- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:16/07/2019
- Post Category:Козметика / Колекција РОСА / Коса / Мелеми / Нега
- Post Comments:0 Comments
СОСТАВ:
Содржи екстракти на: цвет од невен, камилица, дрво ариш, зелен чај, плод на чичак (магарешки трн), лист од коприва; Д–пантенол, алантоин, хијалуронска киселина, глицин, цинк.
Глукозидите од екстрактот на ариш и зелениот чај ги активираат матичните ќелии на фоликулите да создаваат влакна на косата и да ги отстранат слободните радикали кои доведуваат до губење на косата. Глицинот е протеин на косата кој како и кератинот го фаворизира растењето. Цинкот е важен кофактор, кој ги активира ензимите да создадат кератин кој ја чува и јакне структурата на косата.
Помошните биоактивни материи содржат во својот состав витамини и минерали кои се корисни за косата. Овие екстракти имаат лековито дејство на оштетената коса, го зајакнуваат коренот на влакното, спречуваат опаѓање на косата и поттикнуваат побрз раст на косата.
Производот е наменет за проблеми пропратени со потполно или делумно губење на косата. Наменет е како за мажи, така и за жени.
ДЕЈСТВО:
Косалим е комбинација на природни екстракти на лековити билки, кои имаат широк спектар на дејство на раст и зачувување на здрава, сјајна и цврста коса, и биоактивна супстванција која е клинички испитана во Швајцарија. Испитувањата и анализата на добиените резултати покажале дека доаѓа до зголемување на густината на косата, се поттикнува растење на косата, до 10.000 нови влакна и поттикнува обновување на кожата на главата.
Активните материи од биоактивните супстанци, клинички е докажано дека делуваат на растењето на до 10.000 нови влакна со видливи резултати после зачестена примена во тек на 84 дена (12 седмици).
Клинички докажано дејство на биоактивните супстанци:
- Растење на нови влакна, дури до 10.000
- Видливи резултати после 84 дена користење
- Намалување и успорување на опаѓањето на косата
- Зголемување на густината на косата
- Го подобрува растот на новата коса
- Го поттикнува обновувањето на коренот
- Ја зголемува дебелината на влакното
- Ја јакне косата
- Поздрав изглед на кожата на главата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Косалим се прска наутро или навечер и со блага масажа се втрива на кожата на главата. Постапката може да се повтори и повеќе пати на ден во зависност од потребата. Не е потребно да се плакни.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата