9003 Концентрат за стакло, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек кој има антибактериско својство и пријатен мирис.

ДЕЈСТВО:

Ефектите се повеќекратни: го чисти и дезинфицира стаклото, му дава висок сјај, на стаклото остава богат заштитен филм кој спречува задржување на капките од вода и го намалува ефектот на валкање. Стаклата не се замаглуваат и не замрзнуваат на температура до – 5 степени целзиусови. Успешно ги чисти фарбаните и лакираните површини. Заради големата концентрација на босилек може да се употребува и како средство против комарци. Го намалува присуството на грињи или потполно ги уништува. Ефикасно ги отстранува саѓите од мазут и маснотии.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

За чистење на стаклени површини се раствора во однос 1:1 до 1:3 во зависност од извалканоста, се прска и се брише со сува крпа. Се додека постои заштитен филм на стаклото, се чисти само со бришење со сува крпа, а кога филмот ќе исчезне, постапката се повторува со разблажен детергент. За ТВ екрани, авто стакла, огледала, очила најдобро е да се употребува неразблажен концентрат затоа што спречува замаглување и смрзнување на очилата.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • За заштита од комарци доволно е откриените делови од телото да се измачкаат со концентрат или да се напрскаат со раствор и на тој начин ќе избегнете каснување од комарци. Доколку навреме не сте се намачкале и дошло до каснување, местото намачкајте го со концентрат и сигурно нема да имате непријатно чешање и оток.
  • При чистење со детергентот се намалува можноста за собирање на прашина на мебелот и фарбаните површини.
  • За уништување на грињите доволно е со раствор од 1:1 да се попрскаат креветите, перниците, постелнината, теписите, завесите, полиците во ормарите и сите достапни места во куќата.
  • Попрскано цвеќе со раствор 1:5 не привлекува прашина и многу побрзо расте.
  • Со растворен детергент за стакло може да се попрска облеката при пеглање. Сувата облека се прска со раствор 1:3 и се пегла, флеки од растворот нема да останат на облеката.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Концентрат за стакло
9004 Санитарен гел, 500мл

СОСТАВ:

Санитарен гел е средство за чистење и одржување на хигиена во Вашиот тоалет. Содржи биоразградиви и активни материи, средства за дезинфекција и освежување, екстракт на босилек и мирис на бор. Не содржи киселини, алкалии и фосфати.

ДЕЈСТВО:

Наменет е пред се за домаќинства, за редовно одржување на купатила и сите санитарии во него.
Делува антибактерицидно на грам позитивни и грам негативни бактерии, дезодорира и остава пријатна и долготрајна свежина.

Се употребува без маски и заштитни ракавици бидејќи не ја иритира кожата и дишните органи. Со редовно користење се спречува наталожување на каменец од тврдата вода, остатоци од сапуница и нечистотија. Создава висок сјај без гребнатини.

Санитар гел - планинска оаза во домот

#Санитар гел - средство за дезинфекција и освежување, со екстракт на #БОСИЛЕК и мирис на БОР. Набавете го овој #концентрат од 500 мл, за само 268 денари, со едноставна нарачка на тел. 071 /289 - 007 или со порака. #ЛимесМкБиби ќе ви објасни подетално за неговите многубројни примени низ домот.🌸🍀🌸Содржи 🌳 биоразградиви и активни материи. НЕ СОДРЖИ киселини, алкалии и фосфати ♻. Не ја иритира кожата и дишните органи. Спречува наталожување на #каменец од тврдата вода, остатоци од сапуница и нечистотија. Создава висок сјај без гребнатини ✨. Со овој производ освен тоалети може да се дезинфицираат и други површини како паркети, кваките на вратите, столици, а растворен со вода добиваме освежувач за просторија со мирис на бор 📌 Со перење на завесите и чорапите со санитар гелот тие осветлуваат за 2-3 нијанси, побели се и почисти 📌 Го неутрализира дејствотона габите и бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис на нозете 📌 Служи како хигиенско средство за чистење на WC школката, дезинфицира, штити од воден каменец и го освежува воздухот и може да го полните стариот потрошен канистер со него 📌 Успешно отстранува болви и крлежи од домашни миленичиња 🌸🍀🌸#LimesMk #domakinski #ekoloski #еколошки #majki #bosilek #zenski #женски #univerzalen #koncentrat #Limes #здравје #ЛимесМк #цвеќе #хигиена, #дезинфекција #LimesMkBibi #sanitargel #sanitarii #санитаргел

Posted by Limes МК - Еколошки производи #Биби on Sunday, January 13, 2019

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува со сунгер на претходно навлажнети површини и се остава да делува 15-20 минути, а потоа се плакни со вода. Остава висок сјај, а при тоа не ја оштетува површината која се чисти. На третираната површина остава заштитен филм на кој не се задржуваат капки вода, маснотија и нечистотија. Со овој производ освен купатијата може да ги дезинфицираме и другите површини во куќата: паркет, кваки, столови и др, а со раствор од вода добиваме исклучително добар освежувач на простории со мирис на бор.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Помага при отстранување на курје око
  • Благ раствор се користи за одржување на паркет.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Санитарен гел

9001 Паста за домаќинство, 550 гр

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и глицерин при што многу делотворно делува на кожата. Ефикасно средство за чистење на многу извалкани и замастени површини од сите типови на нечистотии, кое истовремено дезинфицира и дезодорира.

ДЕЈСТВО:

Се употребува во домаќинството за чистење на елементите во кујната, тави, модерни садови, санитарии, пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети (бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава блескава белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува третираната површина. Оваа паста е исклучително штедливо средство, како финансиски така и еколошки. Навлегува низ наталожената нечистотија и чисти, а при тоа не остава траги и гребнатинки.

Паста за домаќинство – LimesMk #Биби

МАГИЧНА #Мултинаменска, природна, #концентрирана, економична, #антиалергиска паста со која се чисти без ракавици.💰🎁ЗА САМО 177 денари, добивате 500г концентрат на босилек и останати билки кои ќе ви помогнат да бидете највредната домаќинка. 😍🌿🤗☘ Нарачки на тел. 071 289 007 или во порака ☺💞 Светнете ги садовите🍀, рерната🍀, златото🍀, среброто🍀, пластика🍀, дрво🍀, метални предмети🍀, санитарии🍀, но направете и пилинг на лицето🍀 и телото🍀 со истата магична паста со која може да си ги исполирате и забите🍀, но и да го отстраните бигорот🍀 од машините за перење, за садови🍀, електрични бокали🍀, гезвиња🍀, да ги прихраните цвеќињата🍀 и слично. Една и единствена, уникатна #паста за домаќинство на #Лимес.#LimesMk #domakinski #ekoloski #еколошки #majki #ЛимесМкБиби #bosilek #zenski #женски #univerzalen #koncentrat #Limes #здравје #pasta #ЛимесМк #цвеќе #хигиена, #дезинфекција #LimesMkBibi

Posted by Limes МК – Еколошки производи #Биби on Wednesday, June 20, 2018

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На влажна површина се нанесува тенок слој од пастата, се остава да делува неколку минути, а потоа се плакни или се пребришува со влажна крпа. Важно е пакувањето на пастата секогаш да биде суво и да не влезе вода. Активната материја да се зема со суви раце затоа што во допир со вода се активира.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Лажица паста растворена во вода може да се употребува за вриење на бела облека.
  • За чистење на рерна треба да се вклучи на 50 степени, површината која се чисти да се навлажни и да се нанасе паста. Се чека да делува 1 час и потоа површината треба да се пребрише.
  • Изгоретини од врело масло, пегла или врела вода најпрво да се изладат под млаз ладна вода и потоа да се намачка со паста. Се остава да отстои 30 минути. Искуството кажува дека пликови нема да има.
  • Може да се употребува за пилинг на лакти, колена и петици бидејќи содржи козметички топчиња.
  • Ги омекнува тврдите нокти.
  • Многу брзо суши плускавци.
  • Може малку да се нанесе преку пастата за заби и со тоа да се исполираат забите. Ова се препорачува да се прави 2-3 пати во месецот.
  • Се употребува за чистење на греачите кај машините за перење облека. Кога се перат бели алишта во прашокот за перење се става една кафена лажица од пастата и каменецот од греачите се исфрла во текот на перењето.
  • Доколку на кожата постојат некои оштетувања (рани, исекотини или гребнатинки), екстрактот на невен ја штити кожата на рацете од негативни влијанија и помага при заздравување.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Паста за домаќинство