9310 Флора крема, 225 мл

Флора е идеална релакс крема за нега на сува и чувствителна кожа, со 96% природни оригинални состојки.

За ревитализација и масажа на тело. Содржи комбинација на растителни масла и витамински комплекс. Претставува спој на традиционална рецептура со модерните достигнувања на технологијата.

СОСТАВ:

Маслиновото масло – содржи голем број на витамини кои се многу важни за нега на кожата:

  • Витамин А кој ја прави кожата еластична со што директно влијае на нејзиниот тонус и цврстина
  • Витамин Д кој спречува стареење на кожата
  • Витамин Е важен оксиданс, кој придонесува за нејзина влажност и обновување
  • Витамин К чиј директен допринос е за хидратација на кожата и помага во борба со првите знаци на стареење.

Масло од невен – за нега на кожата кое прави чуда, бидејќи длабински хидрира, ја обновува и ја прави кожата помлада, сјајна и еластична. Исто така кожата ја штити од слободни радикали, го забрзува обновувањето на ќелиите на кожата,  ублажува дисколорација и пигментација и на кожата и дава младешки изглед.

Бадемовото масло – идеално за масажа кое ја храни кожата, посебно сувата и оштетена. Освен што содржи голема количина на витамин Е и витамин А, бадемовото масло содржи и:

  • Цинк кој е значаен минерал неопходен за зараснување на рани на кожата на лицето и телото
  • Омега 3 масни киселини кои докажано имаат моќ за подмладување на кожата, исто така важна состојка на бадемовото масло. Добри се за заштита на кожата од сонце и штетите кои може да ги предизвика на кожата како изгореници и стареење на кожата

Shea butter богат со витамини кои делуваат поволно на кожата, а има и противвоспалително дејство и делува смирувачки на кожата. Исто така шеа путерот ја омекнува кожата, ја зајакнува, ја прави мазна и ја намалува збрчканоста. Поради сите активни елементи кои го сочинуваат, добар е за кожа со егземи и важен сојузник во борба против стрии и лузни.

Етерично масло од портокал – е ценето по своето против воспалително и антисептичко дејство, спречува оштетување и стареење на кожата, создавање на брчки и темни флеки, поттикнува производство на колаген. Смирува и опушта, дава добро расположение и оптимизам. Делува како природен анксиолотик.

 

ДЕЈСТВО:

Идеална комбинација за нега, ревитализалија и масажа на тело.

Крема за масажа со ароматерапевтско дејство го ослободува телото од стрес и напнатост, релаксира и ја враќа енергијата. Активните компоненти и витамини ја обновуваат кожата, го ублажуваат црвенилото и лупењето, поттикнуваат циркулација и обновување на ќелиите. Кремата е добра за спречување на наталожување на целулитни наслаги.

Ублажува егземи, псоријаза и лузни.

Телото се чувствува витално, релаксирано и полно со енергија.

 

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува на кожата и се втрива со лесни, масирачки движења.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.