9005 Омекнувач за облека, 500мл - 378 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и мирис на јоргован.

ДЕЈСТВО:

На облеката и ја дава потребната мекост и долготрајна свежина. Го намалува статичкиот електрицитет, туткањето и значително го олеснува пеглањето. По перењето облеката долго време го задржува пријатниот мирис. Ја зголемува моќта на впивање и го продолжува векот на траење на облеката.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кај машинско перење се ставаат 2-3 капачиња омекнувач. Кај рачно перење дозата се одредува врз основа на количината на водата.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • По употреба на омекнувачот, се олеснува пеглањето на облеката од памук и лен, додека фините ткаенини не мора да се пеглаат.
  • Не предизвикува алергиски реакции ниту кај бебињата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Омекнувач за облека
9012 Оплеменувач за облека, 500мл - 378 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на див костен и мирис на бохор. Дивиот костен делува на грињите и молците.

ДЕЈСТВО:

Ткаенината третирана со оплеменувач добива убав изглед и станува мека и нежна на допир, бидејќи оплеменувачот ги обвиткува влакната на ткаенината. Се употребува за сите видови на памучна, волнена, синтетичка, целулозна и свилена облека. Го олеснува пеглањето, ги освежува боите, го продолжува векот на траење на облеката, го намалува статичкиот електрицитет.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

15-25мл оплеменувач на 10л вода, со оглед на тоа што треба да се има во предвид видот и квалитетот на ткаенината.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Оплеменувач за облека
9003 Концентрат за стакло, 500мл - 283 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек кој има антибактериско својство и пријатен мирис.

ДЕЈСТВО:

Ефектите се повеќекратни: го чисти и дезинфицира стаклото, му дава висок сјај, на стаклото остава богат заштитен филм кој спречува задржување на капките од вода и го намалува ефектот на валкање. Стаклата не се замаглуваат и не замрзнуваат на температура до – 5 степени целзиусови. Успешно ги чисти фарбаните и лакираните површини. Заради големата концентрација на босилек може да се употребува и како средство против комарци. Го намалува присуството на грињи или потполно ги уништува. Ефикасно ги отстранува саѓите од мазут и маснотии.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

За чистење на стаклени површини се раствора во однос 1:1 до 1:3 во зависност од извалканоста, се прска и се брише со сува крпа. Се додека постои заштитен филм на стаклото, се чисти само со бришење со сува крпа, а кога филмот ќе исчезне, постапката се повторува со разблажен детергент. За ТВ екрани, авто стакла, огледала, очила најдобро е да се употребува неразблажен концентрат затоа што спречува замаглување и смрзнување на очилата.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • За заштита од комарци доволно е откриените делови од телото да се измачкаат со концентрат или да се напрскаат со раствор и на тој начин ќе избегнете каснување од комарци. Доколку навреме не сте се намачкале и дошло до каснување, местото намачкајте го со концентрат и сигурно нема да имате непријатно чешање и оток.
  • При чистење со детергентот се намалува можноста за собирање на прашина на мебелот и фарбаните површини.
  • За уништување на грињите доволно е со раствор од 1:1 да се попрскаат креветите, перниците, постелнината, теписите, завесите, полиците во ормарите и сите достапни места во куќата.
  • Попрскано цвеќе со раствор 1:5 не привлекува прашина и многу побрзо расте.
  • Со растворен детергент за стакло може да се попрска облеката при пеглање. Сувата облека се прска со раствор 1:3 и се пегла, флеки од растворот нема да останат на облеката.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Концентрат за стакло