Невен (calendula officinalis)

Невенот е билка која подмладува и со друго име лек за кожа и рани. Завзема завидно место меѓу домашните лековити билки. Расне од 30-60цм висина. Цветовите се од жолта до портокалово-жолта боја. Целото растение е со ситни влакненца, стеблото, цветовите и листовите се ароматични и лепливи на допир.

Постојат два вида на невен. Но и двата вида се подеднакво лековити. Се бере во лето и тоа само зрели цветови. Лековити се цветот, стеблото и листовите. Лимес во своите производи вградува екстракти од цветот на невенот. Цветот се бере исклучиво на сончево време, со оглед на тоа што тогаш лековитоста на билката е најголема. Цветовите потоа се носат во сушара за сушење. Екстрактот се добива од суви цветови кој понатаму се вградува во производите. Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки.

Содржи: 0,2-0,3% етерично масло во кое преовладуваат сесквитерпени, масла, каучук, смоли, шеќер, белковини, фитостероли, салицилна киселина, ензими. Се користи за надворешна но и за внатрешна употреба.

Делува како антифлогистик- лечи воспалителни процеси. Интерната употреба се засновува на антифлогистичкото дејство (лечење на воспалителни процеси) и спазмолитично дејство (го опушта тонусот на мазната мускулатура). Делува антиканцерогено кај болести како рак на кожа, материца и грло.

Невенот е бактерицидна билка и служи како антибиотик:

  • Делотворен е кај болести на вените
  • Го поттикнува потењето, го зголемува лачењето на мокрача, смирува грчеви
  • Добар е за зајакнување на имунолошкиот систем
  • Рани кои тешко зараснуваат, за смирување на воспаленија
  • Кај гнојни рани и исеченици
  • Помага во лечење на псоријаза, кај чиреви, измрзнатини, изгоретини, габични заболувања, херпеси, дамки на кожата, старечки пеги, брадавици.

Полезен е за лица кои имаат проблеми со:

  • Циркулација
  • Црвенило на кожата на лицето
  • Измрзнатини
  • Ревматизам
  • Изгоретини
  • Шинување и повреди
  • Дерматизам
  • Стрии, лузни

Занимливости: Доколку ливчињата на невенот во 7 часот наутро се сеуште затворени се знаело дека тој ден ќе врне дожд, поради тоа невенот се сметал како претскажувач на дожд.

marigold, neven