9003 Концентрат за стакло, 500мл - 257 денар

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек кој има антибактериско својство и пријатен мирис.

ДЕЈСТВО:

Ефектите се повеќекратни: го чисти и дезинфицира стаклото, му дава висок сјај, на стаклото остава богат заштитен филм кој спречува задржување на капките од вода и го намалува ефектот на валкање. Стаклата не се замаглуваат и не замрзнуваат на температура до – 5 степени целзиусови. Успешно ги чисти фарбаните и лакираните површини. Заради големата концентрација на босилек може да се употребува и како средство против комарци. Го намалува присуството на грињи или потполно ги уништува. Ефикасно ги отстранува саѓите од мазут и маснотии.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

За чистење на стаклени површини се раствора во однос 1:1 до 1:3 во зависност од извалканоста, се прска и се брише со сува крпа. Се додека постои заштитен филм на стаклото, се чисти само со бришење со сува крпа, а кога филмот ќе исчезне, постапката се повторува со разблажен детергент. За ТВ екрани, авто стакла, огледала, очила најдобро е да се употребува неразблажен концентрат затоа што спречува замаглување и смрзнување на очилата.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • За заштита од комарци доволно е откриените делови од телото да се измачкаат со концентрат или да се напрскаат со раствор и на тој начин ќе избегнете каснување од комарци. Доколку навреме не сте се намачкале и дошло до каснување, местото намачкајте го со концентрат и сигурно нема да имате непријатно чешање и оток.
  • При чистење со детергентот се намалува можноста за собирање на прашина на мебелот и фарбаните површини.
  • За уништување на грињите доволно е со раствор од 1:1 да се попрскаат креветите, перниците, постелнината, теписите, завесите, полиците во ормарите и сите достапни места во куќата.
  • Попрскано цвеќе со раствор 1:5 не привлекува прашина и многу побрзо расте.
  • Со растворен детергент за стакло може да се попрска облеката при пеглање. Сувата облека се прска со раствор 1:3 и се пегла, флеки од растворот нема да останат на облеката.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.