9013 Концентрат за чистење на мермер 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви материи

ДЕЈСТВО:

Специјално средство за чистење на сите  видови на тврди ѕидни, подни и други мермерни керамички, бетонски и слични површини. Бидејќи спаѓа во редот на еколошки, биоразградиви средства  може да се употребува и во затворени простории затоа што нема штетни испарувања.

Има освежувачко дејство и благ мирис. Производот е високо концентриран, наменет е за рачно и за машинско чистење.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

За нормално извалкани површини се раствора 10л вода со 100 мл концентрат.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Концентрат за чистење на мермер

9014 Тепих шампон, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви материи.

ДЕЈСТВО:

Тепих шампонот со екстракт на босилек е производ на новата технологија за машинско и рачно перење и чистење на текстилни површини и теписи. Квалитетно и без оштетување отстранува нечистотии на прекривки, теписи, стази и слични површини. Екстрактот на босилек во формулата на овој производ има ефект на дезинфекција.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Производот е високо концентриран. За нормално извалкани површини потребно е да се направи раствор од 10 литри вода и 100мл тепих шампон.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Тепих шампон

9018 Мулти стронг гел, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек.

ДЕЈСТВО:

Благодарение на врвната формула целосно ги отстранува и најтврдокотрните дамки, дава блескав сјај на садовите, а при тоа ја штити нивната површина. Ефикасно ги отстранува остатоците од храната, лесно се плакне. Пакувањето од 500 мл овозможува поголем број миења со што се постигнува заштеда во домаќинството.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • се отстрануваат остатоците од храна од садовите
  • машината се полни според упатството од производителот
  • концентратот се става во соодветната преграда во зависност од тврдината на водата
  • за мека вода 15 мл
  • за средна вода 20 мл
  • за тврда вода 25 мл

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Мулти стронг гел
Концентрат за садови (9007) 500мл - 566 денари, (9017) 250мл - 317 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и глицерин.

ДЕЈСТВО:

Заради екстрактот на босилек и глицерин многу добро делува на рацете, така што лицата со многу чувствителна кожа можат да го употребуваат без заштитни ракавици. Одмастува и во потполно ладна вода, дезинфицира и на садовите им дава висок сјај. Не остава дамки на стаклото и приборот за јадење, па нема потреба од нивно бришење. Со употреба на ова средство се одмастуваат и одводните цевки, со што нивното чистење е сведено на минимум. Успешно ја смирува егземата и псоријазата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Концентратот се употребува разблажен во однос 1:8 до 1:10. Заменува 4,5-5,5 литри квалитетна течност за миење садови, со што се постигнува голема заштеда во домаќинството.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Потполно е безопасен доколку случајно дојде некоја капка во дигестивниот трак. Тоа често се случува доколку концентратот во потполност не се исплакне од садовите, а познато е дека за да бидат садовите убаво исплакнати треба да се плакнат барем 15 минути. А кој има денес време за тоа? Затоа ако ви е важно здравјето на вашето семејство и пред се на вашите деца, користете безбеден сјај кој во исто време е и многу економичен

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Концентрат за садови

9008 Универзален концентрат, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и невен, глицерин, биоактивни материи.

ДЕЈСТВО:

Ефикасно чисти стакло, порцелан, керамика, дрво, обоени површини, а може да се употребuва и за миење на автомобили и машини. Се употребува во домаќинството за чистење на елементите во кујната, тави, модерни садови, санитарии, пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети (бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава блескава белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува третираната површина.  Навлегува низ наталожената нечистотија и чисти, а при тоа не остава траги и гребнатинки.

Може да го замени било кој концентрат од колекцијата Селекта.

Универзален концентрат на Лимес

УНИВЕРЗАЛЕН КОНЦЕНТРАТ – исклучително штедлив, економичен бидејќи е многу концентриран и се користи само по една до две капки. Нема потреба од употреба на ракавици и маскиТелефон за нарачка 071/ 289 007Содржи екстракт на #БОСИЛЕК, #НЕВЕН, #глицерин и ♻ биоактивни материи. Овој #универзален #концентрат може да го замени било кој производ од колекцијата #Селекта на #Лимес. 🍀🌺Ефикасно чисти керамика, #стакло, пластика, порцелан, дрво, други обоени површини во вашето #домаќинство, а може да се користи и за миење на #автомобил и машини 👌🍀🌺Милениците искапени со овој концентрат имаат посјајно влакно, посебно оние со жолтеникава боја🍀🌺Се користи како додаток на прашокот за перење, со цел да се отстранат флеки од облеката, а ако флеката е поголема се капнува директно на облеката. Вади флеки од кафе, р'ѓа, маснотија, овошје, мастило, фломастер, шминка.., па дури и уље за автомобили🍀🌺Одличен е против #бигор🍀🌺Се користи и за побрз раст и развој на растенијата, цвеќињата🍀🌺За чистење на флека од фарба која останува на челото, ушите, вратот.500мл – 420 денари#LimesMk #domakinski #ekoloski #еколошки #majki #ЛимесМкБиби #bosilek #zenski #женски #univerzalen #koncentrat #Limes #здравје #ЛимесМк #цвеќе #хигиена, #дезинфекција #миленици #LimesMkBibi

Posted by Limes МК – Еколошки производи #Биби on Sunday, July 22, 2018

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • За чистење на накит – раствор 1:5
  • За чистење на мотор на автомобили – раствор 1:3
  • За чистење на каменец – раствор 1(оцет) : 2(концентрат)
  • За чистење на стакла – раствор од 1/2 литар вода и неколку капки концентрат
  • За рачно и машинско перење на облека – комбинација 2 капачиња универзален концентрат и концентрат за облека.
  • Отстранување на флеки – на исфлеканото место се нанесуваат неколку капки чист концентрат , се остава да делува неколку минути и се пере или се остава да се исуши, па се четка.
  • Може да се користи за отстранување на флеки од кафе, рѓа, маснотија, овошје, мастило, фломастер, шминка, фарба од теписи, облека и други ткаенини. Доколку не успеете да ги отстраните флеките со еден обид, повторете го процесот неколку пати.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Универзалниот концентрат може да се употребува за капење на домашни миленичиња
  • Раствор од 1 литар вода и 5 капки концентрат за прскање на цвеќиња
  • Раствор од концентрат и вода може да се употребува за прскање на облека заради полесно пеглање
  • За хемиско чистење на одела – раствор од 1 литар вода и лажичка концентрат, со четка за одело се четка материјалот.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.


9008 Универзален концентрат, 500мл – 443 денари
Continue Reading Универзален концентрат

9009 Концентрат за теписи, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви активни материи.

ДЕЈСТВО:

Се употребува за машинско и рачно перење на теписи, мебел, капути, авто седишта, навлаки, може да се употребува во сите машини со четки. Не предизвикува штетни и непријатни испарувања.

Пената ги ,, обвиткува“ честичките од прашина, ги издвојува и ја исфрла нечистотијата на површината на тепихот. Откако концентратот ќе ја заврши својата работа, потребно е само да се исчисти со правосмукалка и таа ќе биде потполно отстранета.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се прави раствор од 2 литри вода и едно капаче концентрат. Површината која се третира со концентратот потребно е прво да се исчисти со правосмукалка, се прави богата пена од раствор и се нанесува со сунгер на површината за чистење. Се остава да делува 6 часа, а заради подобар ефект и во случај на поголема извалканост да се остави преку ноќ, да не се гази и наутро повторно да се исчисти со правосмукалка.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • По чистење на капути, потребно е само добро да се исчетка
  • Стари, веќе третирани флеки пред нанесување на пена, да се намачкаат со чист концентрат
  • Доколку флеките по првиот третман не се отстранат, постапката се повторува уште еднаш
  • Доколку и во тој случај не се отстранат, да се употреби паста за домаќинство или универзален концентрат

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Концентрат за теписи

9003 Концентрат за стакло, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек кој има антибактериско својство и пријатен мирис.

ДЕЈСТВО:

Ефектите се повеќекратни: го чисти и дезинфицира стаклото, му дава висок сјај, на стаклото остава богат заштитен филм кој спречува задржување на капките од вода и го намалува ефектот на валкање. Стаклата не се замаглуваат и не замрзнуваат на температура до – 5 степени целзиусови. Успешно ги чисти фарбаните и лакираните површини. Заради големата концентрација на босилек може да се употребува и како средство против комарци. Го намалува присуството на грињи или потполно ги уништува. Ефикасно ги отстранува саѓите од мазут и маснотии.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

За чистење на стаклени површини се раствора во однос 1:1 до 1:3 во зависност од извалканоста, се прска и се брише со сува крпа. Се додека постои заштитен филм на стаклото, се чисти само со бришење со сува крпа, а кога филмот ќе исчезне, постапката се повторува со разблажен детергент. За ТВ екрани, авто стакла, огледала, очила најдобро е да се употребува неразблажен концентрат затоа што спречува замаглување и смрзнување на очилата.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • За заштита од комарци доволно е откриените делови од телото да се измачкаат со концентрат или да се напрскаат со раствор и на тој начин ќе избегнете каснување од комарци. Доколку навреме не сте се намачкале и дошло до каснување, местото намачкајте го со концентрат и сигурно нема да имате непријатно чешање и оток.
  • При чистење со детергентот се намалува можноста за собирање на прашина на мебелот и фарбаните површини.
  • За уништување на грињите доволно е со раствор од 1:1 да се попрскаат креветите, перниците, постелнината, теписите, завесите, полиците во ормарите и сите достапни места во куќата.
  • Попрскано цвеќе со раствор 1:5 не привлекува прашина и многу побрзо расте.
  • Со растворен детергент за стакло може да се попрска облеката при пеглање. Сувата облека се прска со раствор 1:3 и се пегла, флеки од растворот нема да останат на облеката.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Концентрат за стакло