9207 Антицелулит крема гел, 200 мл

СОСТАВ:

Антицелулит крема-гелот е врвен производ кој во себе содржи најквалитетни супстанции меѓу кои се екстракт на бршлен, витамин Е и јојоба.

Екстрактот на бршлен продира во кожата благодарение на своите активни состојки сапонини, го разградува целулитот вршејќи природен процес на липоза. Го поттикнува метаболизмот на кожата и поткожното ткиво како и производството на хијалуронска киселина во кожата. Со што таа станува поцврста и еластична.

Витаминот Е регенеративно влијае на кожата, ја заздравува и ја чува од пропаѓање. Познат е као витамин на младоста и убавината и е еден од главните состојки задолжени за затегната и здрава кожа.

Маслото од јојоба одлично ја влажни кожата бидејќи продира во ќелиите и многу лесно и брзо се впива со што кожата ја остава кадифена и мека.

ДЕЈСТВО:

Антицелулит крема гел, кожата со целулит, по редовен третман, ја претвора во мазна, сјајна и еластична. Оваа формула на база на билки, ја освежува, го намалува заморот на кожата, го намалува целулитот и го редуцира вишокот на масни наслаги. Неговиот иновативен комплекс за затегање на кожата поттикнува микроциркулација, и го враќа тонусот и цврстината. Масните наслаги од кожата се топат, обемот на колковите, бутовите и останатите третирани делови се смалува, со што вашата фигура изгледа преобликувано. Кожата станува мазна и зацврстена на клучните делови на телото: бутовите, задница, страни, струк и стомак.

Делува тројно на целулитот: ги отстранува масните нсалаги, течностите од телото и поттикнува производство на колаген и еластин кои кожата ја прават мазна и затегната.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува ма сува и чиста кожа и се масира со кружни движења.

За најдобри резултати препорачуваме да се нанесува два пати дневно најмалку петнаесет дена а потоа еднаш дневно. Со употреба на овој препарат се препорачува нискокалорична исхрана и физичка активност.

По четири недели на употреба на гелот, повеќето жени се сложиле со оценката дека нивните тела делуваат помладо, без целулит и намален обем за неколку сантиметри.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Антицелулит крема гел
Nokna krema so propolis Limes Mk Bibi
9217 Природна крема – ноќна, 60 мл

За нега на кожата во текот на ноќта. Посебно се препорачува за сува кожа.

СОСТАВ:

Природна ноќна крема со пчелин восок, екстракт од прополис и масло од јојоба за нега на исклучително сува кожа. 

Јојоба маслото е растителна смола добиена од плодовите на мексиканско растение. Индијците први го користеле за лекување на рани и како средство за дехидрација на кожата и косата, со оглед на тоа што постојано биле изложени на сонце. Го нарекувале течно злато. Исклучително ја навлажнува и омекнува кожата така што создава немрсен липиден слој и спречува губење на влага, а потоа го омекнува ткивото. Со користење на производи базирани на масло од јојоба, кожата станува мека и фина и кадифена. И овозможува на кожата да дише слободно, длабоко ја храни, не ги затвора порите и во исто време ги хидрира сувите делови на кожата. Поради високата содржина на јод има антимикробно дејство кое спречува развој на габи и бактерии на кожата. Се користи за изгореници од сонце и испукана кожа.

Прополисот е пчелин производ кој делува против бактерии, габи и воспаленија. Има анестетичко, антиоксидативно дејство, ја стимулира регенерацијата на ткивата. Бактериите не развиваат отпорност кон него, нема штетни несакани ефекти. Прополисот го подобрува клеточниот метаболизам, што доведува до затегнување на кожата.

Восокот ја прави кожата мазна и еластична, а со тоа влијае и ја зголемува отпорноста на кожни болести. Обезбедува хидратација на кожата.

Глицеринот го прави кремот полесен и овозможува кожата подобро да ја впие кремата и кожата добро да дише.

Д-пантенолот дополнително хидрира, ја одржува еластичноста и мекоста, што и одговара на сувата кожа.

ДЕЈСТВО:

Mеханизмот на делување на кремата на кожата е дизајниран така што кога се нанесува се создава филм полупропустлив за вода, со што овозможува водата од кремата да не испари од површината на кожата, туку со природните активни компоненти продира во подлабоките слоеви на кожата, ги храни клетките, ги неутрализира оксидативните ефекти на клеточната мембрана, го забавува стареењето на клетките – го продолжува нивниот животен век. Сите овие процеси во кожата се поинтензивни во текот на ноќта, па се препорачува како природна крема за ноќна нега на лицето.

  • Делува антиоксидативно и биостимулативно
  • Длабински го интензивира клеточниот метаболизам
  • Обезбедува хидратација на кожата
  • Ги храни клетките на кожата, ги регенерира и поттикнува создавањето на нови
  • Го успорува стареењето на клетките – го продолжува нивниот животен век
  • Со користење на кремата кожата станува затегната, сјајна и здрава.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • Кремата се нанесува навечер на претходно исчистена кожа со нежно втривање.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Природна крема, ноќна