9207 Антицелулит крема гел, 200 мл

СОСТАВ:

Антицелулит крема-гелот е врвен производ кој во себе содржи најквалитетни супстанции меѓу кои се екстракт на бршлен, витамин Е и јојоба.

Екстрактот на бршлен продира во кожата благодарение на своите активни состојки сапонини, го разградува целулитот вршејќи природен процес на липоза. Го поттикнува метаболизмот на кожата и поткожното ткиво како и производството на хијалуронска киселина во кожата. Со што таа станува поцврста и еластична.

Витаминот Е регенеративно влијае на кожата, ја заздравува и ја чува од пропаѓање. Познат е као витамин на младоста и убавината и е еден од главните состојки задолжени за затегната и здрава кожа.

Маслото од јојоба одлично ја влажни кожата бидејќи продира во ќелиите и многу лесно и брзо се впива со што кожата ја остава кадифена и мека.

ДЕЈСТВО:

Антицелулит крема гел, кожата со целулит, по редовен третман, ја претвора во мазна, сјајна и еластична. Оваа формула на база на билки, ја освежува, го намалува заморот на кожата, го намалува целулитот и го редуцира вишокот на масни наслаги. Неговиот иновативен комплекс за затегање на кожата поттикнува микроциркулација, и го враќа тонусот и цврстината. Масните наслаги од кожата се топат, обемот на колковите, бутовите и останатите третирани делови се смалува, со што вашата фигура изгледа преобликувано. Кожата станува мазна и зацврстена на клучните делови на телото: бутовите, задница, страни, струк и стомак.

Делува тројно на целулитот: ги отстранува масните нсалаги, течностите од телото и поттикнува производство на колаген и еластин кои кожата ја прават мазна и затегната.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува ма сува и чиста кожа и се масира со кружни движења.

За најдобри резултати препорачуваме да се нанесува два пати дневно најмалку петнаесет дена а потоа еднаш дневно. Со употреба на овој препарат се препорачува нискокалорична исхрана и физичка активност.

По четири недели на употреба на гелот, повеќето жени се сложиле со оценката дека нивните тела делуваат помладо, без целулит и намален обем за неколку сантиметри.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Антицелулит крема гел
Metabo Caj Limes Mk
9604 Билна мешавина со коприва и петровец - Метабо чај, 40 кесички

СОСТАВ:

  • Urtica dioica L., Rosa canina, Agrimonia eupatoria, Hypericum perforatum, Thymus serpyllum, Salvia officinalis.

Содржи коприва, шипка, петровац, кантарион, мајчина душица, жалфија.

Копривата е природен диуретик и помага да се исфрли вишокот вода од телото. Оваа билка е одлична за детоксикација и е докажано дека го забрзува метаболизмот.

Шипката содржи тилирозид – антиоксиданс кој може да го поттикне топењето на масните наслаги во телото. Шипката помага да се намали надуеноста на желудникот и го подобрува варењето.

Петровац позитивно влијае на цревната флора.

Кантарионот содржи хиперфорин, состојка која го спречува разградувањето на серотонин, хормонот одговорен за доброто расположение, што резултира со намалување на апетитот и потреба од прекумерно и неконтролирано внесување храна.

Мајчината душица содржи тимол, благодарение на кој има силни антиоксидантни својства и го чисти целото тело. Оваа билка го потиснува апетитот, ја намалува потребата за грицки и ја зголемува енергијата. Ја забрзува работата на метаболизмот, а со тоа помага во побрзо согорување на насобраните масти.

Жалфијата содржи малку јаглехидрати, а нејзините антиоксидантни својства можат да помогнат да се стимулира спориот метаболизам и да се намали дебелината.

ДЕЈСТВО:

  • Придонесува за брзо и ефикасно воспоставување на рамнотежа во организмот и го забрзува метаболизмот. Брзината на метаболизмот е вистинскиот клуч за брзо и ефикасно согорување на мастите
  • Се пие за време на оброците во комбинација со јаболков оцет. Така се намалува волуменот во желудникот за внесување храна, храната се навлажнува со чај, што го олеснува варењето, а јаболковиот оцет го согорува вишокот масно ткиво
  • Не содржи агресивни растенија за варење како што е сена.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Во 1 литар топла вода ставете две кесички чај и оставете да зоврие. Кога ќе се излади, извадете ги кесичките. Ставете една лажичка јаболков оцет во 2 dcl чај и пијте за време на оброците и помеѓу оброците кога чувствувате глад.

Напомена: Не се препорачува за време на бременост и доење, како и за деца под 12 години. Ако користите редовна терапија со лекови, најдобро е да се консултирате со лекар или фармацевт пред да ја користите билната смеса.

Оваа информација не е замена за професионалното мислење на вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник во оваа област.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading 4 Метабо чај – Билна мешавина со коприва и петровец