9312 Пилинг крема, 100 мл

Ќелиите на кожата редовно се обновуваат: нашата кожа е потполно нова на секои 28 дена! Пилингот не само што ги отстранува мртвите ќелии на кожата, туку во исто време ја поттикнува циркулацијата. По пилингот кожата подобро ги впива производите за нега со што тенот станува поблескав и сјаен.

Пилинг кремата е наменета за сите типови на кожа. Посебно се препорачува за нега на сува, рапава и испукана кожа.

СОСТАВ:

Пилинг кремата во својот состав содржи висока концентрација на екстракт на камилица, какао путер, рицинусово масло и мелени лушпи од семки од кајсија

Благите, нежни и исклучително ефикасни, мелени лушпи од семки од кајсија ги отстрануваат изумрените ќелии од површината на кожата поттикнуваат обновување на кожата, ја враќаат свежината на кожата и ја оставаат чиста.

Екстрактот на камилица во својот состав содржи флавоноиди, кумарин и слуз кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и знаците на фотооштетување на кожата, ја подобруваат текстурата и еластичноста на кожата. Екстрактот на камилица ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Навлажнувајќи ја кожата помага во зачувување на нормална и здрава функција. Има и антиоксидативно влијание, па е корисен и во превенција од стареење на кожата. Го намалува црвенилото предизвикано од УВ зраците. Дејството на екстрактот е смирувачко, освежувачко, тонизирачко, ја поттикнува гранулацијата и епителизацијата на ткивата, го намалува чешањето. Своето смирувачко и антимикробно својство во најголема мера го должи на бисаболол, хамазулен и флавоноидите.

Какао путерот ја штити кожата, го успорува губењето на водата, формирајќи бариерна заштитна обвивка. Создава заштитен филм на кожата, давајќи и мазност. Спречува сушење на кожата.

Рицинусовото масло на кожата остава чувство на мекост и мазност.

ДЕЈСТВО:

1. Ги отстранува мртвите ќелии на кожата

2. Ја поттикнува циркулацијата

3. Ја смирува кожата

4. Хидрира

5. Го регулира себумот

6. И дава сјај на кожата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Нанесете ја пилинг кремата на чиста и сува кожа на лицето. Со благи кружни движења втријте ја кремата на кожата на лицето. Оставете кожата да ја впие кремата, а вишокот од лушпите од семки од кајсија отстранете ги по неколку минути. Пилинг кремата може да се употребува еднаш до два пати неделно.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.


Continue Reading Пилинг крема

9001 Паста за домаќинство, 550 гр

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и глицерин при што многу делотворно делува на кожата. Ефикасно средство за чистење на многу извалкани и замастени површини од сите типови на нечистотии, кое истовремено дезинфицира и дезодорира.

ДЕЈСТВО:

Се употребува во домаќинството за чистење на елементите во кујната, тави, модерни садови, санитарии, пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети (бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава блескава белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува третираната површина. Оваа паста е исклучително штедливо средство, како финансиски така и еколошки. Навлегува низ наталожената нечистотија и чисти, а при тоа не остава траги и гребнатинки.

Паста за домаќинство – LimesMk #Биби

МАГИЧНА #Мултинаменска, природна, #концентрирана, економична, #антиалергиска паста со која се чисти без ракавици.💰🎁ЗА САМО 177 денари, добивате 500г концентрат на босилек и останати билки кои ќе ви помогнат да бидете највредната домаќинка. 😍🌿🤗☘ Нарачки на тел. 071 289 007 или во порака ☺💞 Светнете ги садовите🍀, рерната🍀, златото🍀, среброто🍀, пластика🍀, дрво🍀, метални предмети🍀, санитарии🍀, но направете и пилинг на лицето🍀 и телото🍀 со истата магична паста со која може да си ги исполирате и забите🍀, но и да го отстраните бигорот🍀 од машините за перење, за садови🍀, електрични бокали🍀, гезвиња🍀, да ги прихраните цвеќињата🍀 и слично. Една и единствена, уникатна #паста за домаќинство на #Лимес.#LimesMk #domakinski #ekoloski #еколошки #majki #ЛимесМкБиби #bosilek #zenski #женски #univerzalen #koncentrat #Limes #здравје #pasta #ЛимесМк #цвеќе #хигиена, #дезинфекција #LimesMkBibi

Posted by Limes МК – Еколошки производи #Биби on Wednesday, June 20, 2018

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На влажна површина се нанесува тенок слој од пастата, се остава да делува неколку минути, а потоа се плакни или се пребришува со влажна крпа. Важно е пакувањето на пастата секогаш да биде суво и да не влезе вода. Активната материја да се зема со суви раце затоа што во допир со вода се активира.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Лажица паста растворена во вода може да се употребува за вриење на бела облека.
  • За чистење на рерна треба да се вклучи на 50 степени, површината која се чисти да се навлажни и да се нанасе паста. Се чека да делува 1 час и потоа површината треба да се пребрише.
  • Изгоретини од врело масло, пегла или врела вода најпрво да се изладат под млаз ладна вода и потоа да се намачка со паста. Се остава да отстои 30 минути. Искуството кажува дека пликови нема да има.
  • Може да се употребува за пилинг на лакти, колена и петици бидејќи содржи козметички топчиња.
  • Ги омекнува тврдите нокти.
  • Многу брзо суши плускавци.
  • Може малку да се нанесе преку пастата за заби и со тоа да се исполираат забите. Ова се препорачува да се прави 2-3 пати во месецот.
  • Се употребува за чистење на греачите кај машините за перење облека. Кога се перат бели алишта во прашокот за перење се става една кафена лажица од пастата и каменецот од греачите се исфрла во текот на перењето.
  • Доколку на кожата постојат некои оштетувања (рани, исекотини или гребнатинки), екстрактот на невен ја штити кожата на рацете од негативни влијанија и помага при заздравување.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Паста за домаќинство