Колекција РОСА е составена од производи на база на билки, наменети за нега и хигиена на лице и тело, производи наменети за деца, за мажи и жени, од најмладите до најстарите. Купете за себе или за подарок, израдувајте некој, изненадете го, ќе добиете блескава насмевка за возврат.
Содржат специјална формула за заштита на фарбана коса , збогатени со витамин Е и средство за регенерација на оштетените краеви на косата.
ДЕЈСТВО:
Еколошко средство, ја храни, обновува и го зголемува сјајот на косата. Специјална формула на комбинација на силикон за нега и заштита на оштетени „расцветани“ краеви и сува коса.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Многу мала количина серум се става на прстите и се втрива на врвовите на косата. Може да се аплицира на сува или влажна коса.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Производ наменет за нега на косата, со билни екстракти на бреза и камилица, со природен мед и активни компоненти кои многу поволно влијаат на коренот на косата и заштита на влакното, давајќи и природен, лелеав и здрав изглед.
Екстрактот на бреза (Betulae Folium) делува антибактериски, негува и ја штити косата и кожата на главата.
Екстрактот на камилица (Chamomilla Matricaria) делува смирувачки и антибактериски.
ДЕЈСТВО:
Производот е наменет за нега на сите типови на коса. Посебно дејство има на сува, оштетена, фарбана коса, коса третирана со разни киселини, мини вал. Одличен за расчешлување на виткана коса дури и кај мали дечиња.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на сува или пак на влажна коса, се остава неколку минути да делува (во зависност од типот и степенот на оштетување на косата), а потоа се плакни со вода. Во комбинација со шампонот против првут, го запира опаѓањето на косата и го подобрува нејзиниот раст. После миење на косата, може да се втрие во коренот на косата и да се остави да одстои, што ќе делува до следното миење на косата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи октопирокс, екстракт на невен и кантарион, глицерин. Во комбинација со екстракти на лековити билки и активните компоненти, интензивно се отстранува првутот. pH е неутрален.
Октопироксот е лек кој продира низ целата кожа. Тоа е силен антисептик и го отстранува првутот. Неговата јачина ја регулираат екстрактите на невен и кантарион. Со оглед на тоа дека е антисептик, ги отстранува микроорганизмите и го намалува чешањето.
Кантарионот (hypericum perforatum) е богат со етерични масла. Има антисептичко дејство, ја подобрува циркулацијата и овозможува побрзо размножување на клетките-ја регенерира кожата. Кантарионот е природен лек против првут.
Екстрактот на Невен (calendula officinalis) го подобрува растењето на косата така што продира во клеточната плазма.
Што е првут? Настанувањето на првутот го предизвикуваат габички кои живеат на нашата кожа во текот на целиот живот. Се препорачува косата секогаш да се мие по интензивна физичка работа бидејќи потта го надразнува влакното и придонесува до создавање на првут. Лесно создавање на првут е нормално и тоа се отстранува при миење на косата. Меѓутоа доколку првутот се појави во поголема мера, во тој случај се работи за заболување, се спречува растење на косата и доаѓа до оштетување на влакното. Кај посериозни проблеми доаѓа до црвенило и лупење на кожата. Во зависност од типот на косата постои сув и мрсен првут.
ДЕЈСТВО:
Интензивно го отстранува првутот
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се користи за секојдневно миење на косата и заштита од првут. Шампонот се втрива во коренот на намокрена коса (се масира коренот околу три минути), се плакни и повторно се нанесува шампонот, се масира и се остава да делува 3-5 минути, за активните компоненти да делуваат на клетките. Бидејќи ова е малку посилен од останатите Лимесови шампони, може да предизвика пецкање доколку продре во очите. Кога првутот ќе го снема, треба да се премине на некој друг, исклучиво билен шампон (на пример, благиот шампон за секој ден).
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва.
Копривата (urtica dioica) има благотворно дејство на коренот на косата и е една од најдобрите билки за нега на косата. Одлична е против опаѓање на косата и за јакнење на коренот на косата.Богата е со калциум, фосфор, железо, натриум , а содржи и витамини Ц, А, Б и К. Копривата продира до лојните жлезди, го ублажува нивното прекумерно лачење и го нормализира. Силициумовите соединенија спречуваат кршење на влакното и го зацврстуваат коренот на косата. Делува антиалергиски, антистресно, противвоспалително, ја подобрува циркулацијата.
Хмељот (humulus lupulus) е природен антиоксиданс, ја негува и ја храни косата и кожата, делува на површината на кожата. Активниот принцип го дава етеричното масло кое е составено од терпентински јаглеводороди и смола која во себе содржи кетони и феноли. Хмељот е антисептик, смирува и тонизира.
Брезата (betula alba) делува антибактериски, ја негува и ја штити кожата и косата, делува длабински, директно на жлездите. Содржи етерично масло, танин, витамин Ц, восок, трипертенски алкохол. Заедно со хмељот поволно влијаат на лојните жлезди, ја нормализираат нивната работа и спречуваат прекумерно лачење на масните материи.
Како доаѓа до проблем со мрсна коса? Мрсната коса ја предизвикува претераното лачење на лојните жлезди, како последица на стрес, лоша исхрана, гени, хормонско пореметување. Косата брзо се мрси и покрај редовно миење и го отежнува обликувањето на фризура. Изгледа неуредно и се раздвојува на прамени.
ДЕЈСТВО:
Ја намалува маснотијата
Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост
Косата станува мека и мазна
Се намалува бројот на миења
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува за миење на косата и за туширање. За најдобар ефект потребно е шампонот да се втрие во косата и кожата на главата и да се остави да делува неколку минути, а потоа да се исплакни со вода.
Препорака: Проблемот на умерено мрсна коса може да се коригира со правилна исхрана и нега, меѓутоа постојат и многу потешки облици на мрсна коса, па во такви случаи покрај поинаков начин на исхрана и вообичаена нега, се препорачува употреба на шампон за мрсна коса и балзам за да косата добие волумен.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Шампонот содржи екстракт на кантарион, невен и глицерин.
Кантарионот( hupericum perforatum) има силно бактерицидно и антивирусно дејство. Антисептик е. Го поттикнува лачењето на лојните жлезди. Ги лечи испуканите краеви на косата.
Екстрактот на невен (calendula officinalis) ја подобрува циркулацијата, ја храни кожата на главата и косата, а со самото тоа спречува нејзино сушење, пукање, кинење и цветање, на косата и дава мекост.
Како доаѓа до проблем со сува коса? Настанува обично кога лачењето на лојните жлезди е многу слабо – не лачат доволно масти па влакното на косата останува неподмачкано, неправилна исхрана, пореметување на хормоните. Сувата коса е без сјај, оштетена, кршлива и тенка, врвовите лесно се кршат и како таква таа е многу проблематична за нега и обликување на фризура. Влакното по структура е шупливо, меѓутоа кога ќе дојде до запушување и ќе се затвори дотокот на кислород, косата почнува да ,,цвета“, што во голем случај се јавува кај лица со сува коса.
ДЕЈСТВО:
Го намалува кршењето и ја регенерира косата
На косата и ја враќа потребната маснотија и влажност
Косата станува сјајна и лелеава
Кожата станува мека и мазна
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува за миење на косата и за туширање. Шампонот се втријува во косата и кожата на главата, се остава да делува неколку минути и се плакни со вода. Заради тоа што содржи екстракт на кантарион се препорачува на лица со оштетена и фарбана коса. Шампонот на база на екстракт на невен и кантарион ја регенерира сувата коса и и дава нормален изглед. Мазна, мека и лелеава коса и по фенирање.
Препорака: На лицата кои имат проблем со сува коса не се препорачува нагло сушење и избелување бидејќи тоа дополнително ја суши, треба да се избегнува изложување на сонце и морска вода, да се намали бројот на миење. За да биде косата здрава многу е важно да се води сметка за исхраната и да се внесува доволно витамини и минерали.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Липата ја смирува и омекнува кожата и косата, богата е со етерични масла, а копривата го зајакнува коренот на косата и спречува нејзино опаѓање.
Копривата (urtica dioica) е одлична против опаѓање на косата. Исклучително здрава билка богата со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, а содржи и витамини Ц, А, Б2,К, и каротин, магнезиум, манган, натриум, калиум, калциум, фосфор. Копривата има моќ да продира низ целата кожа, го регулира себумот. Делува антисептички. т. e спречува развој на микроорганизми. Ја подобрува циркулацијата и го одржува влакното здраво. Поради своите витамински вредности копривата се смета за изклучително здрав, полезен и пристaпен лек.
Липа(tilia cordata) лековит дел на билката е цветот со прицветните листови. Содржи железо, калциум, соли на манган, етерично масло, флавоноиди, сапонини, гликозид, танин, полисахарид, витамин Ц. Ја опушта и смирува кожата и влакното.
ДЕЈСТВО:
Го јакне коренот на косата
Ја омекнува кожата на главата и косата
Спречува опаѓање на косата
Дава волумен, сјај и лелеавост на косата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање. Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракти на: цвет од невен, камилица, дрво ариш, зелен чај, плод на чичак (магарешки трн), лист од коприва; Д–пантенол, алантоин, хијалуронска киселина, глицин, цинк.
Глукозидите од екстрактот на ариш и зелениот чај ги активираат матичните ќелии на фоликулите да создаваат влакна на косата и да ги отстранат слободните радикали кои доведуваат до губење на косата. Глицинот е протеин на косата кој како и кератинот го фаворизира растењето. Цинкот е важен кофактор, кој ги активира ензимите да создадат кератин кој ја чува и јакне структурата на косата.
Помошните биоактивни материи содржат во својот состав витамини и минерали кои се корисни за косата. Овие екстракти имаат лековито дејство на оштетената коса, го зајакнуваат коренот на влакното, спречуваат опаѓање на косата и поттикнуваат побрз раст на косата.
Производот е наменет за проблеми пропратени со потполно или делумно губење на косата. Наменет е како за мажи, така и за жени.
ДЕЈСТВО:
Косалим е комбинација на природни екстракти на лековити билки, кои имаат широк спектар на дејство на раст и зачувување на здрава, сјајна и цврста коса, и биоактивна супстванција која е клинички испитана во Швајцарија. Испитувањата и анализата на добиените резултати покажале дека доаѓа до зголемување на густината на косата, се поттикнува растење на косата, до 10.000 нови влакна и поттикнува обновување на кожата на главата.
Активните материи од биоактивните супстанци, клинички е докажано дека делуваат на растењето на до 10.000 нови влакна со видливи резултати после зачестена примена во тек на 84 дена (12 седмици).
Клинички докажано дејство на биоактивните супстанци:
Растење на нови влакна, дури до 10.000
Видливи резултати после 84 дена користење
Намалување и успорување на опаѓањето на косата
Зголемување на густината на косата
Го подобрува растот на новата коса
Го поттикнува обновувањето на коренот
Ја зголемува дебелината на влакното
Ја јакне косата
Поздрав изглед на кожата на главата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Косалим се прска наутро или навечер и со блага масажа се втрива на кожата на главата. Постапката може да се повтори и повеќе пати на ден во зависност од потребата. Не е потребно да се плакни.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Босилекот (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и спречува развој на микроорганизми.
Со витамините има задача да ја негува кожата додека специјалната формула на алуминиум, силициумова и борна киселина делува така што во мала мера го намалува потењето и во исто време ги убива бактериите.
ДЕЈСТВО:
На многу ефикасен начин се спречува размножување на бактерии и габички на површината на кожата на нозете.
На тој начин не доаѓа до разложување на потта што директно го елиминира непријатниот мирис на нозете. Мелемот не ја пореметува природната секреција на нозете туку го неутрализира непријатниот мирис, што и дава свежина на кожата на нозете. Мелемот го отстранува непријатниот мирис на нозете, односно нуспродуктите од неговото распаѓање.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
На претходно измиени нозе со антибактериски сапун се прска мелем против потење на нозе. За да се постигне очекуваниот ефект, постапката треба да се повторува 15 дена во континуитет. Се прави пауза од неколку дена, после што постапката се повторува.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Петалим кремата се базира на природно масло од цветови на невен и глицерин.
Присуството на екстрактот на невен (Calendula Officinalis) има функција како за омекнување на кожата, така и за поттикнување на циркулација на крвта. Невенот во комбинација со останатите состојки на ќелиите им овозможува добра исхрана што влијае на тоа да кожата на петиците и лактите стане затегната и мазна. Со самото тоа се спречува создавање на нови наслаги, задебелувања и пукање на кожата.
Глицеринот ја храни и хидрира кожата, овозможува на кожата полесно да ја впие кремата.
Парфемот во кремата ги дезодорира стапалата.
ДЕЈСТВО:
Петалим е крема за лечење и нега на испукана кожа на петици, стапала, лакти.. На кожата и ја враќа мекоста, еластичноста и ја прави мазна само за неколку дена нанесување на кремата. Конципирана е така што кремата делува на задебелениот дел на кожата, ја омекнува и овозможува полесно отстранување на задебелените ќелии. Откако е омекнат задебелениот дел и отстранети задебелените ќелии, кремата продира до здравата кожа.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Кремата се нанесува со втривање на чиста кожа на петици, лакти .. наутро и навечер.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата