Флора е идеална релакс крема за нега на сува и чувствителна кожа, со 96% природни оригинални состојки.
За ревитализација и масажа на тело. Содржи комбинација на растителни масла и витамински комплекс. Претставува спој на традиционална рецептура со модерните достигнувања на технологијата.
СОСТАВ:
Маслиновото масло – содржи голем број на витамини кои се многу важни за нега на кожата:
- Витамин А кој ја прави кожата еластична со што директно влијае на нејзиниот тонус и цврстина
- Витамин Д кој спречува стареење на кожата
- Витамин Е важен оксиданс, кој придонесува за нејзина влажност и обновување
- Витамин К чиј директен допринос е за хидратација на кожата и помага во борба со првите знаци на стареење.
Масло од невен – за нега на кожата кое прави чуда, бидејќи длабински хидрира, ја обновува и ја прави кожата помлада, сјајна и еластична. Исто така кожата ја штити од слободни радикали, го забрзува обновувањето на ќелиите на кожата, ублажува дисколорација и пигментација и на кожата и дава младешки изглед.
Бадемовото масло – идеално за масажа кое ја храни кожата, посебно сувата и оштетена. Освен што содржи голема количина на витамин Е и витамин А, бадемовото масло содржи и:
- Цинк кој е значаен минерал неопходен за зараснување на рани на кожата на лицето и телото
- Омега 3 масни киселини кои докажано имаат моќ за подмладување на кожата, исто така важна состојка на бадемовото масло. Добри се за заштита на кожата од сонце и штетите кои може да ги предизвика на кожата како изгореници и стареење на кожата
Shea butter богат со витамини кои делуваат поволно на кожата, а има и противвоспалително дејство и делува смирувачки на кожата. Исто така шеа путерот ја омекнува кожата, ја зајакнува, ја прави мазна и ја намалува збрчканоста. Поради сите активни елементи кои го сочинуваат, добар е за кожа со егземи и важен сојузник во борба против стрии и лузни.
Етерично масло од портокал – е ценето по своето против воспалително и антисептичко дејство, спречува оштетување и стареење на кожата, создавање на брчки и темни флеки, поттикнува производство на колаген. Смирува и опушта, дава добро расположение и оптимизам. Делува како природен анксиолотик.
ДЕЈСТВО:
Идеална комбинација за нега, ревитализалија и масажа на тело.
Крема за масажа со ароматерапевтско дејство го ослободува телото од стрес и напнатост, релаксира и ја враќа енергијата. Активните компоненти и витамини ја обновуваат кожата, го ублажуваат црвенилото и лупењето, поттикнуваат циркулација и обновување на ќелиите. Кремата е добра за спречување на наталожување на целулитни наслаги.
Ублажува егземи, псоријаза и лузни.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Кремата се нанесува на кожата и се втрива со лесни, масирачки движења.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата