9112 Крема за после сончање – Лимес Сан, 200 мл

ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА – ТАА Е ПРОЗОРЕЦ НИЗ КОЈ НАШИОТ ОРГАНИЗАМ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ

СОСТАВ:

Кремата Лимес Сан содржи екстракт од невен и убави миризливи ноти на лето, екопроизвод кој е идеален за нега на деца  и возрасни, за секој ден после изложеност на сонце. Освен невен содржи и D-Panthenyltriacetat , диглицерин, Bisabolol, кристали на ментол.

ДЕЈСТВО:

Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност.
Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни заштитни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречува развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.

D-Panthenyltriacetat ги поврзува со кожата витаминот B 5 и коензимот А. Го подобрува капацитетот на задржување на влагата, и дава еластичност на кожата, го зајакнува сврзното ткиво, го активира обновувањето на кожата, спречува надразнување и воспаление, го забрзува зараснувањето на раните. Поради смирувачките својства кои ги поседува во козметиката најмногу се употребува за нега на бебиња и за заштита после сончање.

Диглицерин – поднесува многу високи температури во однос на глицеринот , дури и до 100 степени, продира подлабоко во кожата и овозможува долготрајно задржување на влагата.

Bisabolol – производ на дестилација на јужноамериканското дрво (Vanillosmopsis Erythropapa) е природен антибактериал и антимикотик ја штити кожата од габички, ги отстранува истите и го отстранува непријатниот мирис.

Големиот процент на невен (Calendula Officinalis) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифламаторно (ја ублажува болката, ја намалува зголемената температура), ја поттикнува епителизацијата на кожата.

Ја смирува чувствителната и надразнета кожа. Го забрзува процесот на заздравување и ја смирува кожата од изгорениците настанати при сончање, го смирува воспалението, ги ублажува лузните и отоците при каснување од инсекти.

Кристалите на ментол освежуваат и разладуваат и на тој начин ги ублажуваат отоците, болката и прегревањето на воспалените места. Ментолот има анестетичко дејство.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на чиста и сува кожа, по изложеност на сонце. Може да се нанесува неколку пати на ден, зависно од потребата. Ја лади и смирува иритираната, зацрвенета, изгорена кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Крема за после сончање – Лимес Сан

9114 Беби шампон купка, 250 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на невен, камилица, токоферол, провитамин B, D-пантенол.

ДЕЈСТВО:

Екстрактот на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Невенот ја храни и регенерира кожата.

Камилицата (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително и антибактериски на кожата.

Купката е формулирана на база на благи и високо квалитетни активни материи. Неутрална е и безбедна, дури за најчувствителната детска кожа. Нејзиното благо дејство го гарантираат екстрактите на невен, токоферол и провитамин B.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Купката создава богата пена која лесно се плакне и не ги надразнува очите, така што капењето за бебињата претставува уживање.

Се употребува за миење и нега на кожата и косата. Се користи за капење на бебето, доволно е 1 дневно, може да се мие и косата бидејќи е 2 во 1 и купка и шампон. Се става малку, не ги иритира очите и кожата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Беби шампон купка

9113 Детски шампон купка, 250 мл

СОСТАВ:

Содржи природни активни материи и екстракт на камилица.

ДЕЈСТВО:

Екстрактот на камилица (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително, смирувачки и антибактериски на кожата.

Детскиот шампон – купка е направен со идеална комбинација на екстрактот на камилица и внимателно одбрани природни активни материи кои овозможуваат ефикасно капење со благотворно делување на кожата и косата. pH вредноста е приспособена на кожата, со што во потполност е заштитена нејзината природна обвивка и кожата станува чиста и нежна без воспаление, сушење и лупење. Косата добива здрав, негуван и сјаен изглед.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се користи за капење на детето, доволно е 1 дневно, може да се мие и косата бидејќи е 2 во 1 и купка и шампон. Се става малку, не ги иритира очите и кожата. Одлична купка за деца склони кон алергии.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Детски шампон купка

9205 Беби крема, 55 мл

СОСТАВ:

Идеална комбинација на екстракт од камилица (Chamomilla matricaria) и внимателно одбрани природни масни материи и активни компоненти. Кремата има антибактериски својства.

ДЕЈСТВО:

Кожата многу често директно е изложена на штетното влијание на надворешната средина, ветер и студ во зимските месеци и сонце во летните месеци. Исто така со често миење, ја губи еластичноста и отпорноста.

Детската кожа е многу потенка во однос на кожата на возрасните, па со самото тоа е почувствителна и наклонета кон воспалување и дехидратација. Доколку не се заштити со соодветни средства, може да дојде до настанување на црвенило и лупење, кои предизвикуваат чешање, што може да предизвика сериозни проблеми кај бебињата заради чешањето кое е тешко да се контролира. Како последица на чешањето, на чувствителната детска кожа се создаваат егземи и рани. Заради тоа многу важно е редовно да се негува бебешката кожа со благи средства кои спречуваат сушење и ја чуваат кожата од штетни надворешни влијанија.

Екстрактот на камилица на кожата и дава влажност, ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта. Помага кај акни, алергии, измрзнатини, инфекции на рани, изгоретини и пликови. Кремата има антибактериски својства.

  • На кожата и дава влажност
  • Ја негува и штити од воспаленија
  • Ја зголемува отпорноста
  • Има заштитен UV фактор од сонце
  • Ја прави кожата мека и мазна

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневна нега на чувствителната бебешка кожа. По миење или капење со нежни движења се нанесува кремата на лицето и телото на Вашето бебе. Лесно се втрива и брзо се апсорбира.

Кремата може да се употребува и повеќе пати во текот на денот, а посебно кога бебето се изложува на сонце, ветер или студ. Посебно се препорачува на бебиња со сува и оштетена кожа која е наклонета на егземи и алергии.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Беби крема