9404 Спортлим гел, 100 мл

СОСТАВ:

Содржи ментол, арника, камфор, етерично масло од чајевац, екстракт на лута пиперка, етерично масло на каранфилче.

Ментол е природен изофреноиден фенол. Потекнува од етерично масло на нането каде претставува најзастапена состојка. Има антисептичко дејство па се употребува во препарати за лечење на грло и нос. Има својство на испарување од површината и исто така има благо антисептичко дејство. Влијае на рецепторите за чувство на температура, па ментолот на кожата дава чувство на ладење. Со тоа се ублажуваат симптомите како што се оток, болка и прегреаност на воспаленото место.

Камфор се добива со парна дестилација на дрвото Lauraceae Camphora, по потекло од Јапонија и Кина. Има омекнувачки и ефект на ладење. Смирува чешање, делува против инфекции. Добар анестетик е.

Арника- екстрактот на арника се добива од цветот на арника. Спречува воспаленија и ја смирува кожата. Се употребува за лечење на рани, при што ги ублажува болките и го поттикнува нивното зараснување, ја подобрува циркулацијата.

Етеричното масло од чајевац е одличен антисептик, ја поттикнува циркулацијата и спречува воспаленија и инфекции. Позитивно делува на централниот нервен систем. Ги ублажува изгоретините.

Етеричното масло на каранфилчето има антисептички, дезинфекциони и ароматични карактеристики.

Екстрактот на лутата пиперка е анелгетик , ја намалува зголемената температура и ја ублажува болката. Предизвикува зголемен доток на крв во кожата и се употребува за третирање на болните места на мускулите и зглобовите.

ДЕЈСТВО:

Со локална употреба ги намалува последиците од повреди (спортски и разни други повреди) ревматски и болки во зглобовите, ја олеснува главоболката и проблемите со синусите, ги намалува симптомите на настинка и грип.

Сите компоненти се вградени во лесна хидрофилна подлога од која активните принципи полесно се апсорбираат, а ресорпцијата и продирањето во најдлабоките слоеви е овозможена со природата на самите активни компоненти.

Има својство да испарува од површината и на тој начин ја лади кожата со оглед на тоа дека содржи ментол. Со тоа се ублажуваат симптомите како што се оток, болка и прегреаност на воспалените места. Благодарение на присуството на Камфор има ефект на омекнување и ладење.  Смирува чешање, делува против инфекции.

Спречува воспаление и ја смирува кожата. Ги ублажува болките, ја подобрува и ја поттикнува циркулацијата, и спречува воспаленија и инфекции. Ја намалува покачената температура на кожата и ја намалува болката. Предизвикува зголемен доток на крвта во кожата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува два до три пати дневно со блага масажа.

НАПОМЕНА:

Производот е наменет исклучително за надворешна употреба.

Да се избегнува контакт на мелемот со слузокожата околу носот, устата, гениталите и очите. Гелот да не се нанесува на оштетена кожа, рани и изгореници. Не се препорачува на лица кои се чувствителни на некои од состојките во производот. По употреба рацете добро да се измијат.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Спортлим гел
Urino caj Limes mk
9606 Билна мешавина со лист на ува и бреза - Урино чај, 40 кесички

СОСТАВ:

  • Arctostaphylos uva-ursi L., Betulae folium, Herniaria glabra, Equisetum arvense, Zea mays L.

Содржи ува (Мечкино грозје), лист од бреза, килавица, коњско опавче, пченкарна свила.

Ува (Мечкино грозје) е исклучително лековито растение, дава најдобри резултати против воспаление на уринарниот тракт и бубрезите. Го чисти уринарниот тракт од бактерии, ефикасен е во елиминирање на многу непријатната бактерија ешерихија коли. Корисна е и за проблеми со простатата.

Листот од бреза со своето силно диуретично дејство, го поттикнува излачувањето на урината и со тоа го помага подоброто испирање на уринарниот тракт и бубрезите.

Килавица– делува благотворно на мускулатурата на мочниот меур и помага како диуретик при воспаление на мочниот меур и формирање на камења. Коњско опавче го поттикнува мокрењето. Ефикасно е при бубрежни нарушувања, ги ублажува грчевите на мочниот меур, болното и често мокрење и слични тегоби.

Пченкарната свила делува антиинфламаторно, ги штити и смирува уринарните патишта и бубрезите. Активните состојки на пченкарната свила го олеснуваат излачувањето на урината.

ДЕЈСТВО:

  • За ублажување на симптомите на бактериски инфекции на мочниот меур и уринарниот тракт
  • Билна мешавина со ува лист и бреза ги чисти бубрезите од кристали и песок
  • Се користи и против бактерии во урината
  • Помага при болки, ја стимулира работата на бубрезите, ги ублажува грчевите, го поттикнува мокрењето и го спречува таложењето на кал, песок и камења

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една кесичка чај прелијте ја со 2 дл врела вода, оставете ја да отстои покриена триесет минути. Се пие три пати на ден.

Напомена: Не се препорачува за време на бременост и доење, како и за деца под 12 години. Ако користите редовна терапија со лекови, најдобро е да се консултирате со лекар или фармацевт пред да ја користите билната смеса.

Оваа информација не е замена за професионалното мислење на вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник во оваа област.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading 6 Урино чај – Билна мешавина со лист на ува и бреза