На состојбата на рацете посебно внимание треба да се обрне во текот на зимата. Временските услови може да доведат кожата на рацете да стане сува и чувствителна. Освен промената на кожата, се влошува и состојбата на ноктите, стануваат крути и лесно се кршат, што значи дека црвеното светло е вклучено и дека е крајно време да се започне со употреба на некоја блага крема за заштита на кожата.
СОСТАВ:
Содржи глицерин, екстракт на невен и коприва.
Глицеринот е соединение кое има три атоми на водород и одличен е за хидратација на кожата. Делува така што кога ќе се нанесе на кожата, ја собира водата од надворешната средина и ја приморува да помине низ порите и да стигне до подлабоките слоеви на кожата.
Екстрак на невен – Кожата на рацете е директно изложена на штетни надворешни иританси како што се студ, топлина, често миење на рацете, загадување и нечистотија. Сето ова може да ја ослаби природната бариера на кожата и да предизвика кожата да се исуши и оштети. Заради тоа, Лимес кремата содржи благотворен екстракт на невен кој силно поттикнува регенерација на ќелиите и помага во обновување на оштетената кожа.
Екстракт на коприва– Киопривата е богата со витамини и минерали од кои кожата има многубројни бенефити. Тука се витамините А, Б, Ц, Д и Е, потоа минерали: фолати, рибофлавин, калиум, калциум, железо и манган. Овој коктел на есенцијални нутритиенти директно придонесува за здрава и сјајна кожа. Екстрактот ја хидрира и регенерира сувата и испукана кожа.
ДЕЈСТВО:
Кремата за раце е ефикасна хидратантна крема за беспрекорна заштита на рацете, погодна за секојдневна употреба и за сите типови на кожа. Има благ и многу пријатен мирис. Формулацијата на кремата е скоро немасна, при употреба многу брзо се впива во кожата при што доаѓа до нејзина хидратација, со истовремено создавање на тенок филм на кожата кој спречува губење на влажноста. Благодарение на присутните витамини, кремата многу брзо на воспалената, испукана и сува кожа и ја враќа свежината, мекоста, мазноста и еластичноста. Со редовна употреба на кремата, кожата на Вашите раце секогаш ќе биде свиленкасто нежна и заштитена од неповолните влијанија на водата, агресивни стедства и временски услови.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Рацете се мачкаат со тенок слој повеќе пати во текот на денот. Кремата лесно се впива и долготрајно ја негува и ја штити кожата на Вашите раце.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата