9213 Дезодоранс Алое Вера Тесар, 100мл - 725 денари

Повеќе за прекумерното потење и последиците од истото прочитајте тука

СОСТАВ:

Синтетизиран е од одбрани суровини: Изопропил миристат и Пропилен гликол кои имаат функција да ја подмачкуваат и да ја регенерираат кожата.

Алкохолот има функција на ладење и доведува до брзо испарување на компонентите на потта – а најзначајно антимикробно средство е: Триклосан – Иргасан (лек) кој спречува развој на бактерии, габички и микроорганизми. Високата концентрација на Алое има за цел да им ја врати влагата на ќелиите, кои ја изгубиле водата при потење дури и во најдлабоките слоеви, со што поволно влијае на подолг век на ќелиите.

ДЕЈСТВО:

Има благ мирис на Тесар, а воедно го неутрализира непријатниот мирис.

Дезодорансот е средство кое не влијае на механизмот на излачување на потта туку спречува негово распаѓање и развивање на непријатен мирис – дезодоранско дејство. Овие супстанции делуваат така што спречуваат размножување или ги убиваат бактериите на местото каде што се аплицираат. Потта настанува како производ на функцијата на потните жлезди. По хемиски состав е сложена така што покрај останатото содржи ниски органски киселини: оцетна, млечна, пропионска, лимонска, аскорбинска, а и траги на мокрачна и уреа, како и азотни соедниненија од кои потекнува специфичниот мирис. Самата пот е без мирис но во допир со кожата, т.е. со бактериите доаѓа до нејзино разложување и развивање на непријатен мирис. Доколку не се спречи распаѓањето на потта, настанува непријатен мирис, што е непријатно не само за личноста туку и за нејзината околина. Оттука е дојдено до идеата да се произведе дезодоранс кој ќе има широка употреба, ќе го неутрализира мирисот на потта и ќе дава мирисна свежина во текот на целиот ден.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на чиста и сува кожа, по потреба и по нколку пати на ден. Може да го користат и мажи и жени, и деца над 12 години.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.