- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:12/07/2019
- Post Category:Жени / Козметика / Колекција РОСА / Мажи / Мирисна колекција / Нега / Тело / Хигиена на телото
- Post Comments:0 Comments
СОСТАВ:
Содржи екстракт на босилек и невен при што многу делотворно делува на кожата. Ароматичната сол за капење со додаток на екстракти на лековити билки, се состои од растворливи соли кои имаат смирувачки ефект и дезинфекционо дејство.
ДЕЈСТВО:
Мешавина од најквалитетни ноти која ја освежува кожата и целото тело, спречува сушење и ја чисти кожата. Има терапевтско дејство бидејќи помага при несоница, главоболка и воспаление на мускулите. Екстрактите на лековитите билки полесно продираат во чиста кожа.
Така водата со активните компоненти од билките, побрзо доаѓа до ќелиите и благодарение на осмозата навлегува до нив.
Сето тоа доведува до брза регенерација на ќелиите, а со самото тоа кожата станува мазна, свежа и здрава.
Во целост ослободува од умор и стрес, на кожата и се враќа нежноста. По капење на кожата остава пријатен мирис.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се става 1 – 2 лажици во када наполнета со топла вода, или пак во легенче со топла вода за да ги искиснете нозете.
ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:
- Ја омекнува кожата на нозете па полесно се прави и педикир, потребно е само мало протрлување со погруб пешкир или со турпија и помалите жуљеви лесно се отстрануваат, а потврдокорните со почеста употреба на солта омекнуваат и полесно се вадат. А петите стануваат меки и нежни, потоа се негуваат со петалим.
- се користи за релаксација на уморни и отечени нозе после напорен ден.
- Може да се стави во мали садови на шанк или маса за ароматерапија и сузбивање на лоша миризба
- во мрежести кесички може да се стави меѓу алиштата за арома
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата