9115 Крема против брчки со Q10 и хијалуронска киселина, дневна, 50мл - 929 денари

СОСТАВ:

Содржи Q10, витамини и благи материи, рицинусово масло и хијалуронска киселина за подобар ефект на производот.

Коензимот Q10 е природна активна материја во човечкиот организам која има двојна улога, а тоа е да има способност да ја враќа енергијата на ќелиите во кожата и има антиоксидативна заштита на кожата. Во ќелиите на кожата, присуството на материјата на коензимот  Q10 придонесува за претварање на хранливите материи во енергија, која е неопходна за да ќелиите ја остварат својата функција. Меѓутоа, како кожата старее, нивото на коензимот  Q10 се намалува што доведува до енергетски дефицит во ќелиите, па кожата почнува да ја губи цврстината, сјајот и еластичноста. Коензимот  Q10 е многу моќен антиоксиданс, така што ги неутрализира слободните радикали и покрај дејството на негативните фактори на средината како што се УВ зраците и загадувањето и со тоа ја поттикнува синтезата на колагенот и еластинот.

Рицинусово масло има лековито дејство на кожата. Содржи есенцијални витамини и минерали, вклучувајќи витамин Е кој е одличен за хидратација и нега на кожата и косата. Поттикнува производство на колаген и еластин и дава на кожата сјај и еластичност.

Хијалуронска киселина е составен дел на врзивното ткиво на рскавицата, зглобовите, а најмногу ја има во кожата. Има важна улога за врзување на водата во ќелиите на кожата и со тоа ја хидрира.

ДЕЈСТВО:

Со употреба на кремата кожата станува затегната и нежна, а брчките се видливо намалени.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува на свежо измиена и исушена кожа на лицето. Се нанесува во тенок слој, со лесни движења, за кожата лесно да ја впие кремата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.