9111 Ароматична био сол со невен и босилек, 450гр - 272 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и невен при што многу делотворно делува на кожата. Ароматичната сол за капење со додаток на екстракти на лековити билки, се состои од растворливи соли кои имаат смирувачки ефект и дезинфекционо дејство.

ДЕЈСТВО:

Мешавина од најквалитетни ноти која ја освежува кожата и целото тело, спречува сушење и ја чисти кожата. Има терапевтско дејство бидејќи помага при несоница, главоболка и воспаление на мускулите. Екстрактите на лековитите билки полесно продираат во чиста кожа.

Така водата со активните компоненти од билките, побрзо доаѓа до ќелиите и благодарение на осмозата навлегува до нив.

Сето тоа доведува до брза регенерација на ќелиите, а со самото тоа кожата станува мазна, свежа и здрава.

Во целост ослободува од умор и стрес, на кожата и се враќа нежноста. По капење на кожата остава пријатен мирис.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се става 1 – 2 лажици во када наполнета со топла вода, или пак во легенче со топла вода за да ги искиснете нозете.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Ја омекнува кожата на нозете па полесно се прави и педикир, потребно е само мало протрлување со погруб пешкир или со турпија и помалите жуљеви лесно се отстрануваат, а потврдокорните со почеста употреба на солта омекнуваат и полесно се вадат. А петите стануваат меки и нежни, потоа се негуваат со петалим.
  • се користи за релаксација на уморни и отечени нозе после напорен ден.
  • Може да се стави во мали садови на шанк или маса за ароматерапија и сузбивање на лоша миризба
  • во мрежести кесички може да се стави меѓу алиштата за арома

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ароматична био сол