Dnevna krema protiv brcki Limes Mk Bibi
9115 Дневна крема против брчки со Q10 и хијалуронска киселина, 50 мл

За секојдневна нега на зрела кожа. Погодна за сите типови кожа.

СОСТАВ:

Богата формула од внимателно одбрани висококвалитетни состојки со хијалуронска киселина, рицинусово масло, витамин Е и коензим Q10 е совршен избор за дневна нега на зрела кожа.

Хијалуронска киселина – благодарение на својата посебна структура, ја задржува влагата и и дава волумен на кожата. Со хидратацијата, оваа состојка исто така доставува хранливи материи до клетките на кожата и поттикнува обновување на клетките.

Коензимот Q10 е моќен антиоксиданс и чистач на штетни материи кои доведуваат до предвремено стареење на кожата. Штетни материи се создаваат кога кожата е изложена на УВ зрачење, смог, токсини или консумација на тутун. Овој коензим ги штити нашите колагенски и еластични влакна, кои се одговорни за цврстина и еластичноста на кожата, од штетни материи, па на овој начин се успорува создавање на брчки, опуштање на кожата и се задржува нејзиниот младешки изглед.

Рицинусовото масло содржи амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на колаген и еластин во кожата.

ДЕЈСТВО:

Континуирано ги ублажува постоечките брчки, го спречува создавањето на нови и ја обновува кожата. Ги ревитализира клетките на кожата, го успорува процесот на стареење. На природен начин ја враќа свежината и еластичноста на кожата, ја подобрува нејзината микроциркулацијата, ги намалува брчките. За секојдневна нега на зрела кожа. Погодна за сите типови кожа.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува секое утро на свежо измиена и исушена кожа на лицето.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Дневна крема против брчки со Q10 и хијалуронска киселина
9204 Ноќна антирид крема со колаге, 15 мл

За нега на кожата околу очите и усните. Наменета за сите типови на кожа.

СОСТАВ:

Содржи природни суровини со козметички квалитет, пчелин восок, масло од јојоба, рицинус, витамин Е, витамин А, колаген. 

Ланолинот е корисен за сува кожа, тело и коса. Ланолинот во козметичките производи делува така што ефикасно ја хидрира, ја прави кожата мека, ги лекува испуканите области и се грижи за сувата и лушпеста кожа, делува противвоспалително и ја регенерира кожата. Продира длабоко во кожата и на тој начин ја одржува влажноста. Ланолинот има способност за врзување на влагата на себе, така што на овој начин кожата ја врзува влагата за себе, останува подолго време навлажнета и не се суши. Честа состојка е во козметичките производи за бебиња и деца.

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) и овозможува на кожата да дише слободно, длабински ја храни, не ги затнува порите и во исто време ги хидрира сувите делови на кожата.

Рицинусовото масло го спречува нејзиното сушење, на тој начин ја задржува природната влажност и ја регенерира кожата.

Витаминот Е е природен антиоксиданс, ја штити кожата од негативните ефекти на надворешната средина.

Витамин А 

  • Ја хидрира кожата
  • Ја остава кожата помалку мрсна и избалансирана
  • Го нормализира функционирањето на клетките на кожата на лицето
  • И дава на кожата блескав изглед
  • Го стимулира создавањето на колаген
  • Влијае на еластичноста на кожата
  • Ги отстранува темните дамки
  • Влијае на фините линии на кожата

Колагенот е протеин произведен од нашето тело. Претставува составен дел на сврзното ткиво, што е од витално значење за нашиот организам. Поради природниот процес на стареење кој обично започнува во средината на дваесеттите години, производството на колаген на ниво на кожа почнува да опаѓа, што доведува до намалување на еластичноста на кожата.

На површината на кожата клетките брзо умираат, се создава задебелен слој од мртви клетки, што ги забавува процесите во кожата. Стареењето и надворешните фактори влијаат на намалувањето на производството на колаген, што предизвикува опуштање на кожата и формирање на брчки.

ДЕЈСТВО:

Обезбедува континуирана грижа за чувствителната кожа околу очите и усните. Комплексот на биоактивни материи од кремата поминува во подлабоките слоеви на кожата, со што се спречува создавањето на нови брчки и се исправуваат постоечките. Наменета за сите типови на кожа

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Нанесете мала количина крема на надворешната страна на пределот ололу очите и усните и нежно масирајте.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Ноќна антирид крема со колаген