РОСА колекција за нега и хигиена на тело

Грижата за вашето тело е секојдневна активност која не треба да се запостави. Но ваш е изборот дали ќе се негувате со природни производи на база на билки, или пак со некоја искомерцијализирана козметика полна со хемиски состојки штетни за вашето здравје. Лимес ви нуди огромна палета производи на база на билки за нега на мажи, жени и деца кои се потполно безбедни, без агресивна хемија, со повеќе од 20 години позитивно искуство од задоволни клиенти низ цел Балкан и пошироко.

9201 Семејна крема, 150мл

Содржи екстракт од кантарион и невен, ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на екстракт од кантарион и невен и внимателно одбрани природни состојки, мелемски и козметички делува на кожата. Не се отстранува во целост во допир со вода. Прочитај повеќе…

9208 Крема за нега и заштита на раце 100мл

Содржи силиконско масло, витамински компоненти, екстракт на невен, коприва и глицерин, есенцјално масло од камилица, лилиал, цитронелол, стеаринска киселина, палмитинска киселина, арома на јасмин. Формулацијата на кремата е скоро немасна, при употреба лесно се впива во кожата при што доаѓа до нејзина хидратација, со истовремено создавање на тенок филм на кожата кој спречува губење на влагата. Прочитај повеќе…

9220 Нокталин 60мл

Крема за нокти, заноктици и раце за цврсти и убави нокти. Содржи сорбитол, исопропил миристате – подобрувач на кожата, стеаринска киселина, парафинско масло, Д-пантенол, екстракт од цвет од невен, токоферол ацетат – витамин Е. Кремата е наменета за секојдневна нега на рацете, одржување на здравјето на ноктите и подноктиците, како и за регенерација на оштетени, крути и меки нокти наклонети кон пукање и листање. Прочитај повеќе…

9310 Флора крема 225мл

Флора е крема за нега, ревитализација, релаксација и масажа на телото која содржи комбинација на растителни масла: невен, бадем и маслинки, и витамински комплекс. Збогатена е со Shea Butter и етерично масло од портокал. Погодна е за сува и чувствителна кожа. Ги ублажува симптомите на егземи, псоријаза и лузни, а има и антицелулитен ефект. Прочитај повеќе…

9309 Флорафит масло за масажа 200мл

Содржи масло од бршлен и етерско масло од порткал, витамин Е. Ги елиминира вишокот на течности и токсини и се бори против масни наслаги. Идеално решение против целулитот. Ја забрзува циркулацијата и метаболизмот. Ги смалува масните наслаги. Ја затега и зацврстува кожата. Одличен за сува кожа, псоријаза, егземи. Прочитај повеќе…

9207 Антицелулит крема гел 200мл

Антицелулит крема гел е врвен производ кој во себе содржи најквалитетни супстанции меѓу кои екстракт на бршлен, екстракт на див костен, витамин Е, јојоба. Оваа формула на база на билки, освежува, го намалува заморот на кожата, го намалува целулитот и го регулира вишокот на масни наслаги. Посебен ефект постигнува кај луѓе кои имаат проблеми со вени. Прочитај повеќе…

9112 Крема за после сончање – Лимес сан 200мл

Кремата Лимес Сан содржи екстракт од невен и убави миризливи ноти на лето, екопроизвод кој е идеален за нега на деца  и возрасни, за секој ден после изложеност на сонце. Освен невен содржи и D-Panthenyltriacetat , диглицерин, Bisabolol, кристали на ментол. Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност и еастичност. Прочитај повеќе…

9118 Млеко за лице и тело со Q 10 200мл

Врвно, повеќенаменско хидратантно млеко за нега на лице и тело. Исклучително блага и брзо впивачка текстура. Формулата на млекото со алантоин и екстракт на невен. Со редовна употреба на млекото за кожа, брчките ефикасно се намалуваат, а нивното враќање и создавање  на нови е спречено. Q10 ефикасно ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Прочитај повеќе…

9211 Млеко за тело со алое 200мл

Содржи екстракт на Алое и невен, витамини А и Е. Млекото ја храни кожата, моментално ја хидрира и и ги дава потребните витамини, минерали, амино киселини, ензими, сапонини, стероли, незаситени есенцијални масни киселини.. Прочитај повеќе…

9107 Течен сапун за лице и тело 500мл

Содржи екстракт на босилек, ајдучка трева, невен и глицерин. Ја негува кожата и ја дезинфицира. Делува антибактериски и антисептички, ја смирува кожата која е наклонета кон воспаленија, помага на епителизацијата, ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта, ја храни и хидрира кожата. Прочитај повеќе…

9108 Антибактериски течен сапун 250мл

Содржи екстракт на босилек, глицерин и октопирох. Антибактерискиот течен сапун претставува идеална комбинација на екстракт на босилек и активни компоненти кои делуваат на широк спектар на бактерии. Се употребува за секојдневно миење на раце, тело и интимна нега. Со комбинација на овој сапун и семејна крема добиваме лековити, мелемски ефекти. Прочитај повеќе…

9111 Ароматична био сол со невен и босилек 450гр

Ароматична сол за капење со додаток на екстракти на лековити билки, се состои од растворливи соли кои имаат смирувачки ефект и дезинфекционо дејство. Мешавина од најквалитетни ноти која ја освежува кожата и целото тело, спречува сушење и ја чисти кожата. Има терапевтско дејство бидејќи помага при несоница, главоболка и воспаление на мускулите, жуљеви. Прочитај повеќе…

9120 Леди купка со невен и алантоин 250мл

Кремаста формула со интензивен мирис која нежно ја чисти и ја омекнува кожата. Содржи активна материја алантоин и природен екстракт од цвет на невен кои благотворно делуваат на кожата. Присуството на благи компоненти доведува до освежување на кожата и и дава дополнителна хидратација и сјај. Кожата по третманот станува совршено чиста, миризлива и негувана. Купката е наменета за сите типови на кожа. Прочитај повеќе…

9121 Гентлемен со невен и алантоин 250мл

Содржи екстракт на невен и алантоин, хијалуронска киселина, и други активни материи кои делуваат на кожата и косата и по употребата стануваат совршено хидрирани, миризливи и негувани. Идеална комбинација за секојдневна употреба. Гелот за туширање 3 во 1 се употребува за миење на косата, на лицето и на целото тело. Прочитај повеќе…

9203 Галант крема 100мл

Безбојна крема, содржи ланолин, парафин, вазелин, мирис на јасмин, ги негува и ги штити сите предмети од природна и вештачка кожа. На кожата и дава исклучителен сјај и ја омекнува. Со кремата повремено може да се намачкаат петиците, лактите и на тој начин се спречува создавање на задебелувања, постоечките се отстрануваат, а петиците и лактите стануваат меки и еластични. Прочитај повеќе…