hyperhidrosis

Хиперхидроза – прекумерно потење и непријатна миризба

Потењето е нормален физиолошки процес чија цел е да ја регулира телесната температура на организмот и делува како одбрамбен механизам кој го штити организмот од прегревање. Всушност кога надворешната температура е значително висока, телото преку потењето се лади. И тоа е процес кој ние не можеме свесно да го контролираме. Токму поради тоа што процесот на потење е регулиран од централниот нервен систем, некогаш при состојби на стрес, возбуда, страв, нашиот организам испраќа сигнали до централниот нервен систем дека сме во некаква опасност при што лачењето пот е одбрамбен механизам.

hyperhidrosis1

Преку потта од нашето тело се лачат токсични материи што настанале како нуспродукт во процесите на метаболизмот. Потта содржи 99% вода и 1% органски и аноргански материи. Излегува од потните жлезди, кои се распоредени по целото тело, но најмногу под пазувите, на дланките, на стапалата, под градите. Водата од потта механички ја чисти кожата и ја зголемува нејзината влажност и ја дава потребната масност. Влажноста на дланките овозможува подобро функционирање на рацете па затоа кога постои сувост на кожата имаме потреба дополнително да ги навлажиме. Влажноста на стапалата овозможува подобра еластичност на екстремитетите.

Прекумерното потење уште се нарекува хиперхидроза. Оваа состојба се појавува уште во пубертетот и почеста е кај жените.

Прекумерното потење може да биде толку изразено, и видливо, што може да предизвика срамежливост, комплекси, недостаток на самодоверба кај личноста кај која се појавило.

Состојби кои допринесуваат да дојде до прекумерно потење се:

  • стресните ситуации 
  • прекумерна тежина
  • наследни предиспозиции
  • проблеми со тироидната (штитната) жлезда
  • метаболни нарушувања
  • дијабет
  • хормонски нарушувања
  • преголем внес на никотин и кофеин
  • одредени лекарства, меѓу кои и антидепресивите….

За да се исклучи некој здравствен проблем, најдобро е веднаш кога ќе се примети состојбата, да се консултирате со доктор.

Мажите кои се потат премногу можно е да имаат ниско ниво на тестостерон, а жените ниско ниво на естроген, што го означува почетокот на менопаузата.

Откако ќе се исклучат здравствените проблеми, може да се премине на третирање на симптомот. Најдобар лек за засиленото потење е редовната хигиена со соодветни козметички средства, правилната исхрана, спортскиот живот, соодветна гардероба и чевли.

Некои користат антиперспиранти кои го спречуваат потењето. Најголем дел од нив содржат соли од алуминиум, цинк и циркониум, коишто ги стеснуваат порите и на тој начин спречуваат потење. Се нанесуваат навечер, а наутро треба да се одмијат за да немаат последици по здравјето. Сепак консултација со доктор најдобро ќе ви помогне при изборот на идеалниот метод за вашата состојба. Не е исклучена можноста за ботокс инекции, операција, ласерски третмани и сл. 

Засиленото потење најчесто оди во комбинација со непријатна миризба. Миризбата доаѓа од распаѓањето на некои материи што се наоѓаат во потта. Ако потта не се отстранува подолго време, особено во лето, се создава идеална средина за развој на бактерии, па кожата може и да се воспали, па покрај непријатната миризба да се чувствува и болка.

Најбезбедна секако е методата со употреба на дезодоранси кои ќе ја неутрализираат миризбата, а при тоа нема да ги затворат порите и да го спречат потењето. Но внимавајте, најчесто и дезодорансите содржат алуминиум и цинк, кои ја сушат кожата и можат да предизвикаат алергии; но и алкохол, којшто ја иритира кожата, особено непосредно по депилација. Затоа, внимавајте на состојките и одберете природни дезодоранси на база на билки.

Обрнете внимание уште на неколку совети кои ви ги препорачуваме за да немате проблем со непријатна миризба.

  • внимавајте на исхраната, одредени намирници предизвикуваат непријатна миризба при потењето, како пиперки, зачинета храна, кромид, лук и сл.
  • туширајте се со антибактериски сапун на база на билки, без хемикалии. Тој ќе допринесе за намалување на количината на бактерии на кожата и ќе го намали непријатниот мирис.
  • по туширањето избришете ја водата од целото тело со крпа, да остане кожата сува, како би се оневозможило создавање на средина погодна за развој на бактериите.
  • нанесувајте дезодоранс навечер пред да си легнете, кога потните жлезди се помалку активни. Наутро повторно ставете дезодоранс. Користете дезодоранси без алуминиум кој ги затвора порите
  • не користете антиперспиранти на веќе испотена кожа. Прво истуширајте се па потоа одберете што ќе ставите.
  • користете памучна облека
  • редовно отстранувајте ги влакната под пазувите
  • не носете чевли на боса нога, и не носете исти чевли 2 дена по ред.
 

Денес на пазарот има огромен избор на козметички средства за неутрализација на миризбата и за намалување на потењето. Кое ќе го одберете зависи од вас.

Наша препорака е секако нешто природно на база на билки, кое нема да ви ја иритира кожата. Нашиот избор е дезодоранс или ролон од Лимес, како за жените, така и за мажите и за децата.

Continue Reading Хиперхидроза
9401 Мелем против потење на нозе, 150мл - 861 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и витамини.

Босилекот (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и спречува развој на микроорганизми.

Со витамините има задача да ја негува кожата додека специјалната формула на алуминиум, силициумова и борна киселина делува така што во мала мера го намалува потењето и во исто време ги убива бактериите.

ДЕЈСТВО:

На многу ефикасен начин се спречува размножување на бактерии и габички на површината на кожата на нозете.

На тој начин не доаѓа до разложување на потта што директно го елиминира непријатниот мирис на нозете. Мелемот не ја пореметува природната секреција на нозете туку го неутрализира непријатниот мирис, што и дава свежина на кожата на нозете. Мелемот го отстранува непријатниот мирис на нозете, односно нуспродуктите од неговото распаѓање.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На претходно измиени нозе со антибактериски сапун се прска мелем против потење на нозе. За да се постигне очекуваниот ефект, постапката треба да се повторува 15 дена во континуитет. Се прави пауза од неколку дена, после што постапката се повторува.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Мелем против потење на нозе
9403 Касталим гел, 100мл - 906 денар

СОСТАВ:

Ефикасноста на производот се добива со синергетско дејство на природниот екстракт од див костен, екстракт на босилек, а сето тоа поврзано со природно масло од неизбежната билка мента пиперита. Сите компоненти се вградени во лесна хидрофилна подлога од која активните принципи полесно се апсорбираат, а ресорпцијата и продирањето во најдлабоките слоеви овозможена е со природата на самите активни компоненти.

Мелемот е формулиран на база на природни состојки. Активните состојки се од сосема еколошко потекло, богати со голема содржина на флавоноиди, олигоминерали (јод, калиум, калциум, магнезиум), аминокиселини, протеини, полифеноли, витамини Е, Ц и голем број на витамини од групата на Б.

Производот во својот состав има доста полисахариди кои претставуваат градивни елементи на секоја ќелија, со тоа воедно се постигнува регенерација на изумрените ќелии кои се последица на лошата циркулација на периферните крвни садови.

ДЕЈСТВО:

Помага кај: болки, напнатост во нозете, отоци, ја подобрува циркулацијата, постепено ги отстранува проширените капилари, ги намалува вените, на кожата на нозете им ја враќа природната боја, ги зајакнува крвните садови во нозете, го олеснува отежнатото одење, ја намалува зголемената топлина во нозете заради напнатоста на крвните садови, дава ефект на ладење.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Мелемот се нанесува на нозете со нежни движења без притосок, се размачкува по целата површина и тоа одејќи од петите кон горните делови на нозете. Кога ќе се впие и ќе се исуши, нозете треба да се намачкаат со СПА крема со краставица, екстракт на невен и масло од јојоба. Постапката на размачкување е иста како и при нанесување на мелемот.

Да се чува на суво, темно и ладно место, надвор од досег на деца.

НАПОМЕНА:

Со синергетско делување на мелемот и хранливата крема за регенерација се постигнуваат  врвни резултати при тераписката постапка. Кожата е хидрирана, негувана и еластична.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Касталим гел
Aromaticna Bio Sol Limes Mk Bibi
9111 Ароматична био сол со невен и босилек, 450 г

Ароматичната БИО сол за капење, со додаток на природни билни екстракти, благотворно делува на целиот организам. 

СОСТАВ:

Мешавина од најквалитетни мирисни ноти која ја освежува кожата и целото тело.

ДЕЈСТВО:

Морската сол во Вашата топла купка:

  • Го отстранува чувството на сува кожа
  • Ги проширува и чисти порите
  • Ја нормализира рамнотежата на водата во кожата
  • Ефикасно ги елиминира токсините
  • Го опушта нервниот систем, помага во борба против несоница
  • Има подмладувачко влијание на кожата, делумно го решава проблемот со целулитот
  • Ги опушта мускулите и ја ублажува напнатоста во телото оставајќи чувство на мир и спокој
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Го отстранува вишокот на влага која се собира во телото, ја отстранува подуеноста
  • Помага за губење на тежината

Како еден од ефектите на морската сол да ги проширува и чисти порите, така водата со активните принципи од билките (екстракт на невен и босилек), доаѓа побрзо до ќелиите и благодарение на осмозата продира во нив. Сето тоа доведува до побрзо обновување на ќелиите а со самото тоа кожата станува мазна, свежа и здрава.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Додајте до 100 г сол во водата за капење на температура 36-38°C и уживајте во купката 10-20 минути. По употребата кадата измијте ја со топла вода.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ароматична био сол