За секојдневна нега на зрела кожа. Погодна за сите типови кожа.
СОСТАВ:
Богата формула од внимателно одбрани висококвалитетни состојки со хијалуронска киселина, рицинусово масло, витамин Е и коензим Q10 е совршен избор за дневна нега на зрела кожа.
Хијалуронска киселина – благодарение на својата посебна структура, ја задржува влагата и и дава волумен на кожата. Со хидратацијата, оваа состојка исто така доставува хранливи материи до клетките на кожата и поттикнува обновување на клетките.
Коензимот Q10 е моќен антиоксиданс и чистач на штетни материи кои доведуваат до предвремено стареење на кожата. Штетни материи се создаваат кога кожата е изложена на УВ зрачење, смог, токсини или консумација на тутун. Овој коензим ги штити нашите колагенски и еластични влакна, кои се одговорни за цврстина и еластичноста на кожата, од штетни материи, па на овој начин се успорува создавање на брчки, опуштање на кожата и се задржува нејзиниот младешки изглед.
Рицинусовото масло содржи амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на колаген и еластин во кожата.
ДЕЈСТВО:
Континуирано ги ублажува постоечките брчки, го спречува создавањето на нови и ја обновува кожата. Ги ревитализира клетките на кожата, го успорува процесот на стареење. На природен начин ја враќа свежината и еластичноста на кожата, ја подобрува нејзината микроциркулацијата, ги намалува брчките. За секојдневна нега на зрела кожа. Погодна за сите типови кожа.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Кремата се нанесува секое утро на свежо измиена и исушена кожа на лицето.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата