9121 Гентлемен со невен и алантоин, 250 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на невен и алантоин, хијалуронска киселина, и други активни материи кои делуваат на кожата и косата и по употребата стануваат совршено хидрирани, миризливи и негувани.

  • Гелот за туширање содржи хијалуронска киселина која делува регенеративно, ја негува кожата и ја омекнува косата. Исто така има благ кондиционирачки ефект.
  • Алантоинот како активна материја помага во создавање на нови ќелии на кожата, ја поттикнува циркулацијата и ја обновува кожата на главата.
  • Склопот за благи материи, кондиционер, екстракти на невен и алантоин влијае на мекост и заштита на кожата.
  • Екстрактот на невен влијае на коренот на влакното, го поттикнува растот и не ја суши косата.

ДЕЈСТВО:

3 во 1 гел за туширање. Идеална комбинација за секојдневна употреба. Мирисна формула која дава долготрајно чувство на чистота и свежина во текот на целиот ден. Гелот за туширање 3 во 1 се употребува за миење на косата, на лицето и на целото тело.

Богат е со материи кои поттикнуваат зајакнување на заштитната функција на кожата, а благодарение на присуството на благи агенси косата станува мека и сјајна.

Активните материи од екстрактите на невен и алантоин делуваат на кожата и истата по употребата станува совршено хидрирана, миризлива и негувана.

Се употребува за сите типови на кожа и коса.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се користи при туширање/капење, за хигиена на целото тело, вклучувајќи ја и косата. Може да се користи секојдневно.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Џентлмен со невен и алантоин
Nokna krema protiv brcki Limes Mk Bibi
9206 Ноќна крема против брчки со колаген и хијалуронска киселина, 50 мл

За нега на кожата на лицето, вратот и деколтето.

Најголем процент на регенерација на кожата се случува во текот на ноќта. Како што кожата старее, регенерацијата се забавува.

СОСТАВ:

Хармоничен состав базиран на природни суровини со козметички квалитет, витамин Е, масло од јојоба, колаген и хијалуронска киселина е идеален за нега и регенерација на кожата во текот на ноќта.

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) е погодно за сите типови кожа. Го регулира создавањето на себум, ја храни и враќа рамнотежата на мешаната кожа, ја регенерира и ја враќа еластичноста. Ја навлажнува и омекнува кожата со создавање на немасен липиден слој кој го спречува губењето на вода, а потоа го омекнува горниот слој на ткивото на кожата.

Хијалуронската киселина е хидрофилна супстанца која има способност да се врзува за себе дури и во подлабоките слоеви, ги задржува молекулите на водата  – 1 грам е способен да врзе дури 6 литри вода. Освен што ја хидрира кожата, ги обновува колагенските врски и го спречува нивното распаѓање, ги храни клетките, учествува во нивниот раста и ги исполнува меѓуклеточните простори, што на ткивото на кожата му дава волумен, цврстина и мазност.

Колагенот е протеин кој природно се наоѓа во поткожното ткиво. И дава еластичност и цврстина на кожата. Со стареење се јавува негов недостаток и збрчкување на кожата, па многу е важно да се надомести во форма на креми.

ДЕЈСТВО:

Кремaтa е богатa со есенцијални масни состојки, неопходни за создавање на нови клетки. Го забрзува клеточниот метаболизам, одржува киселинско-базна рамнотежа и го намалува негативното дејство на слободните радикали.

  • Длабински ја храни и ја зајакнува структурата на кожата со зголемување на нивото на влажност
  • Спречува предвремено стареење на кожата, им дава енергија на клетките
  • Го враќа тонусот и еластичноста на кожата и ја прави посјајна
  • Ситните брчки исчезнуваат
  • По четири недели брчките се видно намалени и до 50%

Усовршениот комплекс од биолошки активни состојки има за цел да ги спречи и ублажи последиците од предвременото стареење и да ги зајакне одбранбените способности на кожата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Нанесете ја кремата навечер пред спиење на чиста и сува кожа на лицето, вратот и деколтето.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ноќна крема против брчки со колаген и хијалуронска киселина