пред употреба производот да се протресе. Средството се  нанесува директно на површината со влажен сунгер или крпа и се протрива. Се плакне (садовите темелно да се исплакнат), и се суши со мека крпа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Сјај абразив