Semejna krema melem Limes Mk Bibi
9201 Семејна крема, 150 мл

За нега на сите типови на кожа.

Ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на невен и босилек и внимателно одбрани природни состојки, благотворно делува на вашата кожа. Не ги затвора порите, лесно се размачкува и не се отстранува целосно во допир со вода. На тој начин ја штити кошата од сушење. Пријател на целото семејство.

СОСТАВ:

Невен: (Calendula officinalis flower extract) Секое поединечно ливче од цветот на невен содржи пет соединенија – олеинска киселина, лупеол, кверцетин, α-амирин и β-амирин. Овие активни соединенија се опширно проучувани и се познати по тоа што обезбедуваат антиоксидантна заштита, ја смируваат кожата и ја намалуваат непријатноста. Ефективните соединенија на невен помагаат за видливо подобрување и смирување на кожата. Помагајќи да се намали непријатноста, семејната крема со екстракт од невен и помага на кожата да изгледа мазна, сјајна и свежа. Календулата делува како анти-иритант и ја враќа иритираната кожа во нормална состојба.

Босилек: (Ocimum basilicum extract) е богат со есенцијални масла, витамини, омега-3 киселини и минерали. Поради своите состојки се покажал како корисен против стареење на кожата и појава на брчки. На кожата и дава свеж изглед, поради што се користи во козметиката. При истражување на кремите, потврдено е дека кремите за лице со екстракт од босилек во споредба со оние без босилек, покажале подобар ефект на кожата – ја зголемуваат влажноста и ја намалуваат грубоста на кожата. Поради својот уникатен состав, има антиинфламаторно дејство, спречувајќи развој на воспаление на кожата.

Глицерин: е соединение кое има три атоми на водород и е одличен за навлажнување на кожата. Глицеринот ја собира водата од воздухот и ја принудува да помине низ порите и да стигне до подлабоките слоеви на кожата на лицето. Кога клетките на кожата „не се жедни“, тие можат да произведат поголеми количини на колаген и еластин.

ДЕЈСТВО (од лични искуства на клиенти):

  • ја штити и негува кожата на лицето и телото
  • не ги затвара порите и лесно се размачкува
  • ја хидрира кожата
  • делува дезинфицирачки
  • брзо ги лекува раните и гребнатините
  • смирува воспалена кожа
  • во комбинација со антибактерискиот сапун дава исклучителни лековити дејства. Помага при алергии, хемороиди, акни и сл.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Еднаш дневно, а во зависност од проблемот и повеќе пати во текот на денот да се нанесува кремата на кожата на лицето-телото, благо да се втрие и да се остави да делува. Се препорачува на лица со чувствителна, сува и испукана кожа, бебиња и мажи за после бричење.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.