Колекција РОСА е составена од производи на база на билки, наменети за нега и хигиена на лице и тело, производи наменети за деца, за мажи и жени, од најмладите до најстарите. Купете за себе или за подарок, израдувајте некој, изненадете го, ќе добиете блескава насмевка за возврат.

Септемвриска понуда – 15% попуст на природна грижа

Концентрат за садови – 2,5 бода

Зошто да ги миеш садовите со силни хемикалии кога можеш со нежна моќ на билките?
Нашиот концентрат:

  • ✨ Темелно ги отстранува маснотиите
  • ✨ Го штити здравјето на твојата кожа
  • ✨ Има природна формула – без непотребни токсини

Резултат: чисти садови, меки раце и мирис кој потсетува на свежина, а не на лабораторија.

Castalim гел-мелем за вени – 4 бода

Замисли чувство на леснотија по долг ден – тоа е Castalim.

  • ✅ Содржи екстракт од див костен – природен антиинфламаторен агенс кој ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и го намалува отокот
  • ✅ Вклучува масло од нане – обезбедува пријатно ладење, ја подобрува циркулацијата и ги опушта мускулите
  • ✅ Екстрактот од босилек – богат со витамини и минерали, ја освежува и регенерира кожата
  • ✅ Природна формула без агресивни хемикалии – погодна за чувствителна кожа и секојдневна употреба
  • ✅ Лесна текстура со брза апсорпција – активните компоненти навлегуваат длабоко во кожата за максимален ефект

Резултат: полесен чекор, подобра удобност и природна поддршка за твоите вени.

Зошто билките се супериорни:

  • Билките делуваат синергиски, нудејќи целосна нега: намалување на болка, подобрување на циркулација и регенерација на кожата.
  • За разлика од комерцијалните производи кои често содржат синтетички состојки, CASTALIM гелот користи природни извори на флавоноиди, витамини и минерали.
  • Природните екстракти не само што третираат симптоми, туку и го поттикнуваат телото да се врати во баланс.

Овој производ е идеален за оние кои преферираат чиста, растителна формулација со видливи резултати и без компромис кон здравјето или естетиката на кожата.

Дополнителна придобивка за нашите регистрирани лојални клиенти

Со минимална нарачка од 8 бода добиваш уште 33% попуст.
Искористи ја оваа можност и придружи се на заедницата која избира природна грижа пред синтетички решенија.

Registriraj se   

  Limes Koncentrat za staklo

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ

Continue Reading Akcija septemvri

♻️ -15% ПОПУСТ на 4 еколошки фаворити од Limes – До 31.07!

Сезоната на свежина започнува со грижа од природата! Во оваа летна акција од Limes, добиваш -15% попуст на четири еколошки производи кои твоето тело, коса, лице и дом ги заслужуваат. Акцијата важи до 31.07 или додека не се потрошат!

✨ FLORAFIT Масло за масажа

Разбуди го телото после напорен ден. Природно и ароматично, ова масло со бршлен и етерично масло од портокал:
✅ Ја подобрува циркулацијата
✅ Помага при намалување на целулит

✅ Одлично за сензуална масажа за опуштање
✔️ Порачај го производот тука

✨ ROSA Шампон против првут

Строг кон првутот, нежен кон скалпот. Со еколошка формула која ја чува самодовербата и омилената црна маичка.
✅ Ефикасно го отстранува првутот
✅ Без иритации
✔️ Порачај го производот тука

✨ ROSA Тоник со камилица и невен

Смирувачки билен тоник кој отстранува шминка, чисти пори и ја балансира кожата:
✅ Помага против акни
✅ Идеален после стресни денови и бурни ноќи кога лицето бара дополнителна грижа
✔️ Порачај го производот тука

✨ SELEKTA Концентрат за теписи со босилек

Чистење флеки без хемикалии? Да, можно е. Билната формула со босилек и природен мирис е твојот нов херој за теписите:
✅ Флеки – решени
✅ Освежувачки мирис на босилек – останува
✔️ Порачај го производот тука

 

❤️ Искористи ја акцијата до 31.07!
Сите производи се достапни со -15% попуст додека трае залихата.

Природата те чека – подари на кожата, косата и домот она што го заслужуваат.

  Limes Koncentrat za staklo

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ

Continue Reading Акција

🔥 Кога акните се борат за доминација, а кожата ти вика „доволно беше“

Се избрич пред важен состанок – и после 20 минути, те пецка, кожата поцрвенува и изгледа како да си се бричел со ренде.
Се разбуди со три нови акни кои се борат за доминација – баш кога имаш интервју, свадба или она парче самодоверба ти виси на конец.

А рацете? Кај медицинските сестри и докторите – испукани од сто перења. Кај автомеханичарите – груби како шмиргла. Кај фризерите – иритирани од бои и хемикалии…

Семејната крема на Лимес не е козметика за декорација, не глуми луксуз, нема златно капаче, таа е паметна крема што знае да се снајде во секоја ситуација, ја разбира твојата кожа. Таа е практичен одговор кога кожата се буни – без разлика дали е лице, раце или петици. Смирува, штити и остава слој што не се пере со првиот млаз вода.

Одлична е за мали дечиња, но и за повозрасни лица, перфектна за вработени во амбуланти, болници, градинки, училишта, автосалони, фризерски салони, бјути центри, масажни салони, градинарски центри, но и за секојдневна нега кај тинејџери, подлога за шминка кај дами со стил, за секој момент од денот.

Кога кожата нема трпение – оваа крема има решение.

 

🌿 Сила од билки и глицерин

✳️ Невен – природен регенератор

Невенот е познат по својата антиинфламаторна и регенеративна моќ, што значи дека ја смирува надразнетата кожа, ја поттикнува нејзината обнова и ја ублажува иритацијата.

✳️ Босилек – природен антисептик

Босилекот има антибактериско и антисептичко дејство, што значи дека помага да се смири воспаление, спречи ширење на бактерии и поддржи заздравувањето.

✳️ Глицерин – хидратација што се чувствува

Глицеринот ја навлажнува кожата длабински и ја задржува влагата таму каде што треба. Затоа оваа крема не само што смирува, туку и омекнува, ја враќа флексибилноста и спречува дополнително сушење.

 

💚 За што се користи? – сè што некој испробал

🟢 Кај акни, воспалени бубулички, особено кај тинејџери – прво се мие со антибактерискиот течен сапун на Лимес, а потоа се нанесува семејна крема
🟢 Црвенило и иритации после бричење, депилација, шишање со машинка, мали микроповреди, ранички, посекотинки
🟢 Испукани раце, пети, лакти, особено кај лица што работат физичка работа, земјоделци, лица кои се изложени на хемикалии, наставници и воспитувачи кои користат креда, сунѓер, дезинфекција…
🟢 Црвенило и чешање кај деца, од потење или пелени (пеленски дерматит)
🟢 Кожа надразнета од заштитни маски, особено кај здравствени работници
🟢 Сува кожа кај медицински лица што постојано мијат раце и носат ракавици
🟢 По мали хируршки интервенции како отстранување на атероми, вадење папиломи, или после породување, како смирувачка и заштитна нега
🟢 Кај лежечки пациенти за превенција од декубити
🟢 Оштетена кожа од ладно, ветер или изложеност на сонце
🟢 По користење на сапуни што ја сушат кожа
🟢 Иритации од облека, градници, ластик или потење во превои
🟢 Реакции после користење средства за чистење (домаќинки, готвачи, хигиеничарки)
🟢 Кај почетни знаци на херпес на уста, и за побрзо заздравување ако веќе се појави
🟢 Кај изгореници од зејтин не остава плик и црвенило ако се нанесе веднаш
🟢 Кај автомеханичари, фризери и сите што користат агресивни средства
🟢 Го намалува отокот кај уморни нозе после цел ден стоењеи сите што користат агресивни средства
🟢 Го намалува црвенилото и чешањето после убод од комарец, полазано од некој друг инсект
🟢 Ублажува црвенило и иритацијата кај контактен дерматитис и блага егзема (мајасил), псоријаза, алергија на шминка или нешто друго, ижуркано од коприва
🟢 По вежбање, трчање или возење велосипед, на подрачја (пример препони) што се потат и трпат триење

🟢 Одлична е и за редовна нега на деца и возрасни со атописки дерматит

🗣️ Искусни корисници велат:

„Секој ден со маска и сапун. Рацете ми беа како пергамент. Кремава ми ја спаси кожата!“ – Калина, медицинска сестра од Скопје
🗣️ „На син ми акните му беа кошмар. Сега се мие со антибактерискиот течен сапун и ја мачка оваа крема – и кожата му се смири.“ – Маја, Нови Сад
🗣️ „Рацете ми беа ипукнани од уље и хемикалии – автомеханичар сум. Сега се мазни, просто не ми се верува, можам да ја погалам сопругата без да ја изгребам!“ – Ален од Црна Гора
🗣️ „Имав атером на препони. После чистење користев антибактериски течен сапун и семејна крема. Немаше воспаление, заздраве многу брзо.“ – Џемила од Белград
🗣️ „Баба ми лежи со денови. Почнаа црвени предекубитални регии да се прават, а со оваа крема сè се смири.“ – Ивана од Хрватска
🗣️ „Ќерка ми сега се учи да вози точаче на 2 тркала, паѓа често и си ги повредува колената и лактите, но тука е мелемската комбинација на Лимес, миеме со антибактериски течен сапун и мачкаме со семејна крема, и раните заздравуваат експресно.“ – Амина од Босна

🛒 Купи ја сега – директно, без чекање и со можност за попуст

🛍️ Нарачај ја тука 
Набавна цена достапна само за регистрирани Лимес корисници
🚚 Бесплатна достава за нарачки над 1800 денари само за регистрирани Лимес корисници

  Limes Koncentrat za staklo

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ

 
Continue Reading Семејна крема

🧼 Лимес Антибактериски течен сапун – Кога кожата те потсетува дека заслужува подобро

Не е магија. Не е лек – но е вистинска поддршка за подобрување и превенција при различни кожни состојби кај сите генерации, за кожа која само што се изгребала или пак веќе не знае како да се смири.

Антибактерискиот течен сапун на Лимес, со екстракт од босилек и без штетни хемикалии, е прва помош за секојдневни (и не толку секојдневни) кожни ситуации – кога нешто чеша, пецка, се воспалува или едноставно не изгледа како што треба.
Погоден за деца, тинејџери, спортисти, возрасни – и сите оние што сакаат чиста кожа без драматични приказни.

📌 За што се користи и како се применува:

🔵 Акни на лице и тело + Атероми (подкожни грутки)

Акни на тинејџерска но и на повозрасна кожа, на грб, на лице, пред менструација, после стрес, но и мали тврдокорни грутки на препони, под пазуви, што веќе неможеш да ги игнорираш.
Како се користи:

  • Миење со сапунот еднаш дневно

  • Потоа нанесување на Семејна крема Лимес
    ✔️ Смирување, чистење и природна нега

🔵 Миење лице со контактни леќи на очите

Да, сосема безбедно.
Како се користи:

  • Миење на лицето со сапунот – без вадење на леќите
    ✔️ Без пецкање, без иритација, со чувство на чистота

🔵 Габични инфекции на кожа (препони (tinea cruris), стапала (атлетско стапало) и слично)

Често после спорт, потење, долги денови во облека што „не дише“.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • Потоа нанесување на Семејна крема Лимес
    ✔️ Комбинација што смирува

🔵 Превенција од габични инфекции во интимната зона (надворешна нега)

Знаеш оние денови после базен, со мокар костим, премногу колачи, стрес, тренинг, циклус, па и нервози што не те пуштаат? Да, тогаш.
Како се користи:

  • Надворешно миење со сапунот, еднаш дневно
    ✔️Безбеден, природен и нежен начин за одржување на секојдневна интимната хигиена, со чувство на свежина и удобност

🔵 „Миризливи нозе“ кај тинејџери, спортисти и мажи

Ситуација кога дури и обувките „дишат со олеснување“.
Како се користи:

  • Нанесете го сапунот на суви стапала и меѓу прстите, оставете 10 минути, потоа исплакнете.

  • Потоа нанесување од Лимес мелем против потење на нозете
    ✔️ Не само што се спасуваат патиките туку се спасува и атмосферата – во станот и во бракот

🔵 Изгребаници, микроповреди, посекотини во кујна

После фудбал, пад од точак, или сецкање зеленчук без даска.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • Потоа нанесување на Семејна крема
    ✔️ Чистење, дезинфекција и побрзо закрепнување

🔵 Рани по породување, царски рез, хируршки интервенции и мини-инвазивни зафати (пример отстранување на папиломи, третман на враснати нокти и слично)

Кога треба нежен, но ефикасен начин за одржување на хигиената.
Како се користи:

  • Нежно миење со сапунот

  • По потреба нанесување на Семејна крема Лимес
    ✔️ Природна грижа, без хемија, без печење

🔵 Хемороиди

Кога седењето станува предизвик од повисок степен.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • Нанесување на Семејна крема Лимес

  • Завршница со Хемолим гел од Лимес
    ✔️ Трио кое ја смирува ситуацијата… и задникот

🔵 Алергии на кожата (црвенило, осип)

Непознат извор, но познато решение.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • По потреба – Семејна крема Лимес
    ✔️ Смирување без дразнење

🔵 Редовна хигиена после надворешни активности

По училиште, градинка, јавен превоз со автобус, игралишта или болници.
Како се користи:

  • Се мијат рацете со сапунот
    ✔️ Практична заштита со природна формула

✔️ За чисти раце и мирна глава

💬 Што велат од Балканот?

🗣 „Јелена од Нови Сад имаше постојани вагинални габични инфекции – и не можеше да престане да фаќа пози за да се почеша без да ја видат сите. Лимес ѝ го реши тоа!“
🗣 Реуф од Тузла кога ќе ги соблече чорапите… се евакуираме. Откако користи Лимес – можам и јас дома да дишам.“
🗣 „Малата Тара од Подгорица секој ден си доаѓа со нова „рана“ од игрите во двор или од возење точак. АБС Сапунот и Семејната крема се веќе дел од приборот за игра.“
🗣 „Биба од Скопје со месеци не излегуваше од дома поради акните – сега излегува, се шминка и прави видеа како да е beauty блогер!“

🎯 Не е аптека – ама помага. Не е хемија – ама делува.

👉🌸 Природно, ефикасно и со љубов направено
Антибактерискиот течен сапун Лимес е твојот секојдневен сојузник за чиста кожа, здравје и мирна совест. Затоа што кога кожата дише – и ти се чувствуваш подобро!

🔗 Погледни го тука и додај го во твојата рутина:
👉 Антибактериски течен сапун Лимес

Continue Reading Антибактериски течен сапун

Санитарен гел од Лимес – чистота која мириса на природа 🌿✨

Дали некогаш сте посакале да чистите темелно, а да не го „загушите“ домот со агресивни хемикалии? Да добиете беспрекорен сјај, свеж мирис и да се чувствувате безбедно – дури и вашите деца да можат да учествуваат во чистењето?

Со санитарниот гел од Лимес – сето тоа е можно. Овој неверојатен концентрат ја носи чистотата на сосема ново ниво. Чисти, заштитува, мириса на бор и босилек 🌱 и – најважно – безбеден е за целото семејство.

Босилекот во составот не е само за мирис. Тој е природен борец против бактерии и габи, делува смирувачки и остава пријатна, природна свежина која трае – а мирисот не е нападен, туку топол и ненаметлив, како прошетка низ градина. Природен, освежителен мирис кој ги неутрализира непријатните ароми.🌱 Без агресивни хемикалии, без лоши мириси – само чист, здрав дом. Со босилек, вашиот дом мириса како природна градина, а не како хемиска лабораторија🌸

Овој гел не е обично средство за чистење. Тој е вашиот тих, но моќен сојузник против каменецот, нечистотијата и бактериите, додека истовремено го зачувува сјајот и свежината на секоја површина што ја допира.

Замислете да влезете во својот дом и да ве пречека свеж мирис на бор 🌲и босилек, наместо силна иритирачка хемија што ве „пресекува“ на првиот здив.
👉Со санитарниот гел од Лимес, тоа не е само замисла – тоа е секојдневие. 💚

🚿 Ова не е само обичен санитарен гел. Ова е мултифункционален херој кој го менува вашето искуство со чистењето! 🙌💧

 

🌟 Што го прави Санитарниот гел од Лимес толку посебен? ❤️

✅ Ја спречува појавата на каменец и остатоци од сапуница
✅ Ги елиминира нечистотиите и остава висок сјај без гребнатини
✅ Создава заштитен слој на кој не се задржуваат вода и маснотии
✅ Може да се користи како освежувач на простории кога е растворен во вода 🌬️
Ги одбива мравките и комарцитеприроден репелент за инсекти 🐜🦟
✅ Безбеден е за употреба од деца – дури и кога тие чистат со него 🙌
✅ Може да се користи превентивно против вошки кај деца – без агресивни шампони
✅ Се користи против крлежи и други штетници кај миленичињата

✅Го неутрализира дејството на габите и бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис на нозете

✅Може да се користи во џогерот со прскалка, за бришење подови

✅Ги прихранува билките, а истовремено делува на штетниците без да ги оштети билките (цвеќиња, овошни и зеленчукови градини)

 

И сето ова – без агресивна хемија! 🙌

 

Малку познати, но корисни трикови 👇


✔️ Можете да отстраните флеки од боја и крв од гардероба или од душек
✔️ Може да ги бришете вратите, кваките, паркетите, пластичните гарнитури за двор

✔️ Може да го користите во машина за перење бела облека, заедно до концентратот за перење, крајниот резултат е блескаво бела гардероба, долна облека, чорапи

✔️Ако се нанесе на лавабо, посебно црно гранитно, остава заштитен слој и подолго време не се таложи бигор

✔️ Откако ќе се исчисти убаво туш кабината, на крај нанесете Санитарен гел за подолго време да не фаќа бигор

 

🧽Како луѓето го користат санитарниот гел? 📢 Искуства од Балканот📣

🔹 Јасна од Скопје:
„Го ставив гелот во прскалка со вода и освежив цела просторија. Мирисот е како прошетка низ борова шума – трае со часови.“

🔹 Аделина од Ниш:
„Со санитарниот гел ја спасив косата на ќерката од вошки. Ја измив, па неколку дена прскав со разреден раствор – резултатот е одличен!“

🔹 Марија од Белград:
„Мравките што секоја пролет ми влегуваат во кујна – исчезнаа. Само накапувам неколку капки санитарен и готово.“

🔹 Владо од Тетово:
„Моите деца обожаваат да ми помагаат во чистење. Со разредениот санитарен, без страв им давам да чистат – не им ја иритира кожата, а подот блеска.“

🔹 Ивана од Битола:
„Го ставив во прскалка и го користам против комарци. Чист, ароматичен дом и комарците бегаат – што повеќе да барам?“

🔹 Елена од Подгорица:
„Пробав да ги избелам старите завеси и чорапи – се изненадив, светнаа!“

🔹 Милица од Нови Сад:
“Во Rovus џогерот го ставив гелот разреден со вода и подовите светкаат, без дамки и без лепење!”

🔹 Дарко од Тетово:
“Санитарниот гел, миленичињата ми ги ослободи од болви и крлежи. Сега знам што користам и дека е безбедно.”🐾

🔹Лејла од Босна раскажува:
“Нозете на мојот син секогаш лошо мирисаа, но откако го открив санитар гелот, се врати насмевката на лицето на неговата девојка” 👣

Зошто овој гел, а не некој друг? 🛒

💎 Затоа што не е важно само да се чисти – важно е и што внесувате во својот дом.
✨ Без агресивна хемија
✨ Се користи за повеќе од 10 различни намени
✨ Ефикасно дезинфицира и штити
✨ Пријатен, природен мирис на бор и босилек
✨ Прилагодлив за домаќинството, гардеробата, миленичињата, па дури и цвеќињата! 🌸

Додека другите средства агресивно ги напаѓаат површините, Санитарниот гел од Лимес работи паметно и нежно, штити и остава траен ефект.

🛒 Ако сакате средство кое навистина функционира – изберете докажано квалитетно решение, изберете чистота што мириса на природа. Изберете еден производ со кој заменувате неколку скапи средства од маркетот, и тоа со природна моќ.🌿

Сјај, заштита и природна свежина – сѐ во едно ✨

🌟 Придружете се на стотиците задоволни корисници од целиот Балкан!
👉 Време е да изберете производ кој работи за вас – изберете Лимес.

Санитарен гел од Лимес – моќен сојузник за блескава чистота и природна свежина 🌿✨

 

Санитарен гел од Лимес – природна свежина, ефикасна заштита и безбедност за целото семејство

 

Откријте го мултифункционалниот Лимес Санитарен Гел – без хемикалии, природен, ефикасен и со свеж мирис на босилек.

Continue Reading Санитарен гел зошто и затоа

Во морето производи за чистење што содржат груби хемикалии, Пастата за домаќинство на Лимес се истакнува со својата еколошка, ефикасна и повеќенаменска формула. Овој биоразградлив производ обезбедува длабинско чистење, ги отстранува бигорот и ‘рѓата, притоа не ги оштетува третираните површини.

Што ја прави толку посебна?

За разлика од агресивните хемикалии како Domestos и другите индустриски средства за чистење, нашата паста не содржи штетни состојки, не предизвикува иритација и е сосема безбедна за вашето семејство, деца и домашни миленици!

Повеќенаменска употреба во домаќинството

 

✔ Кујна

  • Ефикасно ги чисти тавите, тенџерињата и послужавниците од загорените остатоци од храна и маснотии
  • Го враќа сјајот на кујнските елементи и пластичните површини

  • Одлично средство за чистење на рерните и шпоретите – едноставно нанесете ја пастата, загрејте ја рерната на 50°C, почекајте еден час и избришете

  • Ги отстранува наслагите од маснотии од аспираторот

  • Ги отстранува бигорот и наслагите од вашиот електричен кафемат, гезве или бокал со вода – само додадете лажичка паста и зовријте вода

  •  

Купатило

  • Длабоко ги отстранува бигорот, ‘рѓата и наслагите од сапун, ги чисти тоалетите, мијалниците, тушевите и плочките 

  • Посебно е ефикасен за чистење на фугите меѓу плочките, враќање на нивната чистота

  • Ги остава површините хигиенски чисти, сјајни и освежени

✔ Метални предмети

  • Сребрен и златен накит

  • Прибор за јадење 

  • Го враќа сјајот на металните украси без никакви оштетувања

  • Ефикасно ги отстранува темните дамки и оксидацијата од металот

✔ Машини за перење садови и облека

  • Додадете мала лажица од пастата во машината за миење садови за да ги отстраните тврдокорните наслаги од вашите садови

  • Во машината за перење, пастата помага да се отстранат дамките и маснотиите во комбинација со Лимес Универзалниот концентрат, и ја враќа облеката во блескавата белина

  • Ги чисти бигорот од вашата машина за перење со додавање мала лажичка во прашокот за перење
  • Извријте бела облека со една кафена лажичка паста и ќе видите неверојатна разлика

✔ Чистење на мебел и пластика

  • Одлично чисти пластични маси и столици, ги отстранува дамките и нечистотијата

  • Сигурна за дрвени и пластични површини во ентериерот и екстериерот

✔ Лична нега и убавина ✨

  • За миење раце, посебно кај професии како автомеханичари и мајстори – ефикасно ги отстранува нечистотиите од масло и тврдокорни нечистотии

  • За пилинг на кожата – пастата нежно ги отстранува мртвите клетки од лицето, телото, рацете, лактите, стапалата, петите, оставајќи ја кожата мека и свежа 

  • Како маска за лице – нанесете на влажно лице, оставете да отстои 5 минути и исплакнете, а потоа нанесете Семејна крема на Лимес за дополнителна хидратација

  • Третирање на жуљеви – пастата помага во брзо сушење и регенерација на кожата

  • За заби и протези – мала количина од пастата може да се користи за полирање на забите 1 месечно, како и за чистење протези и вештачки вилици 

✔ Прва помош и нега

  • Изгореници од масло, пегла или врела вода – прво оладете го местото со ладна вода, а потоа нанесете од пастата за домаќинство и оставете да отстои 30 минути за да се намали болката и да се спречи појавата на пликови

✔ Природна нега на билките

  • Додајте 1 лажица од пастата во литар вода и полевајте ги цвеќињата 1 неделно – билките ќе бидат поцврсти, здрави и бујни

Зошто да ја одберете токму Лимес Пастата за домаќинство?

Еколошка формула – биоразградлива, сигурна за природата и без штетни хемикалии 
Економична и долготрајна – мала количина од пастата дава неверојатни резултати 
Не остава гребаници и талог – нежно но моќно ги чисти сите површини 
Безбедна за рацете – мајки, може да чистите без ракавици бидејќи не ја суши и иритира кожата

 

Искуства на корисници- докажано делува!

“Пастата ја користам за се – од рерна до накит! Навистина е неверојатно колку е моќна, но сепак не ми ги оштетува рацете.“ – Марија, 35 години

“Додавам лажичка паста во машината за перење и мојата облека никогаш не била побела. Топло ја препорачувам!” – Ивана, 42 години

“Ја пробав како пилинг за стапала и лице – мојата кожа никогаш не била помека! Воодушевена сум!“ – Јелена, 29 години

Погледнете едно искуство

 

Откријте ја моќта на природното чистење!

Не дозволувајте тврдоглавите дамки и нечистотија да ве мачат – нарачајте ја вашата домашна паста денес и искусете ја нејзината моќ!

Кликнете овде и нарачајте веднаш!✨

Continue Reading Паста за домаќинство

9312 Пилинг крема, 100 мл

Ќелиите на кожата редовно се обновуваат: нашата кожа е потполно нова на секои 28 дена! Пилингот не само што ги отстранува мртвите ќелии на кожата, туку во исто време ја поттикнува циркулацијата. По пилингот кожата подобро ги впива производите за нега со што тенот станува поблескав и сјаен.

Пилинг кремата е наменета за сите типови на кожа. Посебно се препорачува за нега на сува, рапава и испукана кожа.

СОСТАВ:

Пилинг кремата во својот состав содржи висока концентрација на екстракт на камилица, какао путер, рицинусово масло и мелени лушпи од семки од кајсија

Благите, нежни и исклучително ефикасни, мелени лушпи од семки од кајсија ги отстрануваат изумрените ќелии од површината на кожата поттикнуваат обновување на кожата, ја враќаат свежината на кожата и ја оставаат чиста.

Екстрактот на камилица во својот состав содржи флавоноиди, кумарин и слуз кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и знаците на фотооштетување на кожата, ја подобруваат текстурата и еластичноста на кожата. Екстрактот на камилица ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Навлажнувајќи ја кожата помага во зачувување на нормална и здрава функција. Има и антиоксидативно влијание, па е корисен и во превенција од стареење на кожата. Го намалува црвенилото предизвикано од УВ зраците. Дејството на екстрактот е смирувачко, освежувачко, тонизирачко, ја поттикнува гранулацијата и епителизацијата на ткивата, го намалува чешањето. Своето смирувачко и антимикробно својство во најголема мера го должи на бисаболол, хамазулен и флавоноидите.

Какао путерот ја штити кожата, го успорува губењето на водата, формирајќи бариерна заштитна обвивка. Создава заштитен филм на кожата, давајќи и мазност. Спречува сушење на кожата.

Рицинусовото масло на кожата остава чувство на мекост и мазност.

ДЕЈСТВО:

1. Ги отстранува мртвите ќелии на кожата

2. Ја поттикнува циркулацијата

3. Ја смирува кожата

4. Хидрира

5. Го регулира себумот

6. И дава сјај на кожата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Нанесете ја пилинг кремата на чиста и сува кожа на лицето. Со благи кружни движења втријте ја кремата на кожата на лицето. Оставете кожата да ја впие кремата, а вишокот од лушпите од семки од кајсија отстранете ги по неколку минути. Пилинг кремата може да се употребува еднаш до два пати неделно.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.


Continue Reading Пилинг крема

9630 Органски шампон Санус, 200 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на невен, коприва и масло од пченични никулци. БЕЗ СУЛФАТИ, СИЛИКОНИ И ПАРАБЕНИ. Потполно природен шампон кој ви овозможува правилно да ја негувате косата и да го вратите изгубениот сјаји виталност. Содржи благи површински активни материи кои не се агресивни за кожата на главата, не ја сушат косата и не ја отстрануваат фарбата.

Невен – благодарение на антибактериското и антивоспалително дејство, маслото на невен го забрзува зараснувањето и обновувањето на кожата. Ја зајакнува косата и го поттикнува нејзиното растење.

Коприва – многу ја употребуваат и за нега на сува кожа и коса. Богата е со витамини (Б -комплекс, Е, Ц и Д), антиоксиданси, минерали (цинк, железо, магнезиум, селен), нутритиенти. Најпознатата употреба и е за подобрување на проблемите со опаѓање на косата, зајакнување на косата, првут, чешање. Силициумот и железото од листот на копривата исто така ја спречуваат појавата на бели влакна и го подобруваат растењето на косата.

Масло од пченични никулци – изобилува со разни минерали и витамини. Маслото од пченични ркулци содржи големи количини на витамин А, Б комплекс витамини, витамин Д, витамин Е дури 7 пати повеќе од другите масла и многу реткиот витамин К. Поради богатиот витамински состав, спречува кршење и сушење на косата со што овозможува здрав изглед, сјај и мазност. Маслото од пченични никулци ја регулира природната ПХ вредност на косата, при тоа штитејќи го влакното од габични и бактериски инфекции. Освен тоа, маслото од пченични никулци ги хидратизира испуканите врвови на косата кои се чест проблем кај жените.

ДЕЈСТВО:

Се употребува за миење на косата, и дава сјај, ја негува и хидрира. Одличен е за регенерација на сува и оштетена коса. Го зајакнува коренот на влакното и ја негува чувствителната кожа на главата. Има благ кондиционирачки ефект.

  • Ја зајакнува и обновува косата
  • Спречува пукање на влакното
  • Ефикасно го негува коренот, целото влакно и врвовите

Посебно се препорачува на лица кои имаат слабо влакно, коса која долго време е третирана со фарба, оштетена, или на оние кои се склони кон алергиски реакции.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Добро навлажнете ја косата. На тој начин природниот шампон подобро ќе се распореди по косата и ќе ја одработи својата работа. Исплакнете ја косата темелно. Ве советуваме шампонот без сулфати да го употребувате најмалку 4 недели. Дури потоа може да го видите волшепството на природниот шампон за коса.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.


Continue Reading Органски шампон Санус

9216 Гел за коса, 250 мл

СОСТАВ:

Содржи коприва, алкохол, глицерин, д-пантенол, карбомер, поливинил пиролидон.

Поливинил пиролидон во својот молекул има голем број на амино групи кои овозможуваат гелот да се врзе за влакното (за кератинот) и помага да биде заштитено од негативните надворешни влијанија.

Карбомерот со водената фаза има за задача да остане на косата и по нејзиното сушење, што дава влажност, еластичност, цврстина и волумен на влакното.

Алкохолот овозможува брзо сушење на косата, а заедно со глицеринот овозможува  екстрактот на коприва и Д-пантенол, полесно да навлегуваат во влакното, со што се забрзува циркулацијата и побрз развој на ќелиите, а со самото тоа и раст на косата.

Копривата има моќ да навлегува низ целата кожа, го регулира себумот на косата, делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), го одржува влакното здраво.

ДЕЈСТВО:

Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура. Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Гелот се нанесува на влажна коса пред формирање на фризура. По нанесувањето на косата и дава сјај, здрав, природен изглед и сакан облик на фризурата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Гел за коса

9110 Интензивен балзам плус, 250 мл (Кондиционер со протеин)

СОСТАВ:

Балзамот покрај протеини содржи Д-пантенол кој е провитамин Б5. На косата и дава еластичност и ја чува од сушење. Д- пантенолот ја регенерира косата која е во фаза на „цветање“, ја подобрува состојбата на оштетената коса. Го олеснува чешлањето, ја поттикнува регенерацијата на кожата на главата, и дава еластичност и мекост.

ДЕЈСТВО:

Балзамот има тројно дејство за регенерација на косата: има моментално дејство на кондиционирање на косата и ја одржува нејзината природна влажност.  Со употреба на балзамот косата станува лелеава, сјајна, мека и лесно се обликува. Ја регулира pH вредноста. Благодарение на присуството на протеините ја регенерира и зајакнува структурата на здравата и оштетената коса.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува по секое миење на косата, белење, трајна ондулација и бојадисување. По миење на косата се нанесува балзам, се расчешлува косата и се остава да делува 1 минута. Потоа косата се плакне со млака вода и фризурата се обликува на вообичаен начин.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Интензивен балзам плус – кондиционер со протеин