9208 Крема за нега и заштита на раце, 100 м

На состојбата на рацете посебно внимание треба да се обрне во текот на зимата. Временските услови може да доведат кожата на рацете да стане сува и чувствителна. Освен промената на кожата, се влошува и состојбата на ноктите, стануваат крути и лесно се кршат, што значи дека црвеното светло е вклучено и дека е крајно време да се започне со употреба на некоја блага крема за заштита на кожата.

СОСТАВ:

Содржи глицерин, екстракт на невен и коприва. 

Глицеринот е соединение кое има три атоми на водород и одличен е за хидратација на кожата. Делува така што кога ќе се нанесе на кожата, ја собира водата од надворешната средина и ја приморува да помине низ порите и да стигне до подлабоките слоеви на кожата.

Екстрак на невен – Кожата на рацете е директно изложена на штетни надворешни иританси како што се студ, топлина, често миење на рацете, загадување и нечистотија. Сето ова може да ја ослаби природната бариера на кожата и да предизвика кожата да се исуши и оштети. Заради тоа, Лимес кремата содржи благотворен екстракт на невен кој силно поттикнува регенерација на ќелиите и помага во обновување на оштетената кожа.

Екстракт на коприва Киопривата е богата со витамини и минерали од кои кожата има многубројни бенефити. Тука се витамините А, Б, Ц, Д и Е, потоа минерали: фолати, рибофлавин, калиум, калциум, железо и манган. Овој коктел на есенцијални нутритиенти директно придонесува за здрава и сјајна кожа. Екстрактот ја хидрира и регенерира сувата и испукана кожа. 

ДЕЈСТВО:

Кремата за раце е ефикасна хидратантна крема за беспрекорна заштита на рацете, погодна за секојдневна употреба и за сите типови на кожа. Има благ и многу пријатен мирис. Формулацијата на кремата е скоро немасна, при употреба многу брзо се впива во кожата при што доаѓа до нејзина хидратација, со истовремено создавање на тенок филм на кожата кој спречува губење на влажноста. Благодарение на присутните витамини, кремата многу брзо на воспалената, испукана и сува кожа  и ја враќа свежината, мекоста, мазноста и еластичноста. Со редовна употреба на кремата, кожата на Вашите раце секогаш ќе биде свиленкасто нежна  и заштитена од неповолните влијанија на водата, агресивни стедства и временски услови.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Рацете се мачкаат со тенок слој повеќе пати во текот на денот. Кремата лесно се впива и долготрајно ја негува и ја штити кожата на Вашите раце.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Крема за нега и заштита на раце
9220 Нокталин, 60 мл

СОСТАВ:

Крема за нега на нокти, заноктици и раце. Содржи октидодеканол, екстракт на невен, Д-пантенол, витамин Е.

Октидодеканол е мултифункционална маслена компонента со добра способност за продирање во подлабоките слоеви на кожата при што со себе ги носи материите важни за исхрана и обновување на ноктите, заноктиците и кожата на рацете.

Екстрактот на невен – Го обновува површинскиот слој на кожата, епидерм и на тој начин го забрзува зараснувањето на кожните промени. Ја храни и негува кожата и ги омекнува заноктиците.

Д-пантенол – Главен градивен елемент на кожата и ноктите е кератин. Докажано е дека Д-пантенолот работи во симбиоза со кератинот при што има способност да навлезе низ плочата на ноктите и да им даде влажност, мекост и заштита, што е идеално за суви, оштетени и кревки нокти.

Витамин Е. ги зајакнува ноктите и ја омекнува кожата околу нив.

ДЕЈСТВО:

За регенерација на оштетени, крути и меки нокти, наклонети кон пукање и листање и за нега на заноктици и раце. Брзо се впива во кожата и коренот на ноктите. По употреба, ноктите растат без пукање, здрави, мазни и еластични. Ги храни, негува и обновува. Дава заштита од неповолни надворешни влијанија.

Со употреба на кремата, ноктите стануваат, поцврсти, поеластични. Се намалува кршењето. Ги штити заноктиците од стврднување и оштетување.

Ноктите добиваат цврстина, здрав, убав и негуван изглед, заноктиците стануваат помеки.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Мала количина крема се нанесува на секој нокт и се втрива додека ноктот не впие. Се препорачува секојдневна употреба, минимум два пати дневно.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Нокталин

Среброто е благороден НЕТОКСИЧЕН метал познат повеке од 5000 години! 

СРЕБРЕНА ВОДА – најстар природен атибиотик. Колоидно сребро е течност добиена со електролиза на потполно чисто сребро (99,999%) и дестилирано деминерализирана вода, безбојна, потполно проѕирна, без мирис со слаб или никаков вкус. Се работи за јони и колоиди на сребро. Во милион честички вода има 5 честички сребрени јони. На јоните не делува гравитација, па тие не се таложат на дното. Колоидот е најдобар начин за употреба на среброто за потребите на нашиот организам и организмот на другите живи суштества затоа што келиите и телесните течности се во колоидна форма и нашиот организам полесно ги прифака. За разлика од класичните лекови кои се во форма на кристали па така нашиот организам треба прво да ги трансформира во колоиди-процес кој се одвива во органите за варење па така многу од таканаречените корисни бактерии се уништуваат од класичните антибиотици. Во растворот на сребрената вода не можат да опстанат повеќе од неколку минути ни најотпорните микроорганизми па затоа и НАСА го користи во своите космички летала.

Делува како катализатор-блокира одредени ензими кои бактериите, вирусите и габичките ги користат во својот метаболизам. Во контакт со среброто овие причинители на болести брзо остануваат без кислород и храна и се распаѓаат. Овој процес е толку брз и ефективен што ниеден микроорганизам не може да мутира и стекне резистентност на сребрените јони.

Во Германија во 19 век на штотуку родените бебиња им ставале сребрени капки за да се спречи појава на инфекција. Во црквите при обреди на причест се користи сребрено лажиче кое го користат стотина верници и никогаш не дошло до појава или ширење на зараза. 

Како минерал среброто треба да се внесе преку исхраната. Го има во морската крупна сол, како и во растенијата, меѓутоа поради испостеноста на почвата како и употребата на вештачките ѓубрива во растенијата недостасуваат битни метали и минерали како што се јодот, среброто, златото,цинкот, платината, индиумот, германиумот, бакарот и др. Затоа нашиот одбранбен систем е многу намален и резултира со енормно ширење на болести.

Сребрената вода било главно средство за лечење во официјалната медицина, меѓутоа со воведувањето на новите методи на Пастер, односно со појавата на пеницилинот, среброто е повлечено од употреба бидејќи не можело да се патентира и да стане екслузивна сопственост за само една компанија. Во 1983 Министерството на здравје на САД го призна како лек и дозволи да се продава без рецепти, со што се потврдува фактот дека не постои никаква штета од него. Денес се користи во специјални видови на завои кои спречуваат инфицирање на рана, во креми против опекотини.

Влијае на вируси, бактерии, гливици/габи и паразити и ги убива за само 6 минути! Докажано помага кај над 650 болести!

Се користи при:

  • инфекцијата на оштетените делови на кожата како што се опекотини, гребаници, рани, гнојно воспаление на површински делови на кожата, иритација на кожата по бричење, изгореници од сонце, хемороиди, чешање или егзем околу анус, кандида, импетиго, херпес, акни
  • питиријаза, црвенило на себороични делови на кожа, дерматитис, егзема, црвен ветер, пеленски осип,псоријаза, лишаи на телото
  • атлетско стопало, габична инфекција на нокти
  • ја омекнува тврдата кожа
  • перут, опаѓање на косата

Не смее да се користи во случај на алергија на сребро (иако таква до сега не е откриена). 

БЕЗ ОГЛЕД НА БЛАГОТВОРНОТО ДЕЈСТВО НА КОЛОИДНАТА СРЕБРЕНА ВОДА, НЕ СЕ ИСКЛУЧУВА СОВЕТУВАЊЕ СО ЛЕКАР.

Дневна крема со сребрена вода и невен од Лимес

Continue Reading Сребрена вода, колоидно сребро