- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:13/07/2019
- Post Category:Деца / Жени / Козметика / Колекција РОСА / Лице / Мажи / Нега / Тело
- Post Comments:0 Comments
За нега на тело. Наменето е за сите типови на кожа, посебно за сува и нормална кожа.
СОСТАВ:
Формулација за повисоко ниво на хидратација во подлабоките слоеви на кожата. Содржи висококвалитетни состојки кои ја хранат и хидрираат кожата и одржуваат баланс на влажноста правејќи ја мека, мазна и еластична.
АЛОЕ ВЕРА– Основната функција на Алое вера е да помага кожата да остане хидрирана, но тоа не е неговата единствена улога. Билката на Алое вера содржи повеќе од 20 минерали. Некои од нив се неопходни на кожата за да ја задржи еластичноста и да ја зајакне заштитната бариера. Алое вера во себе содржи голема количина на цинк кој подобрува зараснување на рани и поттикнува создавање на колаген. Калциум, калиум и железо кое ги содржи алое вера се добри за целокупниот имун систем на кожата. Само кожа со јак имунитет ќе остане отпорна на штетните влијанија од надворешната средина на кои сме се повеќе изложени во денешно време.
Маслото од јојоба претставува вистински дар од природата за нега на лице и тело, а за тоа треба да се заблагодариме на хранливите состојки кои се содржани во ова масло, а кои се неопходни на кожата. Тајната на маслото на јојоба лежи во неговиот состав кој е богат со витамин Е, комплекс на Б витамини, цинк, јод, бакар, хром, масни киселини и селен. Кожата одлично го прифаќа бидејќи има сличност со природниот себум кој кожата сама го лачи. Маслото од јојоба е одлично за нега на сите типови на кожа, а посебно за сува кожа.
Витаминот Е има изразено антиоксидативно дејство. Што точно тоа значи? Значи дека витаминот Е има моќ да ги неутрализира слободните радикали (штетните материи) кои се создаваат како нормална последица на стареење, употреба на цигари, прекумерно изложување на сонце или загаден воздух, а кои ја оштетуваат кожата и го уништуваат колагенот, со што ја смалуваат нејзината еластичност. За нашите потрошувачи, со употреба на нашето млеко за тело да добијат се што е потребно за нивната кожа беше важно да се зголеми количината на витамин Е.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Мала количина на млеко се нанесува на чиста и сува кожа. Се втрива со кружни движења и се остава кожата да впие.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата