Санитарен гел од Лимес – чистота која мириса на природа 🌿✨

Дали некогаш сте посакале да чистите темелно, а да не го „загушите“ домот со агресивни хемикалии? Да добиете беспрекорен сјај, свеж мирис и да се чувствувате безбедно – дури и вашите деца да можат да учествуваат во чистењето?

Со санитарниот гел од Лимес – сето тоа е можно. Овој неверојатен концентрат ја носи чистотата на сосема ново ниво. Чисти, заштитува, мириса на бор и босилек 🌱 и – најважно – безбеден е за целото семејство.

Босилекот во составот не е само за мирис. Тој е природен борец против бактерии и габи, делува смирувачки и остава пријатна, природна свежина која трае – а мирисот не е нападен, туку топол и ненаметлив, како прошетка низ градина. Природен, освежителен мирис кој ги неутрализира непријатните ароми.🌱 Без агресивни хемикалии, без лоши мириси – само чист, здрав дом. Со босилек, вашиот дом мириса како природна градина, а не како хемиска лабораторија🌸

Овој гел не е обично средство за чистење. Тој е вашиот тих, но моќен сојузник против каменецот, нечистотијата и бактериите, додека истовремено го зачувува сјајот и свежината на секоја површина што ја допира.

Замислете да влезете во својот дом и да ве пречека свеж мирис на бор 🌲и босилек, наместо силна иритирачка хемија што ве „пресекува“ на првиот здив.
👉Со санитарниот гел од Лимес, тоа не е само замисла – тоа е секојдневие. 💚

🚿 Ова не е само обичен санитарен гел. Ова е мултифункционален херој кој го менува вашето искуство со чистењето! 🙌💧

 

🌟 Што го прави Санитарниот гел од Лимес толку посебен? ❤️

✅ Ја спречува појавата на каменец и остатоци од сапуница
✅ Ги елиминира нечистотиите и остава висок сјај без гребнатини
✅ Создава заштитен слој на кој не се задржуваат вода и маснотии
✅ Може да се користи како освежувач на простории кога е растворен во вода 🌬️
Ги одбива мравките и комарцитеприроден репелент за инсекти 🐜🦟
✅ Безбеден е за употреба од деца – дури и кога тие чистат со него 🙌
✅ Може да се користи превентивно против вошки кај деца – без агресивни шампони
✅ Се користи против крлежи и други штетници кај миленичињата

✅Го неутрализира дејството на габите и бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис на нозете

✅Може да се користи во џогерот со прскалка, за бришење подови

✅Ги прихранува билките, а истовремено делува на штетниците без да ги оштети билките (цвеќиња, овошни и зеленчукови градини)

 

И сето ова – без агресивна хемија! 🙌

 

Малку познати, но корисни трикови 👇


✔️ Можете да отстраните флеки од боја и крв од гардероба или од душек
✔️ Може да ги бришете вратите, кваките, паркетите, пластичните гарнитури за двор

✔️ Може да го користите во машина за перење бела облека, заедно до концентратот за перење, крајниот резултат е блескаво бела гардероба, долна облека, чорапи

✔️Ако се нанесе на лавабо, посебно црно гранитно, остава заштитен слој и подолго време не се таложи бигор

✔️ Откако ќе се исчисти убаво туш кабината, на крај нанесете Санитарен гел за подолго време да не фаќа бигор

 

🧽Како луѓето го користат санитарниот гел? 📢 Искуства од Балканот📣

🔹 Јасна од Скопје:
„Го ставив гелот во прскалка со вода и освежив цела просторија. Мирисот е како прошетка низ борова шума – трае со часови.“

🔹 Аделина од Ниш:
„Со санитарниот гел ја спасив косата на ќерката од вошки. Ја измив, па неколку дена прскав со разреден раствор – резултатот е одличен!“

🔹 Марија од Белград:
„Мравките што секоја пролет ми влегуваат во кујна – исчезнаа. Само накапувам неколку капки санитарен и готово.“

🔹 Владо од Тетово:
„Моите деца обожаваат да ми помагаат во чистење. Со разредениот санитарен, без страв им давам да чистат – не им ја иритира кожата, а подот блеска.“

🔹 Ивана од Битола:
„Го ставив во прскалка и го користам против комарци. Чист, ароматичен дом и комарците бегаат – што повеќе да барам?“

🔹 Елена од Подгорица:
„Пробав да ги избелам старите завеси и чорапи – се изненадив, светнаа!“

🔹 Милица од Нови Сад:
“Во Rovus џогерот го ставив гелот разреден со вода и подовите светкаат, без дамки и без лепење!”

🔹 Дарко од Тетово:
“Санитарниот гел, миленичињата ми ги ослободи од болви и крлежи. Сега знам што користам и дека е безбедно.”🐾

🔹Лејла од Босна раскажува:
“Нозете на мојот син секогаш лошо мирисаа, но откако го открив санитар гелот, се врати насмевката на лицето на неговата девојка” 👣

Зошто овој гел, а не некој друг? 🛒

💎 Затоа што не е важно само да се чисти – важно е и што внесувате во својот дом.
✨ Без агресивна хемија
✨ Се користи за повеќе од 10 различни намени
✨ Ефикасно дезинфицира и штити
✨ Пријатен, природен мирис на бор и босилек
✨ Прилагодлив за домаќинството, гардеробата, миленичињата, па дури и цвеќињата! 🌸

Додека другите средства агресивно ги напаѓаат површините, Санитарниот гел од Лимес работи паметно и нежно, штити и остава траен ефект.

🛒 Ако сакате средство кое навистина функционира – изберете докажано квалитетно решение, изберете чистота што мириса на природа. Изберете еден производ со кој заменувате неколку скапи средства од маркетот, и тоа со природна моќ.🌿

Сјај, заштита и природна свежина – сѐ во едно ✨

🌟 Придружете се на стотиците задоволни корисници од целиот Балкан!
👉 Време е да изберете производ кој работи за вас – изберете Лимес.

Санитарен гел од Лимес – моќен сојузник за блескава чистота и природна свежина 🌿✨

 

Санитарен гел од Лимес – природна свежина, ефикасна заштита и безбедност за целото семејство

 

Откријте го мултифункционалниот Лимес Санитарен Гел – без хемикалии, природен, ефикасен и со свеж мирис на босилек.

Continue Reading Санитарен гел зошто и затоа

Во морето производи за чистење што содржат груби хемикалии, Пастата за домаќинство на Лимес се истакнува со својата еколошка, ефикасна и повеќенаменска формула. Овој биоразградлив производ обезбедува длабинско чистење, ги отстранува бигорот и ‘рѓата, притоа не ги оштетува третираните површини.

Што ја прави толку посебна?

За разлика од агресивните хемикалии како Domestos и другите индустриски средства за чистење, нашата паста не содржи штетни состојки, не предизвикува иритација и е сосема безбедна за вашето семејство, деца и домашни миленици!

Повеќенаменска употреба во домаќинството

 

✔ Кујна

  • Ефикасно ги чисти тавите, тенџерињата и послужавниците од загорените остатоци од храна и маснотии
  • Го враќа сјајот на кујнските елементи и пластичните површини

  • Одлично средство за чистење на рерните и шпоретите – едноставно нанесете ја пастата, загрејте ја рерната на 50°C, почекајте еден час и избришете

  • Ги отстранува наслагите од маснотии од аспираторот

  • Ги отстранува бигорот и наслагите од вашиот електричен кафемат, гезве или бокал со вода – само додадете лажичка паста и зовријте вода

  •  

Купатило

  • Длабоко ги отстранува бигорот, ‘рѓата и наслагите од сапун, ги чисти тоалетите, мијалниците, тушевите и плочките 

  • Посебно е ефикасен за чистење на фугите меѓу плочките, враќање на нивната чистота

  • Ги остава површините хигиенски чисти, сјајни и освежени

✔ Метални предмети

  • Сребрен и златен накит

  • Прибор за јадење 

  • Го враќа сјајот на металните украси без никакви оштетувања

  • Ефикасно ги отстранува темните дамки и оксидацијата од металот

✔ Машини за перење садови и облека

  • Додадете мала лажица од пастата во машината за миење садови за да ги отстраните тврдокорните наслаги од вашите садови

  • Во машината за перење, пастата помага да се отстранат дамките и маснотиите во комбинација со Лимес Универзалниот концентрат, и ја враќа облеката во блескавата белина

  • Ги чисти бигорот од вашата машина за перење со додавање мала лажичка во прашокот за перење
  • Извријте бела облека со една кафена лажичка паста и ќе видите неверојатна разлика

✔ Чистење на мебел и пластика

  • Одлично чисти пластични маси и столици, ги отстранува дамките и нечистотијата

  • Сигурна за дрвени и пластични површини во ентериерот и екстериерот

✔ Лична нега и убавина ✨

  • За миење раце, посебно кај професии како автомеханичари и мајстори – ефикасно ги отстранува нечистотиите од масло и тврдокорни нечистотии

  • За пилинг на кожата – пастата нежно ги отстранува мртвите клетки од лицето, телото, рацете, лактите, стапалата, петите, оставајќи ја кожата мека и свежа 

  • Како маска за лице – нанесете на влажно лице, оставете да отстои 5 минути и исплакнете, а потоа нанесете Семејна крема на Лимес за дополнителна хидратација

  • Третирање на жуљеви – пастата помага во брзо сушење и регенерација на кожата

  • За заби и протези – мала количина од пастата може да се користи за полирање на забите 1 месечно, како и за чистење протези и вештачки вилици 

✔ Прва помош и нега

  • Изгореници од масло, пегла или врела вода – прво оладете го местото со ладна вода, а потоа нанесете од пастата за домаќинство и оставете да отстои 30 минути за да се намали болката и да се спречи појавата на пликови

✔ Природна нега на билките

  • Додајте 1 лажица од пастата во литар вода и полевајте ги цвеќињата 1 неделно – билките ќе бидат поцврсти, здрави и бујни

Зошто да ја одберете токму Лимес Пастата за домаќинство?

Еколошка формула – биоразградлива, сигурна за природата и без штетни хемикалии 
Економична и долготрајна – мала количина од пастата дава неверојатни резултати 
Не остава гребаници и талог – нежно но моќно ги чисти сите површини 
Безбедна за рацете – мајки, може да чистите без ракавици бидејќи не ја суши и иритира кожата

 

Искуства на корисници- докажано делува!

“Пастата ја користам за се – од рерна до накит! Навистина е неверојатно колку е моќна, но сепак не ми ги оштетува рацете.“ – Марија, 35 години

“Додавам лажичка паста во машината за перење и мојата облека никогаш не била побела. Топло ја препорачувам!” – Ивана, 42 години

“Ја пробав како пилинг за стапала и лице – мојата кожа никогаш не била помека! Воодушевена сум!“ – Јелена, 29 години

Погледнете едно искуство

 

Откријте ја моќта на природното чистење!

Не дозволувајте тврдоглавите дамки и нечистотија да ве мачат – нарачајте ја вашата домашна паста денес и искусете ја нејзината моќ!

Кликнете овде и нарачајте веднаш!✨

Continue Reading Паста за домаќинство

dobredojde sonce moe dizajn

Добредојде сонце мое

Со овие зборови најчесто мајките си ги поздравуваат своите новородени дечиња. Секогаш велиме сонце мое, или ангелу мој, или животе мој. Сите зборови го значат токму тоа. Секое новороденче за својата мајка е најсветлотото и најтоплотото нешто на крајот од тунелот. Тоа е ангел небески, пратен од Господ да ни даде надеж и среќа. Тоа е нашето СЕ, нашиот живот. Без него ниту едно семејство не е комплетно. Двајца се пар, но за вистинско семејство минимумот е три.

Dobredojde3

И нема посреќни луѓе на земјата од оние кои штотуку дознале дека станале родители. Но во исто време тие се и најнесебичните луѓе. Тоа е момент кој секогаш сакаме со сите да го споделиме. Сакаме да се пофалиме, да ја споделиме среќата со сите, сакаме дел од нашата среќа да пренесеме некому.

Dobredojde2

Како најдобро ќе ја споделите среќата со најблиските?

Се разбира со порака која ќе им ја пратите на сите што нешто Ви значат во животот. Но и тука може да внесете нешто свое и уникатно. Наместо на секој посебно да му одговарате како изгледа бебето, колку е долго, колку е тешко, кога точно се роди…. ?, Вие бидете уникатни и внесете малку неодоливост. Нека сите што ќе ја видат пораката кажат: Леле колку е слатко, колку е прекрасно, колку е неодоливо! Нека сите го видат со Вашите очи новото чудо во Вашиот живот.

Dobredojde4

Една слика илјада збора велат

Ви препорачуваме да подготвите едно метро, еден часовник и еден тег. А може да ставите и календар од тековниот месец. Купете и дрвени коцки со букви, со кои ќе го испишете името на бебето. А потоа само чекајте да се роди главниот актер. Сликајте го и вметнете ја сликата на претходно сликаните метро, тег, часовник и календар. Потоа до метрото напишете колку долго се роди, до тегот колку килограми се роди, а на часовникот наметете ги стрелките во времето кога се роди. На календарот заокружете го датумот. Доколу ова е премногу комлицирано за Вас, моеже да му ја дадете сликата на професионалец кој ќе го направи дизајнот за Вас.

Не заборавајте најдоле со коцките да го испишете името. И така со една единствена слика Вие сте одговориле на сите прашања околу раѓањето на бебето.

Посакајте му добредојде на малото ангелче со дизајн кој вечно ќе го паметат сите, а Вас ќе ве остава без збор секогаш кога ќе ја погледнете.

Continue Reading Добредојде сонце мое – дизајн за спомен

Inovativna cucla lazalka

Го добивте долгоочекуваниот подарок, деветмесечната неизвесност заврши, ама дојдоа на ред долги и непроспиени ноќи. Бебешкиот плач не Ве остава да дремнете. Тој е навистинa музика за Вашите уши и најсветла ѕвезда за Вашите очи.

Но доста од поезија. Секој има потреба од одмор, па и Вие. Не се срамете да си го признаете тоа. Тоа не значи дека помалку си го сакате детето, туку значи дека навистина Ви трееба еден добар одмор, за да можете да продолжите со турбо темпо наредните денови и ноќи. А како поинаку ќе имате сили да го држите малото во прегратка, да го доите, да го гледате и да му се восхитувате.

Inovativna cucla lazalka 2

Бабите се тука за да помогнат, но тоа е час или два. Таткото е тука да помогне, но и тој бара одмор од напорната работа. За сите Вас, имаме еден супер предлог: цуцла лажливка. Некои од Вас можеби ќе речат не е во ред, не е медицински исправно. Ама верувајте сите сме поминале низ истото, и сите ние барем еднаш во животот сме имале цуцла во устата, за да не залаже и замолкне. Таа мала лажливка ја благословува секоја мајка.

Порано беа досадни, обични, едноставни, но си ја вршеле работата. Но денес, верувале или не, има толку интересни и невообичаени, што и Вас ќе ве насмеат секогаш кога ќе го погледнете малото ангелче. А кога Вие се смеете наместо да сте изморена, тоа е најубавиот подарок за Вашето мило чедо. Вашата радост е музика за неговите уши, и ја буди неговата насмевка.

Во продавниците за бебешка опрема има најразлични забавни, иновативни цуцли. Некои се во форма на уста со големи заби, некои се со мустаќи, некои имаат форма на забите на Дракула. Има и такви со нацртана црвена привлечна усна на цуцлата. Па малата принцеза личи на мала заводничка.

Inovativna cucla lazalka 3

Пронајдете ја во Вас креативната страна и набавете уникатна цуцла лажливка за Вашето детенце.

Еве уште еден интересен предлог. Поставете го детето со цуцлата пред огледало. Ве уверуваме дека ќе се забавува барем триесет минути со лажливката. А толку мнооогу време, Вас ќе ви овозможи да ги одморите малку нозете, рацете и главата. Пробајте, забавно е и за Вас и за децата.

Секако дека иновативната цуцла лажалка е прекрасен подарок заедно со останатите неопходни бебешки аксесоари за повојница, роденден, па дури и како мала шега за Вашата другарка или другар. Ќе му остане како дел од маска за први април.

 
Continue Reading Иновативни цуцли лажалки за малите ангелчиња

9406 Акнелим 30 мл

СОСТАВ:

АкнеЛим Pelle Pulita gel е специјално осмислена формула базирана на природни состојки од екстракти од: кора на даб, приморски бор, семе од билката тамаринда и активен комплекс на бета глукан, дериват на витамин Б5, алантоин, диглицерин, кои во повеќето случаи успешно помагаат во отстранување на постоечките и спречување на појава на нови акни.

Екстрактот од семе на билката тамаринд е природен хијалурон кој:

  • ја смирува кожата,
  • помага кожата да остане хидрирана,
  • Има антиоксидативни својства со што ја штити кожата од надворешни влијанија.

Активен комплекс на бета глукан од ќелиските ѕидови од посебен вид на пекарски квасец

  • помага во отстранување на вишокот на себум,
  • го поттикнува имуниот систем на кожата и со самото тоа придонесува за урамнотежување на микробиомите на кожата (го намалува растот на „лошите” и го поттикнува растот на „добрите”  микроорганизми).

Екстракт од кора од приморски бор

  • има исклучително антиоксидативни својства со што придонесува за урамнотежување на микробиомите на кожата
  • jа зголемува отпорноста на ќелиите на кожата на дејството на надворешните фактори.

 Екстракт од кора од даб

  • ја регенерира кожата
  • делува против воспалително
  • помага за подобра контрола на количината на себум.

 Дериват на витамин Б5

  • придонесува за правилно функционирање на кожната бариера
  • jа подобрува регенерацијата на кожата и зараснување на раните.

 Алантоин

  • хидрира
  • го ублажува чешањето и црвенилото на кожата
  • Ја обновува оштетената кожа.

 Диглицерин

  • и помага на кожата да ја задржи влагата
  • jа прави кожата помека и помазна.

ДЕЈСТВО:

  • Совршен тен
  • Хидратација
  • Кожа без акни
  • Мека и мазна

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Гелот се нанесува со прсти со благо натапкување на чиста кожа наутро и навечер.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Акнелим

Шеа путерот е маст извлечена од оревот на африканското дрво шеа (Vitellaria paradoxa). Бојата е како слонова коска кога е сурово, а повеќе обработени верзии се бели, иако најчесто е обоена жолто со корен од borututu или палмино масло. Широко се користи во козметиката како хидратантен крем, солен раствор или лосион. Шеа путерот се користи и за јадење, при подготовка на храна во некои африкански земји. Повремено, шеа путерот се меша со други масла како замена за путерот од какао, иако вкусот е забележително различен.

Англискиот збор „shea“ потекнува од s’í, името на дрвото во Бамбара.

sheabutter-karite

Состав и својства

Екстрактот од путер од ши е комплексна маст, која покрај многу неспојливи компоненти (супстанции кои не можат целосно да се претворат во сапун со третман со алкали) ги содржи следниве масни киселини: олеинска киселина (40-60%), стеаринска киселина (20-50% ), линолеинска киселина (3-11%), палмитинска киселина (2-9%), линоленска киселина (<1%) и арахидинска киселина (<1%).

Шеа путерот се топи на телесна температура. Застапниците на неговата употреба за нега на кожата тврдат дека таа брзо се апсорбира во кожата, делува како средство за „обновување“ и има добри својства на врзување за вода.

sheabutter-karite 1

Употреби

Сапун од путер од ши
Шеа путерот главно се користи во козметичката индустрија за производи поврзани со кожата и косата (сјај за усни, кармин, хидратантни креми и емулзии, и балсами за коса за сува и кршлива коса). Исто така се користи од производители на сапуни и производители на масло за масажа, обично во мали количини. Некои производители на сапуни користат шеа путер во количина од 25% (со Европската унија регулирана максимална употреба околу 28%). Тој е одличен омекнувач за сува кожа. Ниту еден доказ не покажува дека е лек, но ја ублажува болката поврзана со затегнатост и чешање.

Во некои африкански земји како Бенин, шиа путерот се користи за масло за јадење, како водоотпорен восок, за фризури, за правење свеќи и како состојка на лековити масти. Се користи од производители на традиционални африкански ударни инструменти за да се зголеми издржливоста на дрвото.

sheabutter-karite 2

Медицинска намена

Шеа путерот понекогаш се користи како основа за лековити масти. Некои од изолираните хемиски состојки се пријавени дека имаат антимикробни, антиинфламаторни, омекнувачки и навлажнувачки својства. Шеа путерот се користел како лосион за сончање и некои од неговите компоненти „имаат ограничен капацитет да апсорбираат ултравиолетово зрачење“. Помага при дерматитис, лузни, изгореници од сонце, спречува создавање на брчки и стареење на кожата.

Превземено од Википедиа

Continue Reading Shea путер

Екстрактот од дивиот костен се користи како терапија за проширени вени, хемороиди, дијареа, треска и зголемена простата. Се користи и кај реуматични заболувања. Препарати на база на стандардизиран екстракт од семе од див костен се користат и орално во терапијата на хронична венска инсуфициенција. Ваквиот екстракт влијае на намалување на симптомите кои се јавуваат при заболувања на вените, како што се: проширени вени, болка, замор, отоци на нозете, едем итн.

Превземено од Доктори.мк

Continue Reading Див костен

Семките од кајсија се полни со придобивки за вашето тело. Освен што од нив може да се екстрахира прекрасно масло од семе од кајсија, може и да се сомелат и да се добие прав што има моќни придобивки за кожата, косата и целокупното здравје.

Покрај моќниот витамински арсенал, семките од кајсија се извор и на железо, калиум и фосфор, кои дополнително го подобруваат имунитетот на нашиот организам. Содржат амигдалин – Витамин Б17 кој се користи во антиканцерогени третмани. Семките содржат и  есенцијални масни киселини (омега-6 и омега-3) како и:

  • 45 до 50 проценти масло
  • 25 проценти протеини
  • 8 проценти јаглехидрати
  • 5 проценти влакна

Apricot Kernel Oil

  1. Прашокот од семките од кајсија има неверојатен спектар на придобивки. Омекнува и хидрира. Се користи за благ, нежен и исклучително ефикасен природен пилинг. Како производ за пилинг се користи откако луѓето почнаа да ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и нечистотијата, сфаќајќи дека тоа е трик за сјајна и мазна кожа
  • Има навлажнувачки ефект, и се користи за неговите механички, ексфолијативни придобивки во глините или пилинзите. Кога се масира во кожата, прав од семе од кајсија делува како ситни цврсти честички кои го промовираат отстранувањето на оштетените клетки на кожата од површината на кожата, оставајќи ја сјајна, помека и понежна и секако помазна
  • Пилинг од семки од кајсија прави интензивно чистење на порите и зајакнување на циркулацијата и го враќа младешкиот сјај на кожата
  • Прашакот од семките од кајсија е преполн и со витамин Е. Витаминот Е го носи прекарот „Витамин на кожата“ затоа што е толку тесно поврзан со здравјето на вашата кожа. Познато е дека ги таргетира слободните радикали и го намалува оксидативниот стрес. Оставени неконтролирано, слободните радикали можат да предизвикаат дамки и знаци на стареење, како што се брчки и старечките дамки. Витаминот Е ја зголемува еластичноста помагајќи да се спречи нивната појава
  • Прашокот од семки од кајсија е исто така богат со витамин Б17. Витаминот Б17 има својства слични на имунитетни бустери и антиинфламатори. Повторно, ова помага да се искоренат слободните радикали и да се задржи кожата да изгледа младешка и здрава

  • Бидејќи семките од кајсија имаат над 50% масло, тие се богат извор на есенцијални масни киселини (олеинска и линолеинска), што и носи на кожата придобивки од навлажнување. Овие масла многу лесно се апсорбираат од кожата, без да остават мрсни остатоци.

Apricot Kernel Oil2

2. Маслото од кајсија се користи веќе 5000 години како таен рецепт за убавина на кралевите и кралиците во Кина. Маслото претставува извор на младост, затоа што содржи многу богати природни состојки. Во тоа време било познато како “природно средство за подмладување” 

  • Масло од семки од кајсија е силен антиоксиданс кој го јакне вашиот организам и го прави отпорен на болести
  • Ги сузбива алергиските реакции, делува антивирусно и антивоспалително, помага при лечење на астма, хроничен бронхит, кашлица и ангина
  • Ја негува кожата на единствен начин, совршено впивајќи се без да остава мрсни траги. Делотворно е и за бебешката и за возрасната кожа на која и треба хидратација
  • Маслото од кајсија има анти-инфламаторен ефект и може да се користи за лекување на сериозни проблеми со кожата како што се егзема, дерматитис и акни, иритации, но има и зацелувачко дејство кај посекотини, рани и изгореници
  • Има и антисептичко својство- го намалува ризикот од инфекција во отворени рани и посекотини
  • Антиоксидативни својства – го спречува оштетувањето на кожата од слободните радикали
  • Масло од кајсија се користат за превенција од рак, тоа е едно од најдобрите масла за кожа, богато со природни витамини, Витамин Б17 (амигдалин), го спречува губење на коса, алтернативно користи против ракот
  • Mоже да се користи за потхранување на сува коса, ги зајакнува фоликулите на косата и го спречува нејзиното опаѓање. Ова масло често се додава како состојка во разни производи за нега на косата. Го поттикнува растот, бидејќи има хранливи материи, особено витаминот Е, ги намалува проблемите со сувиот скалп. Помага за да се постигне прекрасна сјајна коса
  • Има релаксирачки својства – козметичка крема со масло од кајсија има брилијантни релаксирачки ефект. Тоа е погодно за луѓе со чувствителна кожа, брзо се упива, не е масно и ја прави кожата нежна и мека
  • Маслото од кајсија е богато со природни витамини (особено Витамините А и Е, кои се од суштинско значење за нашата кожа го помагаат процесот на регенерација и учествуваат во процесот на создавање на колагенот), линолната и други есенцијални масни киселини, минерали и многу хранливи материи. Ова масло се препорачува за две причини: првенствено, совршено се апсорбира од страна на кожата и не остава остатоци или чувство на маснотија
  • Не предизвикува алергиски реакции дури и на најчувствителната кожа и може да се користи за бебешките производи
  • Современото истражување сугерира на употреба на маслото како извор на Витамин Б17, кој и понатаму се споменува како масло за првенирање на појава на различни типови на тумори

Користена литература:

Масло од семки од кајсија: затоа што од овој свет треба да заминеме од старост, а не од болест

INGREDIENT HIGHLIGHT: APRICOT STONE POWDER

Continue Reading Семки од кајсија

Алантоин е бел прав без мирис. Хипоалергиски и, нетоксичен и сосема е безбеден за употреба. Тој е одобрен од ФДА за привремено спречување и заштита на расечена и испукана кожа, со забрзување на природните процеси и зголемување на содржината на вода. Наменет е за секој со сува кожа која чеша,  за смирување на кожата. Алантоинот не само што смирува туку има и навлажнувачки ефект. Ако барате состојки против стареење, алантоинот е оној што вреди да се разгледа.

Алантоин е хемиско соединение со формула C4H6N4O3. Исто така се нарекува 5-уреидохидантоин или глиоксилдиурид. Тоа е диуреид од глиоксилна киселина. Алантоин е главен метаболички медиум во повеќето организми, вклучувајќи животни, растенија и бактерии. Се произведува од урична киселина, која сама по себе е деградационен производ на нуклеински киселини, со дејство на уратска оксидаза (уриказа).

Алантоинот се наоѓа во растенија како камилица, никулци од пченица, шеќерна репка и комфри растение, како и во урината на повеќето цицачи.  Хемиски синтетизирани дел алантоин, која е хемиски еквивалент на физички алантоин, е безбеден, не-токсичен, компатибилен со козметички суровини и ги исполнува CTFA и JSCI барања. Над 10.000 патенти се однесуваат на алантоин.

Allantoin1

Корисни ефекти на алантоин како активна состојка во козметиката

Традиционално, лисјата од comfrey растението кое содржи алантоин, се користеле во традиционалната медицина за да помогнат во лекување на помали повреди на кожата и отоци, а денес оваа  состојка се користи за лекување на рани, егзема, изгореници, псоријаза, воспаление на акни и сл. Сето ова е поради брзиот регенерирачки ефект на клетките што го стимулира растот на здравото ткиво, што го овозможува алантоинот

  • Алантоинот исто така делува и како антиоксиданс, поттикнувајќи регенерација на нови клетки
  • Ексфолирачки и кератолитички ефект со што овозможува  десквамацијата на горните слоеви на мртвите клетки на кожата, што и дава на кожата младешки сјај
  • Овозможува хидратација. Алантоин спречува TEWL (трансепидермално губење на вода) и може да ја задржи водата во клетките на кожата. Може да направи вашата кожа повторно да се чувствува помека
  • Навлажнувачки својства, па погоден е за третирање на сува, груба, лушпеста кожа која чеша, помали иритации на кожата (осип од пелена, изгореници на кожата од терапија со зрачење)
  • Омекнувачки ефект со што ја зголемува мазноста на кожата. Голем број на протеини и липиди природно се наоѓаат во надворешниот слој на кожата наречен кератинизација, ако ова излезе од рамнотежа, се произведува повеќе кератин од вообичаеното и се менува структурата на функцијата на бариерата, кожата станува груба и лушпеста и воспалена. Алантоинот по својата природа е кератолитичен, нежно омекнувајќи го кератинот, ја прави кожата мазна
  • Овозможува пролиферација на клетките. Промовира размножување на клетките и заздравување на раните
  • Смирувачки, анти-иритирачки и ефект на заштита на кожата со формирање комплекси со иритантни и сензибилизирачки агенси. Особено ефикасен е во бебешки креми, бидејќи алантоинот помага да се смири кожата и да се елиминира осип на пелена

 Allantoin-3D-balls  

  • Anti-age ефект.  Како што старееме, времето на транзит на клетките од основниот слој на епидермисот до горниот слој трае подолго, предизвикувајќи кожата да стане безживотна и сува. Алантоин со своето природно дејство за пилинг, помага при размножување на клетките, надополнување на осиромашената, сува кожа. Алантоинот исто така помага и во синтезата на колаген. Колагенот е влакнест протеин кој ги држи клетките на кожата заедно. Замислете го како лепак што ги држи клетките на кожата. Нивото на колаген се намалува со стареењето, поради што кожата попушта
  • Алантоин е спасител на косата. Неговите анти-иритирачки својства помагаат да се намали црвенилото и остава чувство на смирување на скалпот. Фактот дека алантоинот има активни кератолитички својства, значи дека е идеална состојка за борба против првутот; ги разградува големите честички во мртвите клетки на кожата. Исто така, помага да се подобри мекоста и еластичноста на косата, додека се подобрува сјајот

11. Амфотерично својство – реагира и како киселина, и како база. Во суштина, ова значи дека кога се користи во комбинација со разни други хемиски супстанции, ги неутрализира, што е одлично за да се избегне потенцијална иритација што може да биде предизвикана од други состојки, што го прави алантоинот одличен  за употреба во производи за чувствителна кожа

Студија за животни во 2010 година откри дека врз основа на резултатите од хистолошките анализи, мек лосион со 5% алантоин го подобрува процесот на заздравување на раните , со модулирање на инфламаторниот одговор. Студијата, исто така, сугерира дека квантитативната анализа дава поддршка на идејата дека алантоинот, исто така, промовира размножување на фибробластите и синтеза на екстрацелуларната матрица.

Една студија покажала дека само 0,2% алантоин додаден во козметички производ, покажа значително подобрување кај над 90% од жените со симптоми на црвенило и пукање.

Често е присутен во паста за заби и други производи за орална хигиена, во шампони, кармини, производи против акни, производи за нега на сонце, разни козметички лосиони и креми и други козметички и фармацевтски производи.

Allantoin3

Несакани ефекти на алантоин

Алантоин нема никакви несакани ефекти. Не е токсичен, безбеден е и одговара на сите типови на кожа. Дури и чувствителните типови на кожа можат да се одлучат за алантоин поради неговото смирувачко дејство врз кожата. 

Користена литература:

Allantoin: The wonder ingredient for the skin

Википедиа 

Continue Reading Алантоин