Крема за пределот околу очите и усните. Погодна е за сите типови кожа.
СОСТАВ:
Кремата за пределот околу очите и усните е лесна формулација која делува превентивно, зголемувајќи го природното ниво на коензим Q10 во кожата, збогатена со активната супстанција неодермил, витамини, екстракт од квасец и корените на растението Див јам.
Коензим Q10 – го штити и обновува колагенот и еластичните влакна во кожата, кои се одговорни за еластичноста и цврстината на кожата.
Неодермил е биоактивна состојка, слична на колагенот и има за цел значително да ја подмлади кожата. Ги поттикнува ензимите да создаваат и да го зголемуваат нивото на колаген и еластин во кожата, со што се намалува длабочината на брчките.
Екстрактот од клетките од квасецот – има улога да го активира природниот одбранбен механизам на кожата и на тој начин ја штити кожа од негативни влијанија од надворешната средина.
Екстрактот од коренот на растението Див Јам има важна функција за формирање на колаген во кожата.
Антирид кремата Q10 содржи и компонента која игра важна улога во спречувањето на појавата на брчки поради штетнто дејство на УВ зрачењето од сонцето.
ДЕЈСТВО:
Кожата брзо ја впива кремата, која продира во подлабоките слоеви, континуирано ги омекнува постоечките брчки, спречува формирање на нови и ја обновува кожата. Малите брчки исчезнуваат во рок од три до четири недели, ги намалува темните кругови.
✅ Мазна, затегната и здрава кожа без темни кругови околу очите.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува секојдневно по чистење на лицето и отстранување на шминката од очите. Се нанесува мала количина на крема од надворешната страна на пределот околу очите и усните и нежно се масира.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата