9400 Косалим, 150 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракти на: цвет од невен, камилица, дрво ариш, зелен чај, плод на чичак (магарешки трн), лист од коприва; Д–пантенол, алантоин, хијалуронска киселина, глицин, цинк.

Глукозидите од екстрактот на ариш и зелениот чај ги активираат матичните ќелии на фоликулите да создаваат влакна на косата и да ги отстранат слободните радикали кои доведуваат до губење на косата. Глицинот е протеин на косата кој како и кератинот го фаворизира растењето. Цинкот е важен кофактор, кој ги активира ензимите да создадат кератин кој ја чува и јакне структурата на косата.

Помошните биоактивни материи содржат во својот состав витамини и минерали кои се корисни за косата. Овие екстракти имаат лековито дејство на оштетената коса, го зајакнуваат коренот на влакното, спречуваат опаѓање на косата и поттикнуваат побрз раст на косата.

Производот е наменет за проблеми пропратени со потполно или делумно губење на косата. Наменет е како за мажи, така и за жени.

ДЕЈСТВО:

Косалим е комбинација на природни екстракти на лековити билки, кои имаат широк спектар на дејство на раст и зачувување на здрава, сјајна и цврста коса, и биоактивна супстванција која е клинички испитана во Швајцарија. Испитувањата и анализата на добиените резултати покажале дека доаѓа до зголемување на густината на косата, се поттикнува растење на косата, до 10.000 нови влакна и поттикнува обновување на кожата на главата.

Активните материи од биоактивните супстанци, клинички е докажано дека делуваат на растењето на до 10.000 нови влакна со видливи резултати после зачестена примена во тек на 84 дена (12 седмици).

Клинички докажано дејство на биоактивните супстанци:

  • Растење на нови влакна, дури до 10.000
  • Видливи резултати после 84 дена користење
  • Намалување и успорување на опаѓањето на косата
  • Зголемување на густината на косата
  • Го подобрува растот на новата коса
  • Го поттикнува обновувањето на коренот
  • Ја зголемува дебелината на влакното
  • Ја јакне косата
  • Поздрав изглед на кожата на главата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Косалим се прска наутро или навечер и со блага масажа се втрива на кожата на главата. Постапката може да се повтори и повеќе пати на ден во зависност од потребата. Не е потребно да се плакни.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.


Continue Reading Косалим

9305 Лосион за после бричење „For mеn“ 135 мл

СОСТАВ:

Лосионот е направен од посебно одбрани суровини: етил алкохол, екстракт од коприва, борна киселина, алантион, кремафор.

Етил алкохолот ја дезинфицира кожата и спречува печење и воспаление на кожата со брзо испарување.

Иста, но природна функција има ментолот добиен со специјална екстракција од мента како и екстрактот од коприва.

Борната киселина ги неутрализира заостанатите честички од сапунот и на кожата и дава пририден pH од 6.5-7.

Алантионот ја забрзува регенерацијата на клетките, ги чисти ткивата и го забрзува создавањето на нови клетки.

Кремафор (ПЕГ-40 кастор масло – специјално рицинусово масло) на кожата и дава маснотија и ја штити од негативните надворешни влијанија. Го неутрализира дејството на алкохолот.

Екстрактот на коприва го подобрува имунитетот на кожата, ја смирува и делува против воспалително. На кожата и ја враќа потребната влажност.

ДЕЈСТВО:

Лосионот има антибактериски и дезинфекциони својства. Го корегира штетното влијание на бричењето, ја неутрализира алкохолноста која настанува по употреба на сапун и ја враќа маснотијата на лицето, со создавање на тенок слој на кожата.

  • Ја смирува кожата
  • Штити од воспаление и инфекции
  • Ја хидрира и негува кожата
  • Кожата добива здрав, негуван и кадифен изглед

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на лицето после бричење.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Лосион за после бричење „For mеn“

9218 Тоник за чистење на лице 200 мл
  • Ја отстранува прашината
  • Шминката
  • Вишокот на маснотии од порите

Што е тоник? Тоникот е лосион составен од воден раствор, хидросолубилно масло, навлажнувачко средство, антисептичко и картолитичко и мирисни материи. Самото име ,, Лотио ” значи чисти, што значи лосион за чистење на лице, служи за чистење и негување на кожата.

Зошто чистењето е неизоставен дел од негата? Атмосферското загадување, прашината, лачењето на маснотии и остатоци од шминка, доколку не се отстрануваат редовно, може да доведат до затворање на порите. На тој начин се создава бариера која мора да се отстрани за да може кожата непречено да диши а и да се овозможи дејството на кремата која се нанесува. Доколку кожата Ви е сува, груба и затегната, тоа значи дека на кожата постојат наслаги на суви мртви ќелии кои е потребно да се отстранат за кремите кои се нанесуваат на лицето, да делуваат на здрави ќелии.

Што добива кожата? По чистење со тоникот, кожата е потполно чиста, мека и свежа.

СОСТАВ:

Тоникот содржи  екстракт од цвет на невен, камилица и Д-пантенол.

Невен (Calendula officinalis) Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки. Невенот ја чисти, ја стега, ја зголемува циркулацијата и поттикнува раст на ново ткиво, ги отстранува отровите, ја смирува кожата.

Камилицата (Matricaria chamomilla) лековити делови се цветот и листот. Помага во отстранување на неправилности на кожата на лицето. Опушта и дезинфицира. Покажува аналгетско, бактерицидно и антифлогистичко дејство (ги лечи воспалителните процеси). Камилицата благотворно делува кај проблеми со акни, алергии, рани кои се инфицирани, кај изгоретини и пликови.

Хидрогенизираното рицинусово масло ја подмачкува, ја чисти кожата, го доведува себумот во оптимални граници, што спречува нејзино сушење и лупење.

Д-пантенолот  е добар навлажнувач. Во допир со кожата, создава провитамин Б-5, кој е неопходен за добра хидратација на кожата. Исклучително делува на воспалена кожа.

ДЕЈСТВО:

Кога кожата е чиста на неа делуваат активните принципи од екстрактите на невен и камилица, продираат подлабоко во нејзините слоеви, ја хранат и ја подготвуваат за брза апсорпција на био и хранливите материи од кремата која се нанесува. Кожата по употреба на овој тоник може да остане и без крема бидејќи е нахранета, негувана и чиста.

  • Длабински ја чисти, негува и храни кожата,
  • Има антисептичко и антифлогистичко дејство
  • Ги отстранува изумрените клетки на кожата
  • Ја негува третираната површина без иритација
  • Ја чува кожата од негативни надворешни влијанија
  • Хидратизира и освежува
  • Го подготвува лицето за нанесување на крема

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на лицето со памукче, два пати дневно, најдобро е навечер и наутро, за да  се отстранат нечистотиите. Наутро е важно да се отстранат штетните материи кои кожата ги излачува во текот на ноќта. Вечерното чистење е уште поважно затоа што кожата треба да се исчисти од трагите на шминка и сите нечистотии кои во текот на денот се наталожиле на лицето. Со масирање се втрива во кожата, започнувајќи од вратот, околу брадата, устата, носот, потоа нагоре кон образите и челото. Водата ја омекнува нечистотијата, салицилната киселина ги одвојува изумрените ќелии од површината на кожата и со лесни движења се отстранува заедно со нечистотијата од лицето. Најдобар ефект се постигнува доколку после добро исчистеното лице се нанесе природна крема со благо втривање што прави активните принципи од кремата веднаш да делуваат на кожата.

Одговара на сите типови на кожа, посебно на чувствителна, оштетена и сува кожа, бидејќи содржи екстракт на камилица.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Тоник за чистење на лице